fbpx
Таг: Грција

таг: Грција

Варуфакис: Кризата во Грција може да заврши во јуни

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, изјави дека постои можност кризата во Грција да заврши во јуни. Варуфакис истакна дека е неопходно разбирање од ЕУ за подготвување мерки кои ќе почнат да се применуваат од 1 јуни годинава и кои треба да придонесат за влегување на нов капитал во Грција.

Мерките за штедење го зголемиле бројот на самоубиства во Грција

Мерките за штедење, кои ѝ беа воведени на Грција во 2011 година поради должничката криза, довеле до зголемување на степенот на самоубиства за една третина. Оваа студија денеска ја објавија група американски и грчки научници во британскиот медицински магазин „БМЈ Опен“. Тие ја следеле месечната статистика за бројот на самоубиства во Грција од 1983 година до 2012 година, поврзани...

Ципрас: Еврозоната без Грција или Кипар значи ампутација на Југоисточна Европа

Излегувањето на Грција од еврозоната би било „ампутација на Југоисточна Европа“, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас, додека неговата влада ја зајакнува дипломатската акција насочена кон склучување нов договор за грчкиот долг. Ципрас изјавата ја даде во Кипар, каде разговараше со претседателот Никос Анастасиадис, пред да отпатува за Рим, Париз и за Брисел, каде неделава ќе се обиде да добие...

Обама: Не треба да се врши притисок врз Грција

Американскиот претседател Барак Обама, говорејќи за кризата во Грција, изјави дека не може да се продолжи со вршење притисок врз една земја, чија економија е во депресија. - Не можеме да продолжиме да вршиме притисок на земја која е во депресија. Во еден момент е потребна стратегија за пораст за да може да се вратат долговите. Кога економијата е во слободен...

Хрватите тријат раце поради Ципрас

Хрватска годинава би можела да профитира за повеќе од седум милијарди евра благодарение на нестабилноста во конкурентните земји, пред сè, поради политичките промени во Грција, пишува американската агенција „Блумберг“. - Раните резервации за сезоната веќе пораснаа, а тоа може да биде поради перцепцијата на безбедносните прашања во земјите како што се Грција, Египет и Турција - изјави хрватскиот министер за туризам, Дарко Лоренчин. Американската...

Вонреден состанок на шефовите на дипломатија на ЕУ за нови санкции кон Русија

Министрите за надворешни работи на 28 земји-членки на ЕУ, денеска во Брисел ќе разговараат за заострување на санкциите кон Русија поради поддршката на официјална Москва за проруските сили во Украина. На вонредниот состанок, се очекува новиот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, да се спротистави на воведување нови казнени мерки против Русија, имајќи предвид дека Грција се дистанцираше...

Претседателот на Европскиот парламент на итна средба со Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Атина ќе се сретне со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, што е прва посета на претставник на ЕУ откако Грција доби нова влада. Покрај Шулц, кој беше првиот претставник од Брисел што му ја честиташе победата на Ципрас, во Атина доаѓа и претседателот на групата министри за финансии на еврозоната, Јерун Дејселблум. Во пресрет на...

Самарас не му оставил ни тоалетна хартија ни вифи-лозинка на Ципрас

Новиот премиер на Грција, Алексис Џипрас, синоќа при пристигнувањето во својата нова официјална резиденција се шокирал кога забележал дека администрацијата во заминување со себе ги зела компјутерите, документите, па дури и средствата за хигиена, пишува британскиот весник „Гардијан“. - Тие собрале сè. Ми требаше еден час за да најдам сапун - рече Ципрас. Традиционално, поразениот грчки премиер останува во резиденцијата до...

Политика на градење мостови, вети новиот шеф на грчката дипломатија

Евангелос Венизелос му ја предаде штафетата и Министерството за надворешни работи на новиот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. На процедурата на смена на министрите во министерството, Венизелос даде детален отчет за сработеното овие две години, спомнувајќи сосема кратко дека и НАТО и ЕУ ги прифатиле и ги признале грчките позиции околу спорот за името. - Што се однесува до...

Прв гаф: Ципрас бегал од часови по митологија!

Новоизбраниот грчки лидер Алексис Ципрас во својот победнички говор синоќа направи гаф, споменувајќи ја приказната за пророчицата Касандра од грчката митологија, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“. - Пријатели, новата грчка влада ќе им докаже на сите „касандри“ во светот дека грешат. Нема да има заемни деструктивни судири... Имаме одлична можност за нов почеток – рече Ципрас. Главниот проблем е во тоа...

Екстрадирана Жанета Баша, осудена за детска проституција

Министерството за внатрешни работи ја заврши екстрадицијата од Грција на 54-годишната Жанета Баша од Гостивар. Таа е спроведена во затворот „Идризово“ на издржување затворска казна во времетраење од 10 години. Таа се бараше преку Итерпол со меѓународна потерница, распишана по наредба на Основниот суд Гостивар, а беше лишена од слобода во Грција во септември минатата година, по што ѝ беше изречена...

Грчката ракометна федерација реагира за именувањето на Македонија во Катар

Реакциите за користењето на уставното име на Македонија на меѓународни спортски настани не изостанаа ни за Светското првенство во ракомет во Катар. Грчката ракометна федерација испрати писмо до Меѓународната ракометна федерација, во кое реагира за погрешно именување на Македонија на 24. Светско првенство за мажи во ракомет во Катар и бара да се коригира ваквото однесување на останатиот дел...

Шест милиони евра за реклами за партиите во Грција

Рекламната кампања за грчките избори ќе ја чини државата шест милиони евра. Министерството за внатрешни работи објави како ќе бидат поделени финансиите на секоја од партиите. Државата ќе плати шест милиони евра плус 250.000 евра за реклама на телевизиите и на сателитските канали кои се на претплата. Најголемиот дел од финансискиот колач за реклами ќе оди кај двете најголеми партии, Нова демократија и...

Грција по 25 јануари: Политичка или техничка влада?

Длабоката политичка поделеност во Грција создава страв и загриженост дека изборите на 25 јануари, наместо влада, може да донесат втор круг избори. Засега нема на повидок некаков договор за соработка меѓу политичките партии кои се во арената за парламентарните избори. Политичките аналитичари и политичарите во Грција го оценуваат ова сценарио како катастрофално и коментираат дека ќе се направи напор...

Од ПАСОК го опоменаа Самарас да не звучи како Златна зора

Од ПАСОК го опоменаа грчкиот премиер Андонис Самарас за ставови слични со Златна зора во врска со имиграциската политика на Нова демократија. Самарас вчера, при посетата на Еврос, место кое е на граница со Турција и од каде по воден пат влегуваат најмногу имигранти во Грција, поради што пред две години беше поставена посилна електрична жица, покажа строги, конзервативни...

Либиски авион бомбардира грчки танкер

Грчките власти соопштија дека непознат воен авион го бомбардирал грчкиот танкер во Либија и оти двајца членови на екипажот загинале, а двајца се повредени. Либија соопшти дека нивни авиони го бомбардирале танкерот бидејќи немал дозвола за влез во пристаништето и оти изгледал „сомнително“. Грчкото министерство за поморска трговија соопшти дека бродот „Арево“, кој плови под либериско знаме, вчера бил закотвен во...

Брисел ѝ порача на Атина: Членството во еврозоната е неотповикливо

Тензијата и во институциите и во поголемите престолнини на Европска Унија се зголемува како што се ближат изборите во Грција, каде главниот фаворит е Алексис Ципрас, предводникот на радикалната левица СИРИЗА. По информациите објавени викендов во германски „Шпигел“, според кој „Грција може да ја напушти еврозоната“ без тоа да предизивика поголеми тешкотии за еврото, во Европската комисија денеска се спушта топката. На...

Грчката берза потона по најавата на изборите

Грчката берза тоне по  најавата за предвремени избори на крајот на јануари. Берзанските акции паднаа за 11,15 отсто за само два часа откако грчкиот парламент не успеа да изгласа претседател на денешното гласање. Грчкиот економски весник „Имерисија“ јавува дека берзата успеала да ги намали штетите, да ги покрие загубите и да оди од пад од 11 на 7 отсто од...

Грција оди на парламентарни избори на 25 јануари

Грчкиот премиер Андонис Самарас најави избори на 25 jануари. Премиерот утре ќе оди кај претседателот Каролос Папуљас да поднесе оставка на владата и да побара итно распишување предвремени избори на 25 јануари. Моменти откако собранието не успеа да изгласа претседател, Самарас и првиот човек на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас, излегоа со изјави кои беа во стил на први изборни обраќања...

Грција оди на нови предвремени избори

Грчкото Собрание не изгласа претседател ниту во третиот финален круг за избор на претседател на државата. Грчките пратеници избраа предвремени избори наместо претседател и заменик за претседателот Каролос Папуљас. Во следните денови спикерот на грчкото собрание, Евангелос Меимаракис, по налог од актуелниот претседател Папуљас, ќе го распушти парламентот и ќе распише избори. Процедурално, избори треба да се одржат по 30...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...