Анѓушев: Изградени се околу 42 отсто од првата делница на пругата кон Бугарија

-

Најдоцна до средината на 2020 година ќе биде завршена изградбата на железничката линија од Куманово до Бељаковце. Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Македонски железници – Инфраструктура Ирфан Асани, извршија увид во реализацијата на првата фаза од пругата кон Бугарија.

– За оваа година и половина изградени се околу 42 проценти или со други зборови завршени се околу 70% од градежните активности – нагласи вицепремиерот Анѓушев.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески објасни дека градежните работи на пругата од Куманово до Бељаковце веќе се интензивираат на терен. До крајот на годинава ќе биде завршена изградбата на самата пруга, додека поставувањето на електричните уреди долж пругата ќе биде довршено догодина.

Првата делница од проектот за железничко поврзување со Бугарија ја гради германската компанија Вибе и чини околу 40 милиони евра, средства обезбедени преку заемот од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Вицепремиерот Анѓушев денеска нагласи дека тендерската постапка за втората делница од пругата кон Бугарија е во фаза на евалуација. До крајот на 2019 година треба да се избере изведувачот на работите, а градежните работи на потегот меѓу Бељаковце и Крива Паланка би отпочнале кон средината на 2020 година. Финансиите за втората фаза од проектот се обезбедени преку грант од ВБИФ во висина од 68 милиони евра, додека останатите средства се од заем од ЕБОР.

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството, првоосомничениот ѝ...

Лишен од слобода малолетник во Скопје кој палел оган и горел кабли

Петнаесетгодишно момче од Скопје е приведено ноќеска поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил по полноќ на подрачјето на Карпош, во...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството,...