fbpx

Заев: Не верувам, но очекувам Груевски да си замине

-

Во вториот дел од снимките што ги презентираше лидерот на СДСМ пред Владата, Гордана Јанкулоска зборува со Горанче Савовски (новиот директот на Бирото за јавна безбедност) за фирма од Неготино, која е контролирана од УЈП за да ѝ прогледа низ прсти иако во цистерната имало 5,5 тони „црвена нафта“. Таа вели да видат дали и што може да се направи со таа фирма. Савовски ѝ објаснува дека ќе го решат проблемот.

Јанкулоска во разговор со Горан Трајковски, директорт на УЈП, зборува за неготинска фирма „Тандем“. Таа му објаснува дека тој човек им помагал за друга работа. Трајковски ѝ вели дека „Радникот му пратил порака за да направи проверка“. Јанкулоска вели дека „шефот наредил да не се направи контрола“. Трајковски, пак, вели дека газдата на „Тандем“ се јавувал во Кавадарци зашто му снемало 1.600 евра кои биле кај цистерната и дека, всушност, сакал да се прави жртва.

Јанкулоска и Груевски зборуваат за писмо од Агенција за воздушна пловидба за Маја (според Заев, сопругата на претседателот Ѓорге Иванов). Премиерот вели дека „ја смирил топката“, а писмото, ако може, да го снема од архива. Јанкулоска вели дека писмото е кај неа во фиока, но проблем е што поминало низ главна архива и дека можно е некој да го фотокопирал. Премиерот вели дека Маја сакала да го смени (непознато лице), на што Груевски инсистирал да не се стори тоа затоа што ќе биде на штета на државата. Груевски вели дека ако излезе фотокопија, двајцата ќе кажат дека не е точно и дека нема оргинал.

Денеска во медиумите излезе интервју на Заев за електронското издание на весникот „Ди цајт“ во кое пишува дека тој рекол оти „седумте етнички Албанци што се осудени за убиството кај Смиљковско Езеро се невини и неправедно седат в затвор“. Во врска со тоа, одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека тоа е „грешка на самиот новинар“ иако „постојат големи сомневања во случајот“. Тој вети дека ќе се објават сите детали, но дека не сака да се направат проблеми во држвата.

Заев рече дека по интервјуто на Груевски, во кое тој навестува дека нема замешано странски служби со случајот, очекува да се повлечат сите обвиненија против луѓето што се во притвор и дека треба веднаш да бидат ослободени. Тој вели дека никаде не постои доказ за соработка со тајни служби.

– Ние не отстапуваме од нашите барања. Очекуваме оставка од Никола Груевски. Секој нормален човек за 30 минути би дал оставка. Затоа е оваа мачнотија. Бараме преодна влада, која ќе ги зацрта насоките за предвремени избори. Во крајниот момент, не верувам, но очекувам сепак Груевски да поднесе оставка. Ни требаат влијателни луѓе и САД за да се најде решение за кризата – изјави Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...