Во понеделник граѓански протест за луѓето кои живеат со ХИВ: „НЕ за штедење од здравјето на луѓето!!!“

-

Во понеделник, со почеток во 11 часот пред Владата на Република Македонија, здруженијата во склоп на Платформата за одржливост на услугите за превенција и поддршка во врска со ХИВ ќе одржат граѓански протест: „НЕ за штедење од здравјето на луѓето!!!“ за неодамнешната одлука на Владата да го намали за 40 отсто буџетот одвоен за лекување на ХИВ.

„Во изминативе 3 месеци се обидовме на секој можен начин институционално да го разрешиме ова прашање, но за жал не наидовме на навремено разбирање од страна на Министерството за здравство и Владата на РСМ кои не укажаа на никакво сензибилирано партнерство со граѓанските организации кои со декади работат во областа на унапредување и зачувување на јавното здравје и дека луѓето кои живеат со ХИВ“, се вели во соопштението за протестот.

Од организацијата велат дека потребата за искажување на револт е резултат на политиките на штедење и кратење финансиски средства од здравствени програми од страна на Владата на РСМ преку Министерството за здравство бидејќи, како што потенцираат, граѓаните кои се најзасегнати од ХИВ епидемијата се стигматизирани, маргинализирани и исклучени од јавното здравство.

Платформата ја сочинуваат Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје (организација на пациенти), ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување Скопје, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, Здружение ЕГАЛ Скопје, Здружение Доверба Скопје, Здружение СТАР-СТАР Скопје, Црвен крст на Република Северна Македонија, Опција – Охрид, Зона – Кавадарци, ХЕЛП – Гостивар, Младински Клуб – Штип, Избор – Струмица, ПУЛС – Куманово и Виа Вита – Битола.

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со поддршка од...

Деветмина загинаа во руски напад врз цивилен автобус во северна Украина

Девет лица денеска загинаа во напад на рускo беспилотно летало врз минибус со цивили во северниот украински регион Суми, соопшти локалната воена администрација, неколку часа откако Киев и Москва ги одржаа...

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со...