понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: гасовод | 117 резултати

Гасоводот на Водно и натаму се гради надвор од прописите

декември 3, 2018

Досега не е пристигнато барање од Јавното претпријатие „Македонски eнергетски ресурси“ (МЕР) до Министерството за транспорт и врски за измена во тек на градба за делот од гасоводот преку парк-шумата Водно, изјави за „Мета“ Кире Коцевски, портпаролот на ова министерство во одговор на прашањето дали МЕР, како инвеститор, има добиено дозвола за работа на изменетата траса на […]

МЕР: Изградбата на гасоводот е според сите стандарди на квалитет и безбедност

октомври 29, 2018

Претпријатието „Македонски енергетски ресурси“ реагира на соопштението на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно” и информира дека изградбата на гасоводот е според сите стандарди на квалитет и на безбедност. Од таму додаваат дека, изградбата на гасоводот продолжува според основниот проект кој што има правосилно одобрение за градба и сите други потребни дозволи дефинирани со позитивните законски прописи. „Ако има сомнеж […]

Екологистите бараат итно прекинување на изградбата на гасоводот низ Водно

октомври 29, 2018

Багерите кои го градат гасоводот преку парк-шумата Водно се стигнати до терен кој е толку стрмен и непрооден, што натамошните градежни активности таму стануваат апсурден градежен потфат и претставуваат загрозување на животот на работниците на терен, велат од еколошките граѓански здруженија собрани околу иницијативата „Го сакам Водно“. „После месечна борба на претставки и жалби, стигнавме […]

Релизацијата на изградбата на гасоводот е минимална, потрошено само 8,6 отсто од планираното

октомври 19, 2018

Реализацијата на изградбата на гасоводот досега е минимална и изнесува едвај 8,6 проценти од планираните 2 милијарди денари за годинава. Поради слабата искористеност на средствата, се поставува прашањето дали ќе се реализираат најавените проекти, како што е интерконекциската врска со Грција и Бугарија, но и поврзувањето на ТЕЦ Неготино со магистралниот гасовод. Директорот на Македонски енергетски ресурси Бајрам Реџепи за „Мета“ […]

Се гради гасоводот преку Водно, екологистите немоќни да ги спречат багерите

октомври 15, 2018

Багерите ангажирани од Македонски енергетски ресурси (МЕР) денеска интензивно работеа на пробивање на трасата на гасоводот преку Водно на потегот над селото Шишево, информираат активистите на „Го сакам Водно“, кои беа присутни на лице место. – Соочени сме со очигледно самоволно донесена одлука на власта да ја продолжи изградбата на гасоводот преку Водно по секоја […]

За гасоводот до Штип, Ставрески и Јанакиески ја честеле Русија, а Македонија ја платила сметката

октомври 15, 2018

Со договорот со Русија за покривање на нејзиниот дел од долгот на поранешниот СССР преку изградба на гасоводот од Клечовце до Штип, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, фактички на руската страна и го простиле целиот долг, а Македонија сама си го платила гасоводот. Таков е […]

Реџепи: Гасоводот преку Водно ќе се гради, се чекаат потребните дозволи

октомври 9, 2018

Ќе продолжи ли изградбата на гасоводната траса преку Водно или ќе запре поради прекројувањето на државната каса со кое ќе има кратење на значителен дел од средствата наменети за инфраструктурни проекти, како што е гасификацијата? Според Македонски енергетски ресурси (МЕР), претпријатие кое го реализира проектот на гасификација и кој ја гради и трасата на гасоводната […]

Се доцни со законот за Водно, УНДП ќе помага со експертиза

октомври 8, 2018

УНДП – Агенцијата за развој на Обединетитие нации – ќе учествува со своја експертиза во изготвувањето на закон за заштита на парк-шумата Водно, со што треба да се заокружи заштитата на ова подрачје од витално значење за град Скопје. Тие, исто така, на своја иницијатива, ќе учествуваат во подготвувањето на закон за заштита на пределот […]

Сугарески: Средствата за гасоводот што нема да се искористат, ќе се пренаменат

октомври 8, 2018

Средствата планирани за изградба на гасоводот, што нема да бидат искористени до крајот на годината, ќе се пренаменат за реализација на други проекти, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешното одбележување на  69-годишнината од основањето на Градежниот факултет. Планираните средства во буџетот за оваа намена изнесуваа две милијарди денари. – Се што сметаме […]

Ископот во Вардар за гасоводот, ќе биде вратен во првобитната состојба

септември 28, 2018

Штом ќе завршат градежните активности, местото во Вардар каде што се врши ископот за поставување на гасоводните цевки ќе биде вратено во првобитната состојба, велат од Општина Карпош за „Мета“. Жителите на Карпош 4 и Влае се жалат дека во тој дел на градот Вардар е ископан, а градилиштето е несоодветно обезбедено, односно опасно за […]

Поставувањето на цевки за гасоводот во Вардар го отежнува движењето на карпошани

септември 28, 2018

Жители на Општина Карпош на социјалните медиуми се жалат на буката која што ја предизвикува механизацијата за работа во реката Вардар, помеѓу населбите Карпош 4 и Влае, каде што се поставуваат цевки за изградбата на гасоводот. Но, уште повеќе им пречи што делот каде што се врши ископувањето, не е соодветно обезбеден, односно е небезбеден […]

Шилегов: Јас сум им гарант на Скопјани – самоволие на Водно нема да има!

септември 23, 2018

Додека стојат багерите на Водно и траат преговорите со екологистите околу гасоводната траса, Градот веќе ги доби ветените 3 милиони евра за враќање на зеленилото на Водно, но и за најавените зелени коридори на Серава, Лепенец и Скопска Црна Гора од државата.Дали екологистите ја загубија битката за Водно? Комплетно застанавте зад изградбата на трасата на […]

„Го сакам Водно“ и власта не се договорија околу гасоводот

септември 18, 2018

Претставниците на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно и на власта – заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, не успеаја да најдат заеднички јазик околу спорната траса на гасоводната делница 5, Скопје-Тетово-Гостивар, преку Водно. Тие ги вкрстија аргументите на јавната дебата  на тема „Гасовод преку […]

Реџепи: Северната траса на гасоводот би уништила многу повеќе зеленило

септември 18, 2018

Македонски енергетски ресурси (МЕР) е државна компанија која стои зад изградбата на гасоводот од Скопје кон Тетово и Гостивар, што поминува преку заштитеното подрачје на парк-шумата Водно. Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ го артикулираше граѓанското незадоволство од уште еден проект што ќе значи натамошна деградација на ионака сериозно уништеното зеленило и живиот свет на „белите […]

Екологистите до Макрадули: Водно е заштитено, ќе ви подариме примерок од Законот

септември 6, 2018

Не е точно дека Водно не е заштитено подрачје. Водно е заштитено со закон, категорични се екологистите кои застанаа во одбрана на планината, откако пролетва беше најавено започнување на изградбата на делницата 5 од гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар. Одговарајќи на изјавата од понеделникот на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, […]

Јавна дебата: Власта за бенефитите, екологистите за штетите од гасоводот на Водно

септември 3, 2018

Веројатно не е најдобрата можна траса за изведување на гасоводот, но сепак сметаме дека кога ќе се земат предвид сите околности, сите мерки кои се преземаат за да бидат минимизирани штетите по шумскиот фонд на Водно, како и огромната материјална штета која би била предизвикана од промената на трасата, таа е далеку подобар избор од […]

Прекината изградбата на гасоводот на Водно, Шилегов повика на дебата в понеделник

август 31, 2018

Градоначалникот на Скопје,Петре Шилегов, денеска информираше дека се прекинати сите градежни активности за изградба на гасоводот на Водно сè до завршување на процесот на дијалог и дебата. Тој ги повика претставниците на надлежните државни органи, како и претставниците на граѓанските здруженија на дебата в понеделник во 13 часот во просториите на Советот на Град Скопје. […]

Трет ден жив ѕид од еко-активисти пред механизацијата на Водно

август 31, 2018

Трет ден по ред, под мотото „Не низ Водно“ активистите од екологистичката иницијатива „Го сакам Водно“ и денеска продолжува со одржување на живиот ѕид пред механизацијата на фирмите кои треба да го градат гасоводот на Водно. Преку Фејсбук-страницата, активистки утринава објавија фотографии од кампот, повикувајќи ги граѓаните да им се придружат. „Го сакам Водно“ вчера […]

„Го сакам Водно“ побара дисциплинска постапка против насилникот и јавна дебата

август 30, 2018

Иницијативата „Го сакам Водно“ по вчерашниот инцидент на Водно, кога еден од луѓето што работеа на изградбата на гасоводот даде наредба на багерите да ги прегазат активистите, побара виновникот да биде отстранет и веднаш да се почне дисциплинска постапка против него. Истовремено, екологистите побараа дебата со директорот на МЕР, градоначалникот на Скопје и заменик министерот […]

МЕР: Работникот што почнал расправија со активистите ја пречекорил границата

август 29, 2018

Државното претпријатие Македонски енергетски ресурси се огласи со реакција на денешниот инцидент на Водно, порачувајќи дека работникот што почнал расправија со активистите не постапил согласно политиката на фирмата и може да биде ставен на дисциплинска постапка. „Денеска продолжија градежните активности за гасификација на Република Македонија, на трасата преку Водно. Активностите се на потег на кој […]

Страна 4 од 6