fbpx

Град Скопје: На кејот 13 Ноември ќе се гради пристапна, а не сообраќајна улица

-

Од Град Скопје реагираат на, како што се вели во соопштението, изнесените лаги од градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, поврзани со изградбата на пристапната улица со посебен режим на кејот 13 Ноември.

„Градот Скопје реагира на тврдењата на градоначалникот Жерновски дека Град Скопје ќе гради улица на кејот 13 Ноември, кога, всушност, станува збор за пристапна улица што ќе се гради на кејот 13 Ноември, која е предвидена со детален урбанистички план донесен од Општина Центар, а ќе ја гради приватен инвеститор. Значи, Град Скопје не е институцијата што ја има вцртано оваа улица и Град Скопје не е таа што ќе ја гради. Дополнително, не е точно тврдењето на Жерновски, кое упорно се обидува да го наметне во јавноста, дека станува збор за „транспортна улица“ која се гради на кејот 13 Ноември. Станува збор за пристапна улица со посебен сообраќаен режим, која нема да биде сообраќајна и ќе биде уредена со плочки, а не со асфалт, односно слично на улицата Никола Вапцаров. За оваа пристапна улица ќе важи посебен режим за движење на моторните возила, поточно таа ќе биде достапна само за службените возила на „Телеком“, за достава на стока до околните угостителски објекти, како и за пристап на противпожарните возила и на возилата на брза помош, кои и сега се движат по истиот простор“, стои во соопштението од Град Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...