Таг: ебор кредити

таг: ебор кредити

Потпишани договорите за идниот далновод кон Албанија и нова трафостаница во Охрид

МЕПСО ќе инвестира 35 милиони евра во двата проекти за изградба на 400 киловолтен далновод за поврзување на електропреносните системи на Македонија и Албанија и на нова 400/100 киловолтна трансформаторска станица во близина на Охрид. Во владата денес беа потпишани договорите со изведувачите „Енергоинвест“ од Босна и Херцеговина и „Кончар“ од Хрватска. Реализацијата на проектот е од огромно значење...

Започна реконструкцијата и проширувањето на патот Крива Паланка – Деве Баир

Најдоцна до почетокот на 2022 година ќе биде завршена реконструкцијата и проширувањето на патот Крива Паланка - Деве Баир. Денеска започна изведбата на градежните работи на оваа делница со должина од 13 километри. Проектот вреден 12,4 милиони евра ќе овозможи изградба на трета коловозна лента долж целата траса, изведба на 4 нови моста и реконструкција на постојниот коловоз. - Овој...

Објавен тендерот за воведување електронска наплата на патарина и на Коридорот 8

Покрај можноста за плаќање патарина по електронски пат на автопатот од Табановце до Гевгелија, годинава ќе отпочне постапката за воведување на електронска наплата на патарина и на Коридорот 8. На веб - страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е објавена втората фаза од тендерот за избор на компанија што ќе го инсталира системот за воведување на...

„МАН“ во март ќе ги испорача првите 6 еко-автобуси за ЈСП – Скопје

За два месеца ќе пристигнат првите 6 еколошки автобуси од германскиот производител „МАН“ за обнова на возниот парк на ЈСП - Скопје, информираат од Град Скопје за „Мета.мк“. Градските власти велат дека испораката на автобусите ќе се одвива во согласност со договорот потпишан кон крајот на септември минатата година. Новите автобуси ќе пристигнуваат етапно и ќе се пуштаат во...

Во јануари ќе има тендер за довршување на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп

Извор: Министерство за транспорт и врски
Јавното претпријатие за државни патишта планира наредниот месец да го објави тендерот за избор на градежна компанија што ќе ја доврши изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско - Прилеп. Неколкумесечниот застој на изведбата на 10-те нови километри меѓу Фаришката и Дреновската клисура настанаа откако изминатово лето беше раскинат договорот со претходниот изведувач „Конструксионес Рубау С.А.“, а двете...

ЕБОР со нови 2 милиони евра кредит ќе ја поттикнува енергетската ефикасност во земјава

Нов кредит од 2 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) преку Шпаркасе банка - Македонија ќе заврши кај граѓаните, здруженијата за домување и компаниите за сервисни услуги за подобрување на енергетска ефикасност во македонските домови. Средствата од ЕБОР ќе се позајмуваат за проекти што ќе инвестираат во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Како што...

Рекордни 13,7 милиони евра прибрани од патарините во јули, август и септември

Јавното претпријатие за државни патишта годинава ќе ја заврши со рекорден приход прибран од патарините. Во периодот јули - септември 2019 година од овој надоместок се инкасирани 13,7 милиони евра во буџетот на ова претпријатие, што е за 3,9 отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година. За првите девет месеци од годинава, македонските патарини донеле вкупен приход...

Продадени над 11.600 картички и тагови за патарина, наскоро и пост – пејд плаќање

За период од четири месеци, возачите набавиле 11.615 М - карт и М - таг електронски уреди за плаќање патарина. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека за еден месец треба да завршат консултациите со банките, по што ќе биде пуштено во функција и пост - пејд електронското плаќање на патарина. Во септември и октомври годинава биле...

И по пет месеци, тендерот за пругата кон Бугарија заглавен во предквалификација

По пет месеци од прашањата коишто „Мета.мк“ ги постави, нема промени во актуелниот тендер за реализацијата на втората фаза од железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека постапката за избор на изведувач сѐ уште е во фазата на предквалификација, така што допрва ќе се знае кои градежни компании ќе влезат во втората...

„Гранит“ ќе го проширува патот од Крива Паланка до Деве Баир

Деновиве ќе започне проширувањето на патот од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Јавното претпријатие за државни патишта го потпишало договорот со „Гранит“ од Скопје за изведба на 13-те километри од трасата, со која ќе се обезбеди побрза патна врска меѓу Македонија и Бугарија. Проектот ќе опфати изградба на трета коловозна лента долж целата траса, реконструкција на постојниот коловоз...

Електронска наплата од денеска и на патарината „Миладиновци“

Јавното претпријатие за државни патишта од денеска ја пушти во употреба електронската наплата на патарина на наплатната рампа „Миладиновци“. За почеток, во функција ќе бидат само електронските картички „М-карт“, а допрва ќе профункционира плаќањето со м-таг на оваа патарина. Со имплементацијата на системот на патарината „Миладиновци“, возачите што патуваат по автопатите Скопје - Куманово и Скопје - Штип ќе можат...

Ќе се прави анализа што сè шпански „Рубау“ (не)сработил на патот Градско – Прилеп

Извор: Министерство за транспорт и врски
Фирмата „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл“ е избрана од Јавното претпријатие за државни патишта да го изработи елаборатот со пресек на извршените работи и предмер - пресметка на неизведените делови за изградба на експресниот пат Градско - Прилеп, во делот меѓу Дреновската и Фаришката клисура. Со 10,2 милиони денари вредниот договор ќе се направи анализа на досега изведените работи...

За пречистителна станица за отпадни води во Скопје ќе добиеме грант од 10 милиони евра

Европската инвестициска банка (ЕИБ) донела одлука да ѝ додели на Македонија неповратни средства во висина од 10 милиони евра за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје. Ова беше објавено за време на вчерашниот Самит за Западен Балкан што го организираше „Економист“ во Скопје. Идниот капитален објект треба да ги опфати отпадните води на над 500.000 жители од...

33 еко автобуси на гас ќе добие ЈСП најдоцна до април 2020 година

Граѓаните на Скопје најдоцна до април 2020 година ќе се возат во новите еколошки автобуси набавени од германскиот производител „МАН“. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска го потпиша договорот за набавка на 21 единечен и 12 зглобни автобуси со ЕУРО 6 мотори, кои речиси воопшто нема да го загадуваат воздухот во Скопје со планираното намалување за 700 отсто на испуштените...

Со 13,7 милиони евра ќе се воведува електронската наплата и на патарините на Коридорот 8

Со 13,7 милиони евра во следните 12 месеци ќе се градат три нови патарини на автопатите Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид, ќе се воведе и унифицира електронскиот систем за наплата на патарините на Коридорот 8 и ќе се инсталираат фотоволтаични соларни панели на сите наплатни станици во земјава.  Денеска се потпиша договорот за финансирање со ЕБОР, со кој...

Со германски „МАН“ автобуси ќе се обновува возниот парк на ЈСП

ЈСП - Скопје ќе добие нови единечни и зглобни автобуси од германскиот производител „МАН“. Хрватската компанија „Ауто Хрватска“, генерален застапник за автобуските марки „МАН“, „Отокар“ и „Неоплан“, е победник на тендерот за набавка на нископодни CNG автобуси на компримиран гас за јавниот превоз во Скопје. Хрватите во втората фаза од тендерот доставиле понуда за новите автобуси во висина од 9,85...

Кешот уште царува на патарините – одвај 5,6 отсто од приходите се електронска наплата

Електронскиот систем за наплата на патарините засега ѝ носи скромни приходи на државата. Уделот на новиот начин на наплата во вкупните приходи од патарина во изминатово лето изнесувал околу 5,6 отсто. Од продажбата на електронските уреди за плаќање на патарина и од надополнувањето на овие уреди во јули и август биле инкасирани околу 528.000 евра. Наспроти ова, вкупните приходи...

До 2021 година ќе се модернизира патната врска кон Бугарија

Со подобрувањето на билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија, македонските власти активно работат и на подобрување на патната врска меѓу двете земји. Јавното претпријатие за државни патишта во моментов го реконструира патот од Ранковце до Крива Паланка, чија должина е 21 километар. Оваа делница од патниот Коридор 8 ќе биде целосно санирана до крајот на годинава, за што се...

Догодина реконструкција на автопатот кај Хиподром, Миладиновци и Петровец

Јавното претпријатие за државни патишта догодина планира да ги реконструира автопатските делници Хиподром - Миладиновци, Миладиновци - Петровец и Петровец - Хиподром. Автопатските влезови во Скопје од исток се со вкупна должина од 28 километри, а за нивната реконструкција се обезбедени средства со заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). - Очекуваме во септември/октомври распишување на тендер за...

Автопатот Кичево – Гостивар ќе почне да се гради во 2020 година

Македонската влада планира кон средината на следната година да ја започне изградбата на автопатот Кичево - Гостивар на Коридорот 8. Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека во моментов се комплетира проектната документација за првата делница - од Кичево до селото Букојчани, со должина од 12,7 километри. - Тендерот за избор на изведувач очекуваме да биде распишан кон крајот...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...