fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и ДПА ја раскинаа советничката коалиција во Струга

-

Советничката група на Демократската партија на Албанците (ДПА) во Советот на Општина Струга денеска ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во ова општинско тело.

Претседателот на Советот, Абдула Ќазимоски, по почнувањето на денешната седница, дал пауза и најавил оти коалицијата помеѓу овие две партии се раскинува.

Ќазимоски, во изјава за „Супер радио“, образложи дека причината била досегашната некоординираност помеѓу двете советнички групи, а повод, како што рече, е денешното несогласување од членовите на Советот од ВМРО-ДПМНЕ да се усвои одлука за определување финансиски средства за настраданите семејства во кумановската населба Диво Насеље од буџетот на Општина Струга.

– Причината за раскинувањето на коалицијата во Советот е тоа што досегашната соработка од нивна страна не беше во добра насока. Не поддржуваа одредени предлози и иницијативи што ги даваа советниците од ДПА и апстинираа од одредени точки на дневниот ред. Сепак, чашата ја прелеа денешното одбивање да се додели хуманитарна помош во парични средства на населението што настрада во настаните во Куманово – вели Ќазимоски за радиото.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ денеска гласаа против одлуката за определување финансиски средства за настраданите семејства во кумановската населба. Со оваа одлука е предвидено вкупно 600.000 денари од буџетот на Општина Струга да бидат поделени како помош на кумановските семејства чии домови беа уништени во инцидентот што се случи пред три недели во кумановско Диво Насеље.

Според координаторот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Перо Петкоски, оваа партија секогаш работи за граѓаните на Струга и, како што рече, не поддржува одлуки кои се штетни за стружани и за другите граѓани на Република Македонија.

– Нашиот став е ист како и оној на Владата. Ако му се помага на населението кое настрада во кумановските настани, помош треба да им се даде и на семејствата на загинатите полициски службеници. Ние како Општина, немаме голем буџет за да се обесштетат и оние кои биле повредени. Нашата коалиција и досега не беше коалиција во вистинска смисла. Прашање на време беше кога ќе се раскине – изјави Петкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...