fbpx
Таг: евроинтеграции

таг: евроинтеграции

Борисов со новата влада ќе направи план за вклучувањето на Македонија во ЕУ

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчеравечер порача дека набргу откако ќе се формира влада во Македонија, ќе се одржи средба на владите на Бугарија и на Македонија за да се почне со план за интегрирање на Македонија во ЕУ. Борисов претпоставува дека на дневниот ред на ЕУ во првата половина на следната година, кога Бугарија ќе претседава со Советот на...

Собранието усвојувало „европски“ закони со заобиколување на процедурата

Собранието усвојувало повеќе „европски“ закони заобиколувајќи ја целата процедура предвидена за законите со европско знаменце во периодот од 2014 до 2016 година. Во годишниот извештај за работата на Собранието во 2016 година се вели дека Собранието донело вкупно 14 закони што произлегуваат од Национална програма за усвојување на правото на Европската Унија и претставуваат усогласување со правото на ЕУ. Притоа, симптоматично...

Француска амбасада: Одлуката на Иванов отвори перспектива за брзо формирање влада

Амбасадата на Франција во Македонија соопшти дека ја поздравува одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да го додели мандатот за формирање нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. „Со одлуката се отвора перспектива за брзо формирање на функционална влада што ќе одговори на суштинскиот интерес на земјата и ќе овозможи продолжување на спроведувањето на неопходните реформи за нејзина европска интеграција“,...

ЛДП: Реформската влада напорно ќе работи за влез во европското семејство

„Република Македонија се враќа на вистинскиот пат за влез во големото европско семејство. Патот по кој сигурно чекоревме пред 11 години, сега има уште поголемо значење на овој 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Брзата разврска на политичката криза, формирањето на новата влада, враќањето на демократските вредности, владеењето на правото, правдата, независноста на судството,...

Флекенштајн: Албанија и ЕУ може да ги почнат преговорите за членство по изборите во јуни

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент со 52 гласа „за“, шест „против“ и со четири „воздржани“ ја усвои предлог-резолуцијата за Албанија поднесена од европратеникот Кнут Флекенштајн. Известувачот за Албанија на Европскиот парламент, Флекенштајн, во образложението на резолуцијата повторно нагласи дека имплементацијата на судските реформи е од суштинско значење за напредокот на земјата. „Минатото лето албанскиот парламент со консензус ги усвои...

Коцијанчич: Одблиску ќе ги следиме изборите, тие се можност за нов почеток

Европската Унија одблиски ќе ги следи изборите в недела, а првата реакција околу исходот ЕУ очекува да ја има в понеделник, на 12 декември, попладне, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.­ - Во однос на тоа што ќе се случи како следен чекор, ние, се разбира, одблиску ќе ги следиме изборите, како што правевме и со целиот процес до изборите. Се...

Иванов до Жбогар: Досегашниот пристап на ЕУ кон Македонија е непродуктивен

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Дојран разговараше со евроамбасадорот Самуел Жбогар за европските интеграции на земјата, за состојбите со бегалската и мигрантската криза, како и за актуелните политички случувања во Република Македонија. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Иванов на средбата ја посочил потребата од нов пристап на ЕУ кон Македонија, истакнувајќи дека досегашниот пристап на...

Европарламентот изгласа да се замрзнат преговорите со Турција

Членовите на Европскиот парламент денеска изгласаа привремено да се сопрат преговорите за членство на Турција во ЕУ, поради „несразмерната“ реакција на Анкара по пропаднатиот државен удар во земјата, извршен на 15 јули годинава. Иницијативата, со која се повикува Европската комисија и националните влади да ги замрзнат преговорите, не е обврзувачка. Европарламентарците кон почетокот на неделава повикаа да се преземат вакви мерки...

Ердоган: Гласањето во Европскиот парламент нема вредност

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека гласањето во Европскиот парламент за прекинување на пристапните преговори меѓу ЕУ и Анкара „нема вредност“ и повторно ја обвини Европа дека стои зад терористичките организации. - Повеќепати јасно кажавме дека многу повеќе ги почитуваме европските вредности од многу земји на ЕУ, но не можевме да ја видиме конкретната поддршка на западните пријатели......

Брисел не коментира дали размислува за контрамерки поради опструкциите на СЈО

Европската комисија денеска повтори дека Специјалното јавно обвинителство е клучен дел од Договорот од Пржино, потпишан од сите лидери на главните политички партии. Сепак, од Брисел засега не сакаат да коментираат дали ќе преземат поостри мерки или санкции поради блокадата на работата на СЈО ниту, пак, како сето тоа ќе се одрази на извештајот за напредокот на Македонија. - Европската комисија...

Србија основаше Фонд за Западен Балкан

Одборот за надворешни работи на српското собрание го прифати предлогот на владата за формирање фонд за Западен Балкан, а дел од опозицијата предупреди дека тоа е еден чекор поблиску кон признавање на независноста на Косово. Целта на основањето на овој фонд е зајакнување на врските и поттикнување на евроинтеграциите на Албанија, БИХ, Црна Гора, Косово, Македонија и на Србија, како...

Адеми: Извесно е дека и оваа година ќе добиеме условена препорака поради политичката криза

„Целосно сме свесни за последиците што може да произлезат од евентуалните компликации околу изборите, но и околу работата на СЈО. До тоа никој не сака да дојде, а одговорноста ќе биде на политичките партии“, вели вицепремиерот за евроинтеграции, Арбер Адеми, во интервју за „Радио Слободна Европа“. - Најголемиот предизвик е пред нас, а тоа е да покажеме и да докажеме дека имаме...

Брисел не потврдува, но и не исклучува дека Хан наскоро ќе дојде во Скопје

Европската комисија засега не потврдува дали еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, на средината од месецов ќе допатува во Скопје на лидерска средба. - Засега не можеме да потврдиме. Кога ќе ја имаме агендата и потврдата, ќе испратиме соопштение – изјавија за „Мета“ извори од Брисел. Како што јави „Дојче веле“, повикувајќи се на неофицијални дипломатски извори, Хан ќе дојде да...

Министерот Поповски се сретна со амбасадорот на ЕУ, Жбогар

Никола Попоски, заменик-претседател на Владата и министер за надворешни работи на Македонија, се сретнал со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, соопштија денеска од МНР. На средбата Попоски и Жбогар разговарале за напредокот во евроинтегративниот процес на Република Македонија. Во тој контекст биле истакнати очекувањата за спроведување фер и демократски избори, како основа за интензивирање на...

Иванов до Жбогар: Ако по изборите не добиеме покана за членство, можна е нова криза

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, денеска при примањето на акредитивите, на евроамбасадорот Самуел Жбогар му посака успешно вршење на должноста и го увери дека ќе има добра соработка со македонските институции. Сепак, Иванов се осврна и на блокадата на македонските евроинтеграции, која придонесува за политичката нестабилност на Македонија. - Секое понатамошно одолжување на овој процес, како и досега, сериозно ќе влијае...

Турција ја обвини Германија за културолошки расизам

Турското министерство за односи со Европската Унија ја оцени како „културолошки расизам“ изјавата на германскиот еврокомесар Гинтер Отингер дека нереалистична е желбата на Анкара да влезе во ЕУ додека претседател на земјата е Реџеп Таип Ердоган. Еврокомесарот за дигитална економија и општество Отингер за весникот „Билд“ изјави дека со сегашната ситуација во Турција, евроинтеграцијата „не е реалистична во следната деценија“. - Ова сигурно...

Данските либерали бараат ЕУ да ги прекине преговорите со Турција

Данската владејачка Либерална партија денеска оцени дека Европската унија треба целосно да ги прекине пристапните преговори со Турција поради „недемократските мерки“ кои ги презема претседателот Реџеп Таип Ердоган, како и поради неговата поддршка за повторно воведување на смртната казна -Мината е црвената линија за минималните услови кои треба да ги исполни земја кандидатка за членство во ЕУ. Тоа треба да...

Хан: Брексит не значи крај на проширувањето на ЕУ

Европскиот комесар Јоханес Хан денеска оцени дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ не значи дека е запрен процесот на проширување на Унијата, туку оти постојат многу причини за да се продолжи. Хан, отворајќи го бизнис-форумот во рамки на Самитот за Западен Балкан во Париз, нагласи дека и понатаму постои европска перспектива за земјите од Западен Балкан и покрај тоа што...

Обама: Брексит стави пауза на интеграцијата на Европа

Одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската Унија го става целиот проект на ЕУ за евроинтеграција на пауза, соопшти денеска американскиот претседател Барак Обама. Обама за „Ен-пи-ар“ денеска изјави дека Брексит доведе до пресилна реакција низ целиот свет. - Се создаде мала хистерија по гласањето за Брексит, небаре НАТО исчезна, трансатлантската алијанса се распадна, а секоја држава поита кон својот...

Швајцарија ќе го повлече барањето за членство во ЕУ

Горниот дом на швајцарскиот парламентот вчера одлучи да ја поддржи одлуката на Долниот дом да се повлече барањето за приклучување на Швајцарија кон Европската Унија. Барањето за влез во ЕУ беше поднесено во мај 1992 година, но во декември истата година граѓаните на Швајцарија на референдум се изјаснија против влез во тогашната Европска економска зона. Резултатите од последното истражување на јавното...

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...