fbpx

Грижи се машки – Вклучување на мажите во превенција на родовото насилство

-

Во присуство на домашни и странски говорници, вчера 9 декември, се дискутираше за советувањето и работата со сторители на родово базирано насилство, аспектот на превенција на родово базираното насилство и поголемо вклучување на мажите во борбата против оваа појава. Конференцијата во организација на Реактор – истражување во акција и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација насловена „Грижи се машки – Од свесност до вклученост: Вклучување на мажите во превенција на родово насилство и работа со сторители со фокус на безбедноста на жртвата“ отвори еден до сега малку дискутиран аспект поврзан со родово базираното насилство.

„Ниските плати, лошите работни услови, немањето соодветен избор за достоинствена работа, недовербата и неизвесноста кои се провејуваат во секоја сфера од нашето живеење се само дел од причините што создаваат негативни чувства, кои потоа во нашата немоќ можеме да ги проектираме на другите или да ги канализираме во негативни однесувања, а нефункционирањето на системот, дополнително ги засилува овие практики и создава уште поголеми јазови и неправди и различни форми на насилство. Токму затоа е мошне важно да имаме соодветни механизми за дијалог, можности за советување на жените и мажите и за надминување на овие појави и превенција на истите“, рече Тања Иванова од Реактор – Истражување во акција.

Зборувајќи за можните причинители, таа ја нагласи важноста од постоење на алатки за превенција на родово базирано насилство. Бојан Јовановски од ХЕРА истакна дека машката грижа и натаму е прилично стигматизирана тема во општеството – малку се разговара и многу малку чекори се преземаат за да се вклучат мажите во превенцијата на насилството, независно дали станува збор за услуги преку кои треба да им се даде поддршка за да се прекине кругот на насилството во семејството или во промоцијата на придобивките што ги носи родовата еднаквост.

„На долг рок, најдобар начин да се елиминира насилството во едно општество е да се инвестира во превенцијата на насилството и најоптимално е тоа да се случува уште во образованието, во самите училишни клупи“, додаде тој.

Според Јовановски новиот концепт за родово-сензитивно образование е почетен чекор кон постигнување на оваа цел. Излагањата на говорниците потврдија колку е важна превенцијата на насилството, која, за да биде успешна, мора да ги вклучи и мажите и момчињата затоа што и самите тие се засегнати од насилството, па така нивното вклучување треба да биде неразделлив дел од самите програми за превенција и заштита од насилството. Ова го потврдува и австриското искуство каде што мажите и момчињата се вклучени преку конкретни програми и активности во превенција на родово базирано насилство.

Во рамки на партнерскиот проект „Воспоставување на мулти-професионална превенција на родово засновано насилство, работа со сторители преку пристап фокусиран на безбедноста на жртвата и советување на мажите во Северна Македонија“, Реактор и ХЕРА ќе работат токму на оваа тема, обидувајќи се да обезбедат податоци за состојбите во Северна Македонија, а потоа врз основа на истите, ќе работат на воспоставување на сервиси кои соодветно ќе ги адресираат потребите и ќе ја промовираат улогата на мажите и момчињата во превенција на родово базирано насилство.

Претставници од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука кои исто така беа присутни на конференцијата се обратија до присутните истакнувајќи ги нивните институционални напори и заложби на оваа тема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...