fbpx
Таг: евроинтеграции

таг: евроинтеграции

Заев – Жбогар: Постои голем оптимизам во Брисел дека Македонија оди напред

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со евроамбасадорот Самуел Жбогар, а на средбата Заев порачал дека владата е решена да гради квалитетен живот за сите граѓани. Евроамбасадорот, како што извести Владата, рекол дека во Брисел постои оптимизам за идните чекори на Македонија и дека земјата ја има досега најголемата шанса за напредок во евроинтеграциите. - Постои голем оптимизам во Брисел...

Димитров во Талин: Имам голема приказна во надежен момент за Македонија

Имам голема приказна да им раскажам на министрите од ЕУ во овој надежен момент за Македонија, рече шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, во главниот град на Естонија, Талин. Таму се одржува неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на земјите кандидати за членство во ЕУ. Димитров се надева дека преговорите за членство...

„Социетас цивилис“ и „Конрад Аденауер“ ќе го следат спроведувањето на планот „3-6-9“

Во реформскиот процес треба да бидат вклучени сите што носат политички одлуки, без разлика на извештаите кои доаѓаат од ЕУ, изјави претставникот на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Јоханес Раи, на денешната прес-конференција посветена на почетокот на проектот за следење на спроведувањето на планот „3-6-9“. - Перформансите на земјата не се доволни за да се премине во следната фаза во ЕУ-интеграциите. Потребно е...

Мицкоски: Заев на Бугарија ѝ даде можност да блокира отворање поглавја од преговорите

Со Договорот за добрососедство Бугарија ќе има можност да го преиспита однесувањето на Македонија на целокупниот пат кон Европската Унија, бидејќи Заев прифати таа да има можност да не дозволи отворање на кое било поглавје од преговорите за членство доколку не се исполнат нејзините цели и позиции, порача денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека тоа значи нови проблеми...

Османи: Политиката нема да се меша, реизборот на судии ќе го прави Судскиот совет

Политичките партии од новото парламентарно мнозинство и од Владата се за реформи, но нема да прават генерален реизбор на судии. Надлежноста на тоа е само на Судскиот совет, кој е надлежен да ги решава тие работи, порача вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, пред почетокот на заедничката работна средба на Секретаријатот за европски прашања и Министерство за правда, која...

Османи: Предизвикот е да направиме систем за координирање и за надзор на планот „3-6-9“

„Подготовката на планот „3-6-9“ беше полесната работа. Планот доби широка поддршка како надвор, од нашите меѓународни партнери, така и дома, кај домашната јавност. Но, сега ни е потребна имплементација на 73 мерки за три месеци, во услови на ограниченост од прогласувањето локални избори и од летните одмори. Сега предизвикот е да направиме систем за надзор, координирање и за информирање“, порача вицепремиерот за...

Заев го презентираше планот „3 – 6 – 9“: Пакет брзи реформи за препорака и за преговори со ЕУ

Македонија прави пробив во евроатлантските аспирации преку отворена транспарентна инклузивност на сите заинтересирани страни, изјави премиерот Зоран Заев, презентирајќи го реформскиот план насловен како „3-6-9“. Тој посочи дека бројките во името ги означувааат временските точки во кои треба да бидат спроведени реформите. - Во првите три месеци, до локалните избори, планираме да се обезбеди отстранување на условената препорака за почеток на...

Заев и Османи напладне ќе ги откријат деталите од реформскиот план „3 – 6 – 9“

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска напладне на прес-конференција во Владата ќе ги соопштат деталите од предлог-планот „3 – 6 – 9“ за спроведување на реформските приоритети. Владата на вчерашната седница го усвои планот, кој треба да придонесе за добивање неусловена препорака за почеток на преговорите со ЕУ, како и да се забрза интегрирањето во...

Заев ја поканил ДПА да се вклучи во процесот на реформите

На денешната средба што премиерот Зоран Заев ја имал со претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, тој упатил покана партијата да се вклучи во процесот на реформи што ѝ претстојат на Македонија, информираше Владата на Република Македонија. „Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, се согласија дека сè што е интерес на граѓаните на Република...

В понеделник ни доаѓа Хан, во вторник Прибе

„Посетата на еврокомесарот Јоханес Хан и неговото учество на отворена владината седница е најверојатно преседан за Македонија, со што се создава нова клима. На Хан ќе му предложиме нацрт-план со мерките, активностите и со временските рамки за реформските приоритети“, рече вицепремиерот Бујар Османи во Владата денеска, најавувајќи ја агресивната кампања што во следниве неколку месеци треба да доведе до исполнување...

Османи: Почнуваме агресивна кампања за реализација на реформските приоритети

Владата почнува една агресивна кампања за постигнување на клучните реформски приоритети, за да постигнеме еден напредок во следните неколку месеци, кои ќе бидат посветени исклучиво на ЕУ-агендата, за потоа да може да ги почнеме и преговорите за пристапување кон ЕУ, рече вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, на прес-конференција. Посочувајќи дека бидејќи е надмината политичката криза во Македонија, односно се исполнети...

Шефот на дипломатијата Димитров на средба со Суомалаинен

На средба што ја имале денеска, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, и шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, разговарале за меѓусебната соработка и за приоритетите што новата влада ги зацртала, соопшти Министерството за надворешни работи. Министерот Димитров се заблагодарил за континуираната поддршка што ОБСЕ ја дава на Македонија, а особено за директната поддршка за реализацијата...

СДСМ: За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ние одлуките ќе ги носиме во договор со јавноста

Наместо преку тајно преговарање, како што правеше ВМРО-ДПМНЕ, стратешките одлуки ќе се носат преку инклузивен процес, порачува СДСМ во реакција на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија порачува дека на евроинтеграцискиот пат „новата реформска влада предводена од СДСМ ќе ги носи одлуките преку инклузивен процес и сите стратешки прашања ќе се решаваат во конзензус со опозицијата, широката јавност и со...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги остави граѓаните во сиромаштија, нека се вгради во реформите

Како одговор на денешното соопштение за јавноста на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ утрово повторно порачa дека ако ВМРО-ДПМНЕ ѝ мисли добро на државата, треба да се вгради во реформите. СДСМ нагласи дека додека ВМРО-ДПМНЕ била на власт, оставила половина милион граѓани во сиромаштија. „ВМРО-ДПМНЕ имаше  цели 11 години да работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните, но тие одлучија да ги осиромашуваат...

Ѓорчев: СДСМ да обезбеди влез во ЕУ и во НАТО без задирање во идентитетот

„Новиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, не смее да отстапи од највисоките државни и национални интереси, а тие се веќе дефинирани: членство во евроатлантските структури и одбрана на македонскиот идентитет“, порача пратеникот Владимир Ѓорчев денеска на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека Република Македонија треба да стане членка на НАТО и на ЕУ веднаш и без одложување, но притоа...

Хан: Прво е потребен позитивен извештај од ЕК, а потоа и согласност од 27 членки за преговори

Формирањето на новата влада е позитивен развој кој го рефлектира демократскиот исход од изборите од декември, порача еврокомесарот Јоханес Хан на заедничката прес-конференција во Брисел со премиерот Зоран Заев. - Македонија сврти нова страница по политичката криза, која траеше предолго. Ова е нов почеток, но има многу за работа за да се спроведат реформските приоритети – рече Хан. Тој истакна дека е...

Османи до крајот на летото очекува безусловна препорака за преговори со ЕУ

Владата во овој период е целосно ангажирана околу реформските приоритети што треба да се реализираат во овие три месеци за да може уште кон крајот на летото земјава да добие безусловна препорака за почнување преговори со Европската Унија, вели вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, во интервју за „Телевизија 24“. Османи го оценува одлично повторното доаѓање на Рајнхард Прибе и на неговиот...

Заев – Жбогар: Сега е време да почне вистинската работа со реформите

Првиот состанок како премиер на владата го одржав со амбасадорот Самуел Жбогар и со неговиот тим, затоа што нема поважна работа за Македонија од интеграциите во ЕУ и во НАТО, изјави премиерот Зоран Заев по состанокот. На средбата било разговарано за работите што треба новата влада да ги направи во процесот на евроинтеграциите, како и за веќе почнатите проекти, но посебен акцент...

Поддршка за Димитров од Хрватска и од Словенија

Првата средба со дипломати, новиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, ја имаше вчера, на разговорот со амбасадорите на Хрватска и на Словенија, Данијела Баришиќ и д-р Милан Јазбец, соопшти МНР. На средбата во МНР, во својство на коорганизатори, амбасадорите Јазбец и Баришиќ му врачиле на министерот Димитров покана за учество на министерскиот состанок што ќе се одржи утре на...

Алфано: Новата влада да ги спроведе клучните реформи

Италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Анџелино Алфано, денеска го поздрави доделувањето на мандатот за формирање влада на Зоран Заев и изрази надеж дека новата влада ќе ги спроведе клучните внатрешни реформи, неопходни за продолжување на евроатлантските интеграции. Ја поздравувам одлуката на претседателот на поранешна југословенска Република Македонија, Иванов, да му го додели мандатот за формирање на новата...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...