петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: ГрадСкопје | 39 резултати

Град Скопје со 3 милиони денари помош за настраданите во земјотресот во Албанија

ноември 27, 2019

Советот на Град Скопје на денешната седница едногласно ја донесе одлуката за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Република Албанија. Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари (48.700 евра), информираат градските власти. – Во рамките на нашите технички можности уште во […]

Бројката на загинати од земјотресот во Албанија достигна 27, повредени над 650 лица

ноември 27, 2019

Најмалку 27 загинати и над 650 повредени лица е билансот од катастрофалниот земјотрес што вчера ја погоди Албанија, јавува Радио-телевизија Албанија. Во земјата денеска е прогласен Ден на жалост за жртвите во серијата земјотреси. Албанските медиуми во извештаите нагласуваат дека од урнатините се спасени 46 лица во спасувачката акција, за чие непречено одвивање неколку европски […]

Над 10 загинати во земјотресот во Албанија, силен потрес и во Босна и Херцеговина

ноември 26, 2019

Расте бројката на загинати и повредени лица во земјотресот во Албанија, а меѓународната заедница веќе ја испраќа првата помош за настраданите во природната катастрофа. Според последните информации на „Ал Џазира Балканс“, во земјотресот во Албанија загинале најмалку 10 лица. Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу изјави дека во болниците се регистрирани 600 повредени […]

Дрворедот на улицата „Максим Горки“ обновен со 18 јапонски цреши

ноември 18, 2019

По петочното сечење на исушените дрвја, Градот Скопје денеска засади нов дрворед од 18 висококвалитетни повеќегодишни садници од видот јапонска цреша на улицата „Максим Горки“. Дрвјата се донација од вработените во локалната канцеларија на Европската банка за обнова и развој во земјава, информираат градските власти. – Во името на Град Скопје сакам да упатам благодарност […]

Град Скопје: Исечени 14 суви јапонски цреши, ќе се засадат 18 нови на „Максим Горки“

ноември 15, 2019

По барање на општина Центар, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска извршиле сечење на 14 целосно суви јапонски цреши на едната страна на улицата „Максим Горки“ во центарот на Скопје, информираат градските власти. Градот Скопје во понеделник на нивно место ќе засади 18 нови јапонски цреши и ќе го обнови дрворедот на ова улица […]

„Барокната“ градска куќа оди на продажба, ВМРО – ДПМНЕ против одлуката

септември 26, 2019

По предлог на градоначалникот Петре Шилегов, Советот на град Скопје на денешната седница ја изгласа одлуката за продажба на „барокниот“ објект под Скопското Кале, во кој требаше да се смести градската администрација. Оваа зграда, дел од проектот „Скопје 2014“ ќе се продава по почетна цена од 12,7 милиони евра, колку што е проценета нејзината вредност. […]

Комбинираниот билет за воз и автобус во Скопје ќе чека подобри времиња

септември 3, 2019

Воведувањето на комбиран билет за воз и јавен превоз во Скопје засега ќе остане само една добра замисла. И покрај тоа што пролетва и Градот Скопје и Железници на РСМ – Транспорт пројавија интерес за еден ваков проект, во моментов нема никаков конкретен чекор што е преземен кон профункционирање на можноста граѓаните со една карта […]

Град Скопје доделува листопадни и зимзелени дрвца

ноември 2, 2015

Градот Скопје, на заинтересирани куќни совети и урбани и месни заедници, ќе им додели 2.000 дрвца (листопадни и зимзелени) од ЈП „Паркови и зеленило“. Садниците што ќе ги додели Градот ќе бидат стручно засадени од вработени лица во ЈП„Паркови и зеленило“. Заинтересираните куќни совети и месни и урбани заедници треба да поднесат барање за доделување […]

Град Скопје испрати помош за поплавените делови на Македонија

октомври 12, 2015

По интензивните врнежи од дожд што ја зафатија земјава и регионот и кои предизвикаа поплави во Охрид и во околината, Градот Скопје вчеравечер испрати тим на лица и техничка помош и механизација за справување со поплавите. „Градот Скопје испрати две цистерни за влечење вода од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, едно противпожарно теренско возило, како и две […]

Град Скопје: На кејот 13 Ноември ќе се гради пристапна, а не сообраќајна улица

октомври 6, 2015

Од Град Скопје реагираат на, како што се вели во соопштението, изнесените лаги од градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, поврзани со изградбата на пристапната улица со посебен режим на кејот 13 Ноември. „Градот Скопје реагира на тврдењата на градоначалникот Жерновски дека Град Скопје ќе гради улица на кејот 13 Ноември, кога, всушност, станува збор […]

Град Скопје: Жерновски ја користи улицата за собирање политички поени

септември 30, 2015

Од Град Скопје реагираат на, како што пишува во нивното соопштение, лагите изнесени од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, поврзани со изградбата на пристапната улица со посебен режим на Кеј 13 Ноември. „Господинот Жерновски не ја кажува вистината кога тврди дека Град Скопје има намера да изгради улица, а вистината е дека оваа пристапна […]

Град Скопје: Денешниот протест е невкусна политичка игра

септември 26, 2015

Денешниот протест пред Град Скопје, насловен „Коце, врати ни ги улиците“, го оценуваме како невкусна политичка игра спроведена од организаторите, реагираат од Град Скопје. „Навистина не ја разбираме потребата од грубо лажење на јавноста дека за овие сообраќајни несреќи е одговорен Град Скопје или градоначалникот. Неколкуте сообраќајни несреќи што организаторите на оваа група ги посочуваат како […]

Манчевски: МВР веднаш да ја ограничи брзината за движење низ Скопје на 50 километри на час

септември 24, 2015

Координаторот на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Дамјан Манчевски, информираше дека на последната седница на Советот биле усвоени предлог-зони за смирен сообраќај и места во градот каде брзината на автомобилите ќе се ограничи на 30 километри на час или помалку. Освен тоа, усвоено било во рок од четири месеци да се изврши мапирање и обележување […]

Манчевски: Да се зголеми бројот на надземни пешачки премини

септември 22, 2015

Да се ограничи брзината на движење на возилата на 50 километри на час, да се зголеми бројот на надземни пешачки премини, да се унапреди велосипедската инфраструктура, но и генерално да се подобрат вертикалната и хоризонталната сообраќајна сигнализација, се некои од предлозите што советничката група на СДСМ ќе ги поднесе до Град Скопје. – Овие идеи се […]

Викендов четврто прскање против комарци

август 19, 2015

Претстојниот Град Скопје ќе ја изврши четвртата авионска и терестричната дезинсекција против комарци. „Четвртиот наврат на авионска дезинсекција во 2015 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива на во сабота и недела, во период од 05.30 до 08 часот. Четвртиот наврат на терестрична дезинсекција во 2015 година, на подрачјето на Град […]

Утре привремен сообраќаен режим на улицата Маџари

август 14, 2015

Утре (15 јули), поради реконструкција и проширување на улицата Маџари, од крстосницата со улица Јужноморавски бригади и улицата Антон Попов (по старо Методија Андонов Ченто) до крстосницата со улица Финска, ќе биде воведен привремен режим на движење, односно пренасочување на возилата и на автобусите од јавниот градски превоз, соопштуваат од Град Скопје. „Автобусите што ја опслужуваат […]

Град Скопје испрати помош во Тетовско

август 4, 2015

Градот Скопје, по обилните врнежи од дожд и по поплавите во Тетово и во регионот околу градот, испрати тим на лица, техничка помош и механизација за справување со поплавите. Испратени се две цистерни за влечење вода и седум цистерни за носење вода од ЈП „Водовод и канализација“ и од ЈП „Kомунална хигиена“, три противпожарни возила опремени […]

Пуштена површинската фонтана на плоштадот Македонија

август 3, 2015

Деновиве и официјално во употреба е пуштена новата, површинска фонтана на плоштадот Македонија, во Скопје, соопштија денеска од Град Скопје. „Станува збор за површинска, таканаречена сува фонтана (џампинг џет), на просторот меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и влезот на Камениот мост. Фонтаната има правоаголна форма, со димензии 20 на 10 метри и вкопано армирано бетонско корито. […]

Почна издавањето електронски картички за користење на јавниот превоз во Скопје

август 1, 2015

Од денеска и официјално почна процесот на издавање електронски картичи за користење на јавниот превоз во Скопје. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), Игор Јанушев, денеска ги посетија просториите на ЈСП „Турс“ во која е сместена една од осумте канцеларии каде се издаваат електронските картички. – Паралелно со […]

Град Скопје подготвен за справување со пожарите во летниот период

јули 23, 2015

Скопската противпожарна бригада минатата недела имала вкупно 74 интервеции, од кои 60 биле на отворен простор, а другите 14 по пријави за опожарени автомобили, објекти и технички интервенции, информираат од Град Скопје. Оттаму велат дека Штабот за заштита и спасување е целосно подготвен и опремен да одговори во случај на пожари, кои поради високата температура […]

Страна 1 од 2