Данската владејачка Либерална партија денеска оцени дека Европската унија треба целосно да ги прекине пристапните преговори со Турција поради „недемократските мерки“ кои ги презема претседателот Реџеп Таип Ердоган, како и поради неговата поддршка за повторно воведување на смртната казна
-Мината е црвената линија за минималните услови кои треба да ги исполни земја кандидатка за членство во ЕУ. Тоа треба да доведе не само до сопирање на преговорите, туку и до нивен итен прекин, а Турција треба да се тргне и од списокот на земјите кандидатки – рече портпаролот за надворешна политика на Либералната партија, Михаел Јенсен.
Сепак, данското МНР не ги коментираше ваквите изјави на партијата.
Со слично став минатата недела излезе и шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц кој се закани со блокада на преговорите на ЕУ со Турција.