понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: е-трговија | 14 резултати

PayPal нуди 45 милијарди долари за да го купи Pinterest

октомври 22, 2021

Сервисот за онлајн плаќања PayPal понуди 45 милијарди долари за купување на онлајн пинбордот Pinterest, којшто служи за споделување на визуелни содржини, јавуваат светските медиуми. Двете компании се во напредна фаза на преговори, а доколку се постигне договор, тогаш оваа зделка ќе биде најскапото купување на компанија во технолошкиот сектор годинава и највисоката сума исплатена […]

АЕТМ: Лани најмногу се тргувало онлајн со Обединетото Кралство, Унгарија и Ирска

април 16, 2021

Од вкупно 62,3 милиони евра кои лани биле потрошени од домашни платежни картички за онлајн пазарење во странство, 73,6 отсто од вредноста на трансакциите се реализирале во корист на 10 земји. А, најмногу онлајн плаќања се остварени кон Обединето Кралство, Унгарија и Ирска. „Тоа е очекувано ако се има предвид дека од овие земји потекнуваат […]

АЕТМ: Расте вредноста на онлајн трансакциите, лани реализирани 178 милиони евра кон домашни трговци

април 5, 2021

Од започнувањето на ковид-19 пандeмијата, е-трговијата во Република Северна Македонија бележи значителен раст во бројот и во вредноста на реализирани онлајн трансакции, и тоа најмногу во трансакции со домашни картички кон домашни е-трговци, соопшти Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ). Според последните податоци за платежна статистика од Народната Банка на РСМ, растот на реализираните онлајн […]

НБРСМ: Силен раст на електронската трговија и плаќањата на граѓаните на интернет на крајот од 2020 година

март 31, 2021

Плаќањата со платежни картички од страна на граѓаните во трговијата во земјата, во четвртиот квартал од 2020 година, забележаа значителен годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 34 отсто и 29 отсто, соодветно, информираат од Народната банка на РСМ. „Високиот годишен раст на бројот на плаќањата на граѓаните во трговијата е пред […]

Асоцијацијата за е-трговија воведува беџ за верификуван е-трговец

јануари 26, 2021

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) воведува „Беџ за верификуван е-трговец”, кој ќе овозможи јасна дистинкција на онлајн продавниците кои се регистрирани субјекти и кои ги исполнуваат основните правила и законски прописи, од останатите онлајн продавници кои не се целосно усогласени или пак воопшто не се регистрирани и се дел од сивата економија. „Беџот ќе […]

„Ибеј“ губи во тужбата против „Амазон“

ноември 25, 2020

Малопродажниот гигант „Амазон“ (Amazon) победува во спорот во кој е обвинет за преземање на трговци од неговиот ривал „Ибеј“ (eBay). Арбитражната комисија донела одлука во корист на „Амазон“ претходно овој месец, според судските документи кои ги поднела компанијата во вторникот. „Ибеј“ поднела две тужби, едната против „Амазон“ во 2018 година, а другата против група менаџери […]

Амазон има проблем со лажните прегледи за производи што се нудат на продажба

септември 9, 2020

Еден од најпопуларните веб-сајтови за е-трговија Амазон, има огромен проблем со лажни прегледи кои сѐ потешко се забележуваат, пишува Си-Ен-Би-Си (CNBC). Во јули на факултетите во Калифорнија направена била студија во која биле пронајдени преку 20 групи на Фејсбук посветени на создавање на лажни прегледи на Амазон. Ваквите прегледи ги поттикнуваат продажбите на „небезбедни“ и […]

Манчевски: Централниот електронски регистар на население и порталот е-услуги се при крај

октомври 26, 2018

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, зборуваше на првата конференција за е-трговија што денеска се одржува во Скопје, осврнувајќи се на важноста од обезбедувањето на е-услуги, како основа за дигитализација на Македонија. – Во тек се завршните активности за лансирање на нов национален портал е-услуги, како и централен електронски регистар на население. Порталот […]

На првата Конференција за е-трговија кај нас, ќе учествуваат 30 говорници од девет држави

октомври 16, 2018

Првата Конференција за е-трговија кај нас, ќе се одржи на 26 октомври во хотел „Мериот“, а ќе учествуваат триесетина говорници од девет држави. Покрај локалните учесници и експерти за е-трговија, ќе има говорници и од САД, Велика Британија, Чешка, Словенија, Бугарија, Србија, Полска и Белгија. Во рамките на конференцијата ќе се зборува за сегашната ситуација на […]

Започнува со работа првата Асоцијација за е-трговија на Македонија

март 29, 2018

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија денеска и официјално почна да работи, а во ЕУ-инфо центарот ги претстави мисијата, целите и годишната програма. Гувернерот на Народна банка, Димитар Богов изјави дека формирањето на оваа Асоцијација е значајно бидејки може да одигра голема улога во унапредувањето на е-трговијата, а воедно да придонесе кон други позитивни аспекти за […]

Страна 1 од 1