fbpx
Таг: ДКСК

таг: ДКСК

Антикорупциска предупредува дека Заев не може да биде и премиер и министер за финансии

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска преку соопштение реагираше дека е неправилно Зоран Заев во исто време да биде и премиер и министер за финансии. Комисијата соопшти дека ако нејзиното укажување не се земе предвид, ќе биде приморана „да преземе конкретни мерки согласно нејзините надлежности“. Реакцијата доаѓа денеска, кога во Собранието треба да се разгледува предлогот за реконструкција...

Антикорупциска поведе две прекршочни постапки против Иванов за унапредувањата во АРМ

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) донесе одлука за поведување две прекршочни постапки против претседателот Ѓорге Иванов за донесени укази за унапредување и поставување старешини во АРМ за време на изборниот период, што, според ДКСК претставува непочитување на забраните утврдени на Изборниот законик и Законот за спречување корупција и судир на интереси. Имено, претседателот Иванов со указ го унапредил...

Османи: Антикорупциска и законот за СЈО се клучни за позитивен извештај од ЕК

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретна со членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата како дел од институционалните посети поврзани со имплементацијата на реформите од Планот 18. Според Османи, ДКСК не е само важен елемент во превенцијата на криминалот и корупцијата, туку и еден од условите по кои Европската комисија, а со тоа и земјите...

Борба против корупција: Имаме закони, ни требаат луѓе што ќе ги спроведат

„Нема клетка во Македонија во која нема корупција“,  „борбата со корупцијата тешко ја водат слаби институции“, таа е „патриотска должност“, но треба да ја предводат силни институции – за неа „имаме закони, но ни требаат луѓе што ќе ги спроведат“, сметаат експертите за доброто владеење и корупцијата во Македонија. Состојбата, која кулминира со самораспуштање на последниот состав на Државната...

Нови 3.000 предмети ја чекаат новата Антикорупциска комисија

Речиси 3.000 нови барања, пријави и обрасци стигнале на адресата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) од март, кога таа формално го изгуби мандатот да постапува по предметите, до крајот на септември. Поради бројни нерегуларности во работата на последниот состав на Антикорупциската комисија, Собранието на 19 март разреши пет од седумте членови на Комисијата, со што таа...

Секоја година ќе се проверува имотот на членовите на Антикорупциската комисија

Со новиот закон за изменување на Законот за спречување на корупцијата, кој од денеска е на јавна расправа, ќе се зајакне Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и поефикасна борба против корупцијата, соопшти министерката за правда Рената Дескоска, презентирајќи ги предложените измени. Се предвидува во иднина и нотарите и извршителите да поднесуваат Анкетен лист до Антикорупциска и до Управата...

Граѓански организации бараат построги услови за работата на Антикорупциската комисија

Антикорупциската комисија покажа дека е неефикасна и дека не го штити јавниот интерес, затоа е неопходно да се зајакнат капацитетите на ова тело, подобро да се дефинираат правилата за избор на неговите членови, како и да се засили стручната служба, сугерираат од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата. Како што беше кажано на денешната презентација во Скопје на...

Граѓански организации побараа департизација и професионализација на Антикорупциска

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска со писмо упатено до Собранието и Владата, како и до Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК) и до политичките партии, побара воспоставување професионално тело за антикорупција, кое ефективно, независно и со висок интегритет ќе ги спроведува постапките за спречување на корупцијата во Република Македонија. Платформата повикува на промена на актуелниот...

Претседателот на Антикорупциска комисија, Тантуровски поднесе оставка

Претседателот на антикорупциската комисија, Игор Тантуровски, официјално поднесе оставка од својата функција, дознава „ТВ21“. Во документот Тантуровски вели дека оставката ја поднесува од здравствени и семејни причини. Тантуровски е втор антикорупционер кој се одлучи на ваков чекор, по вчерашната оставка на членот и поранешен претседател на ДКСК, Горан Миленков. Извори од антикорупциска за „ТВ21“ велат дека оставки најавиле и членовите Жаклина Дамчевска...

Антикорупциска утврди злоупотреба на буџетски средства за финансирање на ДУИ

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврдила постоење на основано сомневање за злоупотреба на буџетски средства и средства од јавни фоднови во финансирањето на ДУИ и за тоа писмено го известила Основното јавно обвинителство Скопје заради понатамошно постапување соопшти Транспаренси Интернешнл - Македонија. „По анализа на Годишниот извештај за членарини до донации за 2016 година, Транспаренси Интернешнл – Македонија...

Антикорупционерите се вратија од одмор, ќе го разгледуваат барањето на ВМРО-ДПМНЕ

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата вчера се вратија од годишен одмор и почнаа со работа, велат за „Мета“ од Антикорупциска. На нивниот дневен ред би требало да се најде и барањето од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Државната комисија за спречување на корупцијата да даде толкување за примената на членот 8-а од Изборниот законик, кој во време кога се...

Напладне продолжува тензичната собраниска расправа за разрешувањето на Зврлевски

Денеска напладне Собранието на Република Македонија треба да ја продолжи шестата седница, на која се расправа за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Вчерашното, осмо продолжение од собраниската расправа за разрешувањето на јавниот обвинител во најголем дел помина во реплики и контрареплики помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и во процедурални забелешки. Пратениците на опозициската партија тврдеа дека предлогот за разрешување...

Заврши одморот, Антикорупциска в понеделник ќе почне да го пишува одговорот

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) в понеделник се враќаат на работа, бидејќи в недела им завршува годишниот одмор, информираа од Комисијата за „Мета“. Антикорупциската комисија беше во центарот на политичките препирки, откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија во вторникот поднесоа барање за мислење до ДКСК, велејќи дека собраниската седница за разрешување на...

Продолжува расправата за Зврлевски, мислењето од Антикорупциска сè уште го нема

Денеска во 11 часот во Собранието на Република Македонија треба да продолжи расправата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски. Собраниската расправа за разрешувањето на Зврлевски почна на 5 јули, а досегашните седум продолжнија на седницата поминаа во реплики и во контрареплики меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и во процедурални забелешки, а во ваков дух се очекува да продолжи и...

Лага е дека министерот Поповски не го доставил анкетниот лист, велат од Владата

Лажна е информацијата изнесена на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со анкетниот лист на министерот Роберт Поповски, задолжен за комуникации, отчетност и за транспарентност, реагираше Владата. „Ја информираме јавноста дека министерот Поповски достави анкетен лист до Државната комисија за спречување корупција и до Управата за јавни приходи на 28 јуни 2017 година, а за тоа приложуваме писмен доказ од...

ДКСК: Очигледно сме погодиле во целта штом не стивнуваат реакциите на невладините

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) постапувала и постапува во сите случаи каде што има индиции за несовесно работење и за злоупотреба на службената позиција и на овластувањата, се вели во реакцијата на Антикорупциската комисија на денешното соопштение од 22 граѓански организации и фондации во кои шест месеци се вршат контроли по налог на Комисијата. Од ДКСК велат дека...

Според имотниот лист, Груевски од премиерска плата заштедил 230.000 евра и купил 33 слики

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, има заштеди од околу 230.000 евра, околу 5.000 евра долг на кредитна картичка и 33 уметнички слики вредни речиси 11.000 евра. Тоа го покажуваа анкетниот лист за имотната состојба што тој го поднел како новоизбран пратеник, кој беше објавен денеска на веб-страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата. Парите што тој ги пријавил како...

Алтхаузер: Пратениците да го поддржат СЈО и да овозможат еднаква правда за сите

Претставниците на граѓаните во парламентот да ги поддржат напорите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и да овозможат еднаква правда за сите, порача денеска германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер, која учествуваше на завршната конференција од проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, во организација на Државна комисија за спречување на корупција. Алтхаузер истана дека „во оваа насока е важно...

Шилегов: Груевски со плата од 1.400 евра за една година „заштедил“ 120.000 евра

Аболицираниот Никола Груевски тргал на страна секој месец по 10.000 евра или за една година официјално станал побогат за 118.629 евра, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој ги покажа анкетните листови на Груевски за 2014 и 2015 година, кои доскорешниот директор на Државната комисија за спречување на корупција не сакаше да им ги покаже на новинарите,...

Боја врз Владата и „споменик“ на сите украдени и испрани пари од власта

Демонстрантите вечерва ја обоија зградата во која е сместена Државна комисија за спречување на корупција (ДКСК). Активистите на „Протестирам“ со балони полни со боја фрлаа кон ДКСК во знак на револт, бидејќи, како што рекоа, таа е глува и нема за институциите корумпирани од власта.   https://twitter.com/meta_agency/status/728646953416990720 Претходно тие поставија „нов споменик“ - машина за перење пари - која симболично ги претставува испраните и...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...