fbpx

Членовите на aнкетната комисија ќе се избираат денеска во 18 часот

-

Комисијата за прашањата на изборите и именувања денеска во 18 часот ќе одржи втора седница, на која ќе треба да се изберат членови на анкетната комисија на која треба да се расправа за прислушуваните разговори.

Пратеникот Горан Мисовски рече дека од ВМРО-ДПМНЕ намерно не предлагаат членови затоа што сакаат максимално да да се одложи формирањето на комисијата.

Анкетната комисија ќе има вкупно 16 членови, од кои осум ќе бидат од ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен пратеник.

Кандидат за претседател е пратеникот и портпарол на партијата Петре Шилегов, а негов заменик ќе биде Мисовски. Членови предложени од СДСМ се Ванчо Ковачевски и Томислав Тунтев.

Првата седница на комисија беше одложена затоа што ВМРО-ДПМНЕ и ДПА не предложија свои членови во комисија која треба да се занимава со содржината на објавените „бомби“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...