fbpx
Таг: ДКСК

таг: ДКСК

Антикорупциски реформи: Напредок е забележан единствено кај ДКСK и во работата на граѓанските организации

Работењето на новиот состав на Антикорупциската комисија, посветеноста на неколку организации од граѓанскиот сектор и перспективите од новиот Закон за јавно обвинителство, се единствените светли точки во реформските постигнувања на Северна Македонија во полето на антикорупцијата и борбата со оганизираниот криминал во текот на 2019 и почетокот на 2020 година. Ова е главниот наод на истражувањето што во рамките на...

Антикорупциска со прекршочна постапка за поранешни членови на СЈО кои не пријавиле високи приходи

Државната комисија за спречување на корупцијата, ДКСК, ќе поведе прекршочна постапка против десет поранешни обвинители од СЈО, меѓу кои први на списокот се Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифоска и Лиле Стефанова, затоа што во континуитет примале високи дополнителни приходи, поголеми од 20 просечни плати, а тоа не го пријавиле во анкетните листови. „Согласно годишниот план за следење на имотната...

ДКСК: Двосмислени и непрецизни закони оставаат широк простор за коруптивно однесување

Лошо формулирани законски одредби, закони напишани со неразбирлив јазик или со некохерентна правна техника, непрецизни и нејасни законски одредби овозможуваат законот различно да се толкува и оставаат широка можност за коруптивно однесување во примена на законите, нагласува Државната комисија за спречување корупција(ДКСК). Една од надлежностите на Комисијата е антикорупциска проверка на сите предлог-закони, но и на приоритетни важечки закони. Прелиминарната...

Антикорупциска: Ректорите на УКИМ и УКЛО незаконски формираат синдикати

Ректорите на скопскиот и на битолскиот универзитет директно ги прекршиле начелата на законитост и интегритет со повикот за формирање синдикати на универзитетите, соопшти Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) на денешата прес-конференција. Прекршување на Законот за работни односи утврдил и Државниот инспекторат за труд, кој ќе спроведе своја постапка. Независниот академски синдикат до ДКСК пријавил постоење судир на интереси и...

Владата дополнително ќе објави кои весници колку субвенции добиле

Владата, дополнително ќе објави кои се 12-те печатени медиуми и по колку средства добиле од вкупно 710.000 евра колку што им беа доделени од владината Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2019 година. Според владини извори, иако одлуката е донесена, таа официјално ќе биде објавена штом биде усвоен записникот од вторничната седница. Како што извести владата,...

12 печатени медиуми ќе поделат 710.000 евра субвенции за печатење и дистрибуција

На 12 медиуми им се распределени околу 710.000 евра од владината Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2019 година. Ова било одлучено на вчерашата седница на која е констатирано дека на повикот за финансиска поддршка за 2019 година пристигнале вкупно 16 барања, од кои критериумите ги исполниле само 12 медиуми. Во буџетот за оваа...

Антикорупциска бара да се дефинира кои се „итни и неодложни“ вработувања во предизборие

Прецизно да се дефинира во кои „случаи на итни и неoдложни работи“  може да се огласуваат нови вработувања во јавниот сектор за време на избори, но и да се именуваат нови функционери, бара Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), која укажа дека масовните огласи за вработување, особено во јануари, „ оставаат простор за сомневање дека се врши влијание врз...

ДКСК: Бавете се со политика поради јавен, наместо поради личен интерес

За да се подобри лошиот индекс на перцепција на корупцијата треба да се вклучи целото општество, а особено да се остави простор за работа на независните тела како што е Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), неопходно е да се зајакне соработката меѓу институциите, да се применуваат процедурите и да функционира контролата, порача денеска ДКСК. - Сепак, како најважен момент...

Најмалку 12,7 милиони евра јавни пари во медиумите до крајот на годината

Буџетското финансирање медиуми, и преку изборните кампањи и преку субвенциите, е ризик за корупција и политичко влијание врз јавните гласила, особено во предизборниот период. Оваа констатација ја делат и новинарските здруженија, невладините организации, но и Државната комисија за спречување корупција, која за ризикот што го носат државните пари во медиумите од неколку аспекти пишува и во својата проценка на...

Антикорупциска бара построги критериуми за државни субвенции за медиумите

Да се зајакнат критериумите за доделување на државна помош за печатените медиуми, бара Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која во Националната стратегија за спречување корупција ваквите субвенции ги оценува како ризик за корупција и клиентелизам. ДКСК бара и медиумите да не добиваат буџетски пари за изборни кампањи. Годинава, Владата ќе им додели на печатените медиуми субвенции од...

Антикорупциска бара медиумите да не добиваат буџетски пари за политички кампањи

Да се укине буџетското финансирање на платеното политичко рекламирање на партиите во изборните циклуси, бара Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) со новата Национална стратегија за спречување корупција, каде што истакнува дека „ буџетското финансирање на платената политичка програма за изборна кампања е потенцијален ризик за корупција и создавање на клиентелистички однос“. „Заради природата на својата дејност и големото...

Политичкото влијание и неказнивоста се главен извор на корупција, се вели во Националната стратегијата

Јавните набавки и вработувањата во јавниот сектор се процеси кои создаваат најмногу ризици за корупција, во сите сектори на општеството, а главни причини се силното политичко влијание во јавниот сектор и неказнивоста на корупцијата. Тоа се, накратко, главните проблеми кон кои е насочена Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2020-2024, што Државната комисија за спречување...

Антикорупциска предупреди што не смее власта да прави во текот на изборната кампања

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ги извести министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторни тела, трговски друштва и други институции основани од државата, како и јавноста, дека во периодот од распишувањето на предвремените избори до нивното одржување нема законски можности да дава мислења по барања за постапување на институциите. Истовремено Антикорупциска ги предупреди...

За политиката да не се меша во државните вработувања треба – политичка воља

државна комисуја за спречување на корупција
Силно политичко влијание во јавниот сектор, неказнивост на коруптивното однесување, дупки во законите, склоноста кон корупција на вработените во јавниот сектор, односно „проблеми со интегритетот на човечкиот фактор“ и слаб надзор и контрола се главните причини за корупција при вработувањата во јавниот сектор, утврдила анализата на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), подготвена за потребите на идната стратегија за...

Вработување во јавниот сектор: Колку понепрецизни норми, толку поголем простор за самоволие

Постои сериозна неконзистентност во легислативата за вработување во јавниот сектор, што остава голем простор за дискрециско одлучување, предупредуваат невладината „Транспаренси интернешнл - Македонија“ и Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), кои спроведуваат проект за проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување во јавниот сектор. Само во прелиминарната анализа на 19 закони, двете институции откриле 46...

Тасева: Регулативата за вработување во јавниот сектор се крои по мерка

„Правилниците се прават по потреба. Ако тој што треба да го вработат е стоматолог, ќе го сменат правилникот за да го вработат“, вели Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнел - Македонија“, која денеска ги објави резултатите на прелиминарната анализа на легислативата за вработување во јавниот сектор. Во 19 анализирани закони и два подзаконски акта, „Транспаренси“ и Државната комисија за...

ДКСК ќе ги глоби функционерите кои нема да и достават податоци за избраните и именувани лица

Фото: Борче Поповски
Глоба од 300 до 500 евра им се заканува на одговорните лица во државните институции кои на Државната комисија за спречување на корупцијата нема да и достават податоци за избрани и именувани лица, за кои се надлежни. По неколку неуспешни обиди да ги поттикне институциите да и достават податоци неопходни за регистарот на избрани и именувани лица, ДКСК со...

„Набљудување на работата на ДКСК“: Против корупцијата се бори со отчетни институции

Платформата на граѓански организации за борба против корупција денеска во хотел Холидеј Ин во Скопје одржа конференција за започнување на проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување корупција“, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија. На конференцијата беше презентирана методологијата за набљудување на отчетноста на засегнати институции по одлуките на Државната комисија за спречување на корупцијата...

Антикорупциска: Го поддржуваме “ветингот”, граѓаните се жалат кај нас на судиите и обвинителите

Претседателката на Комисијата за спречување на корупцијата (Антикорупциска), Билјана Ивановска, вели дека оваа институција ја поддржува идејата за проверка или "ветинг" на судиите и јавните обвинители, со оглед дека до нив има многу поплаки од граѓаните за работата на судиите и обвинителите, пишува „Порталб.мк“. Ние го поддржуваме "ветингот" и мислам дека тоа може да помогне во изборот на судии и...

Смешна е реакцијата на Врховниот суд, Антикорупциска има право да предупреди за судир на интереси

Смешна е реакцијата на Врховниот Суд, околу предупредувањето на Антикорупциската комисија дека постои судир на интереси ако тие самите расправаат и одлучуваат за нивното разрешување. Ова е оценка на поранешната членка на Антикорупциска Вања Михајлова, пишува „Порталб.мк“. "Законот за спречување на корупција и судир на интереси важи и за нив, а го прочитав одговорот на Врховниот суд и се шокирав. Важи...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...