Швајцарија ќе го повлече барањето за членство во ЕУ

Горниот дом на швајцарскиот парламентот вчера одлучи да ја поддржи одлуката на Долниот дом да се повлече барањето за приклучување на Швајцарија кон Европската Унија.

Барањето за влез во ЕУ беше поднесено во мај 1992 година, но во декември истата година граѓаните на Швајцарија на референдум се изјаснија против влез во тогашната Европска економска зона.

Резултатите од последното истражување на јавното мислење во Швајцарија, објавено кон крајот на мај годинава, покажа дека Швајцарците го ценат независниот економски курс на земјата и не сакаат да бидат дел од ЕУ.

Анкетата покажала дека е намален бројот на приврзаниците на евроинтеграцијата. Годинава само 16 отсто од анкетираните се за влез во ЕУ, што е за пет отсто помалку во споредба со минатата година.