fbpx

Над 41 милион возила лани платиле патарина на нашите автопати

-

Јавното претпријатие за државни патишта лани успеало на минимум да го сведе неплаќањето патарина на автопатите низ земјава. Во 2018 година на наплатните рампи патарина платиле 41.133.515 возачи, односно за речиси 10 милиони повеќе во споредба со 2014 година.

Ланскиот процент на наплата на патарината достигнал 97 отсто. Неплаќачите се ловат на камери и врз основа на регистарската табличка на возилото им се испраќаат фактури за плаќање на казна во висина од 12.000 денари.

Ова претпријатие лани остварило зголемен вкупен приход од патарините во висина од 40,5 милиони евра.

Како што информираат од ЈП за државни патишта, само за една година се регистрирани 70 дисциплински постапки кај вработените што работат на патарина.

Со електронскиот систем за наплата што за 10-тина дена ќе биде воведен на Коридорот 10 ќе се воспостави и казнен билет што ќе се издава на самите патарини. На граѓаните што не можат да платат патарина веднаш, со казнениот билет ќе можат да го подмират надоместокот на наредната наплатна рампа или во рок не подолг од 24 часа.

Доколку не се плати казнената фактура што возачите ја добиваат по пошта, неплаќачите на патарина завршуваат тужени пред суд од страна на ЈП за државни патишта. Оттаму информираат дека електронската наплата на патарините ќе се спроведе со смарт картички и тагови, кои возачите ќе можат да ги купат на наплатните станици и во контролниот центар „Петровец“. Подготвена е и мобилна апликација што ќе биде достапна на Интернет, преку која ќе може да се надополнат електронските уреди со важечките попусти од 2 до 7 отсто во зависност од висината на надополнетата сума.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...