Таг: ебор кредити
таг: ебор кредити
Заеднички граничен железнички премин со Србија ќе имаме дури во 2023 година
Железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Србија во наредните години ќе биде во уште поподредена состојба во споредба со патниот превоз. За разлика од воведувањето на заедничка гранична контрола во патниот превоз на крајот од овој месец, транспортот на патници и стока со воз ќе почека на заеднички граничен железнички премин дури до 2023 година.
Спогодбата за воведување на заеднички гранични...
Втората фаза од пругата кон Бугарија ќе почне да се гради од 2020 година
До крајот на годинава ќе се избере изведувач на втората фаза од железничкото поврзување со Бугарија, а конкретни градежни работи на терен се очекуваат на почетокот од 2020 година. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета“ информираат дека Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во моментов врши евалуација на пристигнатите понуди во претквалификациската фаза од меѓународниот тендер...
Над 41 милион возила лани платиле патарина на нашите автопати
Јавното претпријатие за државни патишта лани успеало на минимум да го сведе неплаќањето патарина на автопатите низ земјава. Во 2018 година на наплатните рампи патарина платиле 41.133.515 возачи, односно за речиси 10 милиони повеќе во споредба со 2014 година.
Ланскиот процент на наплата на патарината достигнал 97 отсто. Неплаќачите се ловат на камери и врз основа на регистарската табличка на...
Приходите од патарините пораснале за 130% во последните осум години (инфографик)
Патарините се златната кокошка на Јавното претпријатие за државни патишта. Во последните 8 години приходите од патарини пораснале за 130%. Откако се зголеми цената за овој надоместок во јули 2014 година, ова претпријатие бележи забрзан раст на средствата што ги добиваат од граѓаните за користење на автопатите. За само 5 години, финансиите од наплата на патарина се зголемени за...
Со заем од 15,3 милиони евра ќе се градат 3 нови патарини на автопатите
Распишан тендерот за изградба на 3 нови патарини и за воведување на електронска наплата на наплатните рампи долж Коридорот 8 и автопатот Миладиновци - Штип.
Со заем од 15,3 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе се изградат патарините „Кадрифаково“ и „Преод“ на автопатот Миладиновци - Штип, како и идната патарина „Арбиново“ на автопатот Кичево -...
Експресниот пат Штип – Кочани доцни половина година
Наместо како што беше првично предвидено да се заврши до месецов, првата фаза од изградбата на експресниот пат Штип - Кочани ќе биде готова до крајот на годинава. Од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека се соочиле со нерешена експропријација на земјиштето и дополнителни работи кои не биле предвидени во фазата на проектирање, вклучувајќи го ѝ откривањето на...
Објавен тендерот за проширување на патот од Крива Паланка до Деве Баир
Постојниот магистрален пат Крива Паланка - Деве Баир ќе биде целосно реконструиран и проширен со трета коловозна лента. На веб - страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е објавен тендерот за изведба на 13 - те километри од оваа траса, која претставува главна патна врска меѓу Северна Македонија и Бугарија. Со проширувањето на патниот правец и...
До крајот на мај продолжен тендерот за набавка на новите автобуси на ЈСП
Големиот интерес на производителите на автобуси го продолжи рокот за доставување на понудите за набавка на 30 до 40 единечни и зглобни автобуси за ЈСП - Скопје. Наместо до утре, компаниите ќе можат до 24 мај да ги достават понудите со техничките карактеристики на еколошките автобуси на компримиран гас.
Продолжувањето на рокот за доставување на понудите нема да ја одолговлечи...
Без субвенции, билетот во градски автобус во Скопје би бил поскап (инфографик)
Субвенциите за покривање на загубите што ги продуцира скопскиот јавен превоз со години наназад се еден од главните причинители за одлевањето пари од градскиот буџет. Градот Скопје во годинешниов буџет има предвидено да издвои субвенции од 400 милиони денари за јавниот превоз, и тоа за потешкотии во работењето (250 милиони денари), за бесплатни билети (100 милиони денари), за систем...
Железничкото депо „Лисиче“ делумно обновено со заем од ЕБОР
По три години изведба, целосно е обновена една од халите во железничкото депо „Лисиче“ во Скопје. Со 2 милиони евра се обнови работилницата за поправки и одржување на моторни возови и локомотиви, додека за останатите објекти од овој комплекс нема предвидено средства за реконструкција.
Од Железници - Транспорт велат дека не се предвидени понатамошни зафати со подигнатиот заем од Европската...
Распишан тендерот за набавка на новите автобуси за ЈСП – Скопје
ЈСП - Скопје ќе го поднови својот возен парк со 30 до 40 единечни и зглобни автобуси за подобрување на услугите во јавниот градски превоз. На веб - страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е објавен меѓународниот тендер за набавка на нископодни CNG автобуси. Како што информираат од ЈСП - Скопје, постапката и процедурата ќе се...
Анѓушев: Изградени се околу 42 отсто од првата делница на пругата кон Бугарија
Најдоцна до средината на 2020 година ќе биде завршена изградбата на железничката линија од Куманово до Бељаковце. Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Македонски железници - Инфраструктура Ирфан Асани, извршија увид во реализацијата на првата фаза од пругата кон Бугарија.
– За оваа година и половина изградени се...
Незири: Со поддршката од ЕБОР, македонскиот и албанскиот пазар на електрична енергија ќе имаат огромна добивка
Министерството за економија потпиша договор за заем со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на 400-киловолтен интерконективен далекувод Битола - Елбасан.
- Со изградбата на овој далекувод, добивка ќе има како за македонскиот, така и за албанскиот пазар на електрична енергија, имајќи предвид дека базната електрична енергија во Македонија доаѓа од термоелектраните, а во Албанија од хидроелектраните -...