fbpx
Таг: ДПА

таг: ДПА

Бриселската тројка ќе го откочува Договорот од Пржино

Европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан денеска напладне ќе ги почнат средбите со претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино, соопштуваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје. За време на посетата, европратеничката тројка, која заедно со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, посредуваше при носењето на Договорот, ќе се сретне и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева...

Европратениците ќе имаат одвоени средби со политичките лидери, Јанева и со ДИК

Европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел в понеделник ќе имаат одвоени средби со потписниците на Договорот од Пржино, но сè уште не се знае дали ќе се одржи и заедничка средба со нив, дознава „Мета“. Европратеничката тројка, која заедно со еврокомесарот Јоханес Хан посредуваше во постигнувањето на договорот, со политичките лидери ќе разговараат за целосното спроведување на договорот,...

Тачи: Изборите на 24 април ќе бидат фер и демократски

Парламентарните избори на 24 април идната година ќе бидат фер и демократски, изјави денеска претседателот на ДПА, Мендух Тачи, кој рече дека за тоа добил гаранции од ЕУ и од САД. На предновогодишна средба со членството и со симпатизерите на партијата во Тетово, тој истакна и дека доколку некој се осмели тоа да не се случи, „овојпат ќе добие пенали“. Во...

Лидерите го повикаа Собранието да ги назначи членовите на ДИК

Лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино, во заедничката писмена изјава го поздравија денешниот договор за целосниот состав на ДИК и го повикаа Собранието да ги назначи Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Александар Чичаковски за независни експерти во ДИК. „Го покануваме Собранието да ги финализира неопходните постапки што е можно побргу, за комисијата да почне со својата работа и да ги преземе...

ВМРО-ДПМНЕ бара пониска цена за зонското паркирање во Тетово

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Советот на Општина Тетово, побара измени и дополнувања на тарифникот за зонско паркирање, односно воведување месечен билет со пониска цена за станарите од околните згради за паркирање во зоната А. На тој начин, според советниците од ВМРО-ДПМНЕ, би се решил проблемот со паркирањето на овие граѓани, затоа што со воведувањето на зонското, со...

Членовите на aнкетната комисија ќе се избираат денеска во 18 часот

Комисијата за прашањата на изборите и именувања денеска во 18 часот ќе одржи втора седница, на која ќе треба да се изберат членови на анкетната комисија на која треба да се расправа за прислушуваните разговори. Пратеникот Горан Мисовски рече дека од ВМРО-ДПМНЕ намерно не предлагаат членови затоа што сакаат максимално да да се одложи формирањето на комисијата. Анкетната комисија ќе има...

Мисовски: ВМРО-ДПМНЕ намерно не сака да се формира анкетна комисија

Седницата на собраниската комисија за прашања за изборите и за именувањата, на која требаше да се изберат членови на анкетната комисија, беше одложена затоа што ВМРО-ДПМНЕ и ДПА не дале предлози. Пратеникот од СДСМ, Горан Мисовски, рече дека од ВМРО-ДПМНЕ намерно не предлагаат членови затоа што сакаат максимално да се одложи формирањето на ова тело. Анкетната комисија ќе има вкупно 16...

Ако лидерите вечерва се договорат, законите утре на собраниска седница

Во Клубот на пратеници почна средбата на претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. Се очекува лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино да го кажат последниот збор околу спорните прашања за законот за влада и за законот за приватност. На средбата присуствуваат и амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД)...

Тачи: Новата партија ја чини ДУИ пет пратеника

„Новата партија ја чини ДУИ пет пратеника. Партијата што имаше 19 пратеници, сега има 14“, изјави денеска Мендух Тачи, лидерот на ДПА. Тој вели дека за Албанците е важно ДУИ да замине во опозиција. - Ако ДУИ отиде во опозиција, не значи дека ДПА ќе победи, туку дека албанската опозиција ќе победи - вели Тачи, додавајќи дека е многу рано да се каже дали...

Движење за реформи на ДПА: Аферата „Телеком“ ја докажа тешката состојба на Албанците во Македонија

Според Движењето за реформи на ДПА, тешката состојба на Албанците во Македонија се докажа преку аферата „Телеком“, со објавените докази во судот во Њујорк за првите луѓе на ДУИ, Али Ахмети и Муса Џафери. Според движењето, специјалниот обвинител, за кој моментално се водат преговори, нема да ја искорени олигархијата, која има длабоки корени во домашните судови, а во која е...

Рилкоски на состанокот на работните групи

Работните групи на најголемите политички партии за спроведување на Договорот од Пржино најверојатно денеска ќе разговараат за поставеноста на Држваната изборна комисија (ДИК), судејќи по тоа што на состанокот во Клубот на пратеници присуствува и претседателот на комисијата, Никола Рилкоски. Партиите ги претставуваат истите членови на работните групи. Од СДСМ претставници се Радмила Шекеринска и Дамјан Манчевски, на кои денеска им...

ДУИ: Тачи само сака да собере политички поени

ДУИ реагираше на обвинувањата од лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Од ДУИ сметаат дека изјавите на Тачи се за тој да стекне политички поени. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, вели дека за неговата партија е важно албанските теми да бидат дел од агендата на процесите кои имаат печат на меѓународните партнери и за тоа ДУИ прави постојани напори. Според Османи, кој...

Хан и европратеничката тројка во мисија да ја решат кризата

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска заедно со европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит ќе се обиде да ги помести преговорите од мртва точка и да издејствува наоѓање крајно решение за политичката криза. За време на посетата, Хан и европратеничката тројка, како што соопштија од Европската комисија, ќе имаат одделни средби со лидерите на политичките...

Мендух Тачи: Преговорите нема да бидат успешни ако лидерите не постигнат договор за името

Доколку не се постигне договор околу прашањето за името, дијалогот што се води помеѓу политичките лидери нема да има никакво значење. Ова го изјави претседателот на ДПА, Мендух Тачи, на одбележувањето на годишнината на партијата, во чии рамки опозициската партија организираше вечера во согласност со рамазанските пости. - Слушнавме, демантираат двете политички партии, и ВМРО-ДПМНЕ и  СДСМ, дека ние не сме разговарале за прашањето...

Тројката Хан-Орав-Бејли посредува меѓу лидерската четворка

Американскиот амбасадор, Џес Бејли, им се придружи на еврокомесарот Јоханес Хан и на евроамбасадорот Аиво Орав, на лидерската средба во резиденцијата на евроамбасадорот на Водно. Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, утринава од 9.45 часот се во резиденцијата на ЕУ, каде со посредништво на Хан се обидуваат да најдат излез од политичката криза. По неколкучасовни разговори,...

Хан ја комплетираше четворката – има шанси за напредок

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, пристигна на лидерската средба што денеска се одржува во резиденцијата на ЕУ на Водно, со посредништво на еврокомерасот Јоханес Хан. Веќе шест часа трае средбата на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев. Засега не се откриваат детали од разговорите. Попладнето, околу 14 часот, на средбата пристигна и лидерот на ДУИ, Али Ахмети....

Ќе има лидерска средба во Клубот на пратеници?

Лидерската средба меѓу претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА ќе се одржи по 16 часот во Клубот на пратеници. Сепак, преговарачките тимови оставаат можност тоа и да не се случи доколку еврокомесарот Јоханес Хан почувствува дека нема шанси за напредок околу решавање на политичката криза во Република Македонија. Преговорите во резиденцијата на Европската унија на Водно, кои почнаа во...

ВМРО-ДПМНЕ и ДПА ја раскинаа советничката коалиција во Струга

Советничката група на Демократската партија на Албанците (ДПА) во Советот на Општина Струга денеска ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во ова општинско тело. Претседателот на Советот, Абдула Ќазимоски, по почнувањето на денешната седница, дал пауза и најавил оти коалицијата помеѓу овие две партии се раскинува. Ќазимоски, во изјава за „Супер радио“, образложи дека причината била досегашната некоординираност помеѓу двете советнички групи,...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ниту потврдуваат, ниту демантираат дека има „нон пејпер“

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ниту потврдуваат, ниту демантираат за тоа дали преговарачкиот тим од Европската унија излегол со „нон пејпер“ на средбата меѓу Никола Груевски и Зоран Заев во Стразбур. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека „не знаат ништо за некаков нон пејпер“. Од СДСМ, за „Мета“ изјавија дека „не се запознаени со таков документ“. По кратката пауза и по поединечните консултации на тимовите, почна...

Лидерска средба: СДСМ бара преодна влада и гаранции за договореното

Нема напредок во вториот дел од втората лидерска средба, брифираат извори од СДСМ. Според нив, тие предлагаат два моменти за излез од политичкиот ќор-сокак: прво, договор за задолжително формирање преодна влада и второ, гарантирање на условите кои би биле утврдени при евентуалниот договор. Дознаваме дека ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА настапуваат со заеднички став оти е потребно формирање на собраниски комисии за расветлување...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...