fbpx

Започна реконструкцијата и проширувањето на патот Крива Паланка – Деве Баир

-

Најдоцна до почетокот на 2022 година ќе биде завршена реконструкцијата и проширувањето на патот Крива Паланка – Деве Баир. Денеска започна изведбата на градежните работи на оваа делница со должина од 13 километри. Проектот вреден 12,4 милиони евра ќе овозможи изградба на трета коловозна лента долж целата траса, изведба на 4 нови моста и реконструкција на постојниот коловоз.

– Овој патен правец е еден од таквите на кои гледаме како значајна алка за извоз на македонските производи. Патниот правец Паланка – Деве Баир е најфреквентен во товарниот сообраќај бидејќи транспортот на стока кон и од соседна Бугарија во најголем дел поминува на овој пат – изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој во придружба на премиерот Оливер Спасовски и евроамбасадорот Самуел Жбогар, присуствуваше на почетокот на изградбата.

Премиерот Оливер Спасовски посочи дека во моментов се работи речиси на целата траса од паневропскиот Коридор 8 во земјава. Во делот кон Бугарија, Спасовски потенцираше дека до март ќе заврши рехабилитацијата на постојниот пат Ранковце – Крива Паланка, а во претстојниот период ќе започне санацијата на трасата од Куманово до Страцин долга 32 километри. Очекувањата се дека во наредните две години во целост ќе се заврши санацијата на постојниот пат кон Бугарија, но и ќе се пушти во употреба експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

Реконструкцијата и проширувањето на патот Крива Паланка – Деве Баир ќе го изведува компанијата „Гранит“ од Скопје. Европската банка за обнова и развој го финансира проектот со кредитно задолжување од 10 милиони евра, додека ЕУ обезбеди неповратен грант од 2,4 милиони евра преку Инвестициската програма за Западен Балкан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...