fbpx

МЕР: Изградбата на гасоводот е според сите стандарди на квалитет и безбедност

-

Претпријатието „Македонски енергетски ресурси“ реагира на соопштението на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно” и информира дека изградбата на гасоводот е според сите стандарди на квалитет и на безбедност.

Од таму додаваат дека, изградбата на гасоводот продолжува според основниот проект кој што има правосилно одобрение за градба и сите други потребни дозволи дефинирани со позитивните законски прописи.

„Ако има сомнеж или индикации за каква било повреда на некои законски постапки и прописи, ги повикуваме сите што евентуално поседуваат такви информации да се обратат до надлежните институции во рамки на правниот систем на државата“, се вели во соопштението.

Од МЕР потсетуваат дека Владата, тие како претпријатие и Град Скопје прифатиле најголем дел од барањата и сугестиите на активистите како што се намалување и стеснување на работниот појас, измена на трасата од 20 километри до 24 километри со цел избегнување на сечење на дел од шумата.

„Направен е проект за дополнителни мерки за ерозија, програма за рекултивација на која што веќе работи работната група, носење на закони за Водно, Матка и Гази Баба, за кои веќе се работи во надлежните институции, финансирање на неколку еколошки проекти, за кои има одлука на влада – и ред други технички барања и сугестии. Но, мора да се напомене дека барањето за изнаоѓање алтернативна траса во оваа фаза на реализација на проектот не е возможна, од причини што неколку пати беа образложени“, додаваат од МЕР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...