fbpx
Таг: дискриминација

таг: дискриминација

Хелсиншки: Владата и ДИК сториле дискриминација врз лицата со попреченост при остварување на нивното право на глас

Владата на Република Северна Македонија и Државната изборна комисија (ДИК) сториле директна дискриминација врз лицата со попреченост при остварувањето на нивното право на глас, соопштија од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Судот утврдил дека дискриминацијата е сторена со непреземање на дејствија за приспособување на инфраструктурата и просторот до и во дел од избирачките места, а со тоа го повредиле начелото...

КСЗД најави прекршочна пријава против МОН за неизедначените стипендии

Студентски дом Гоце Делчев
Студентите и учениците на кои не им беа покачени стипендиите, и понатаму ќе земаат пониски суми од новите апликанти. Засега нема информации дека власта ќе ги изедначи стипендиите за сите, за што, поради утврдена индиректна дискриминација, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) ќе поведе прекршочна постапка против Министерството за образование и наука (МОН). Заплетот околу покачените стипендии започна...

Литија со „Ноќни волци“ и слики од Путин во Белград против Европрајдот во септември

Во Белград вчера се одржа собирот „Литија за спас на Србија“, со граѓани кои носеа црковни икони, фотографии од Владимир Путин и моторџии - членови на „Ноќните волци“ кои го предводеа настанот против одржувањето на Европрајдот во септември во српскиот главен град, јавува телевизијата Н1. Банатскиот владика Никанор им се обрати на учесниците на литијата, давајќи им го како пример...

НМХТ: Бараме итно постапување за нападот врз Асани од „ЛГБТИ Јунајтед“ – Тетово

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ) остро го осудува физичкиот напад врз претседателот на „ЛГБТИ Јунајтед“ - Тетово, Беким Асани кој се случил во Струмица во понеделникот на 8 август. Како што се наведува во реакцијата, според сведоштвото на Асани и неколку други сведоци, нападот се случил во центарот на Струмица, каде тој бил со волонтер(к)и од „ЛГБТИ Јунајтед“...

Посебна комисија ќе одлучува дали ќе се повлече учебникот по социологија за втора година

Министерството за образование и наука информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрен учебник - учебникот Социологија за втора година, гимназиско образование. Во законски рок од 10 дена, Комисијата треба да го достави предлогот до министерот за образование и наука. Формирањето на комисијата следи по забелешките од јавноста, особено од стручната фела. „Инклузивниот процес...

Порталб: Центрите за социјална работа активно работат, документацијата за давање помош е намалена

Центрите за социјална работа функционираат согласно измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита од мај 2019 година. Принципот на менаџирање на случаи се имплементира, менаџерите ги водат случаите според територијален принцип за семејствата кои остваруваат права од областа на социјалната заштита и заштитата на децата, но исто така и услуги согласно законот, велат од Министерството за труд и...

Објавен регионалниот извештај за родово-базирана дискриминација и пазар на труд

Коалицијата за борба против родово-базирана дискриминација на пазарот на труд на Западен Балкан вчера преку Зум го промовираше второто издание на истражувачкиот извештај со наслов Родово-базирана дискриминација и работни односи во Западен Балкан. Истражувањето беше спроведено од женски граѓански организации (ЖГО) како дел од регионалната акција „Зајакнување на граѓанските организации во борбата против дискриминација и унапредување на работничките права на...

Загрижувачки податоци за опресија и дискриминација презентирани на Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата

Коалиција Маргини на дебатата за одбележување на Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата (IDAHOT) што вчера се одржа во резиденцијата на ЕУ на која во присуство на шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, првата дама, г-ѓа Елизабета Ѓорѓиевска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз го презентираше извештајот „Секојдневниот и емоционалниот живот на...

Во Авганистан никна „тајно“ училиште во кое се одржува настава за девојчиња против режимот на Талибанците

Сокриено во станбена населба, во мал стан и просторија со неколку клупи и бела табла за пишување со маркер - вака изгледа новото „тајно училиште“ за девојчиња во Авганистан што во овие времиња претставува моќен чин на пркос против Талибанците, објави Би-би-си. Во училиштето што секојдневно го посетуваат околу 10 девојчиња се одржуваат еден до два часа на ден настава...

Две третини од учениците во средните училишта во Скопје сметаат дека има врсничко насилство

Речиси две третини од учениците во средните училишта во Скопје сметаат дека има врсничко насилство помеѓу учениците во нивното училиште. Околу една третина од учениците одговориле дека биле жртва на некоја форма на врсничко насилство во изминатата година. Овие поразителни бројки произлегуваат од анкетата со 995 ученици и 255 наставници спроведена од Институтот за човекови права од декември 2021...

КЗД: Случајот со малата Ембла најтежок облик на дискриминација во изминатиов квартал

Расте бројот на претставки за вознемирување на Фејсбук и на другите социјални мрежи, а случаи на дискриминација има и на работните места, во образованието и во спортот. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КЗД) денеска го презентираше Кварталниот извештај за сработеното за периодот јануари-март 2022 година. Еден од случаите на дискриминација за кој пренесоа медиумите е и случајот со...

Ќе важат ли покачените стипендии за сите ученици и студенти од септември?

Студентски дом Гоце Делчев
Со лавина реакции, онлајн петиција и утврдена дискриминација се соочи Министерството за образование и наука (МОН) по зголемувањето на стипендиите само за дел од учениците и студентите. Наместо пофалба за зголемените износи, државната политика на стипендирање изминава година беше „поздравена“ со обвинувања и револт меѓу студентите и учениците и утврдена индиректна дискриминација од страна на Комисијата за спречување и...

Хелсиншки комитет: Системот не им дозволува на Ромите да излезат од маргините на општеството

Меѓународниот ден на Ромите е прилика за славење на ромската култура, но и повод да се осврнеме на фактичката состојба во која се наоѓа оваа заедница, односно на причините кои оневозможуваат вистинска социјална интеграција на ромската заедница во општеството, пишува Хелсиншки комитет за човекови права (ХКЧП). Според оваа организација, во земјава постои расизам насочен кон Ромите, што ги држи припадниците...

„Амнести Интернешeнeл“ за Северна Македонија: Насилство врз жени и девојчиња, хомофобија и говор на омраза

Од перспектива на човековите права, 2021 година беше главно приказна за предавства и лицемерие во коридорите на моќта, се вели во Годишниот извештај на „Амнести Интернешнал“ за состојбата на човековите права во светот во 2021 година, објавен во март оваа година. Оваа организација секоја година глобално анализира каква е состојбата со човековите и граѓанските права во 154 држави вклучително...

Реактор: Родово-базираната дискриминација во земјава е на исто ниво како во 2019

Вчера во просториите на Јавна соба, Реактор – Истражување во акција го промовираше последното истражување на тема: „Родово-базирана дискриминација и работнички права во Северна Македонија“. На панел дискусијата по повод оваа промоција, Васка Лешоска истражувачка во Реактор, презентираше дел од официјалната статистика за пазарот на труд која упатува дека разликата во вработеноста меѓу мажите и жените на работоспособна возраст изнесува...

Повлекувањето на предлог-Законот за матична евиденција ја продолжува дискриминацијата врз трансродовите лица

„Институциите се однесуваат со нас на начини како да сме криминалци, започнувајќи со обвиненија за фалсификување на личните документи од страна на полицијата, кога притоа истите се издадени со решение од МВР, во Управата за матична евиденција за вадење на извод нѐ враќаат по неколку пати секој пат со изговор дека ги немаме потребните документи, вработувањето не доаѓа предвид...

Ученички со солзи, на првиот училиштен ден се затворија средните женски училишта во Авганистан

Денеска е првиот училиштен ден и ре-отварањето на училиштата низ Авганистан откако Талибанците ја презедоа власта во август минатата година. Притоа, главната одлука гласеше дека на сите девојчиња, односно ученички ќе им биде дозволено посетување на настава, доколку се придржуваат до правилата и униформите за облекување. Само неколку часа по отворањето на сите училишта по речиси седум месечен прекин, талибанските...

Мрежа против хомофобија: Противниците на законот за матична евиденција очигледно го немаат прочитано истиот

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија одржа прес-конференција на која изрази став и критика во однос на одлуката на владата да го повлече Предлогот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција само еден ден пред да биде разгледан од пратениците на Комисијата за политички систем. „Загрижува фактот што најгласните противници на овој закон очигледно го немаат прочитано предлог-законот....

Обединети нации го прогласи 15 март за меѓународен ден против исламофобијата

Генералното собрание на Обединетите Нации со резолуција го прогласи 15 март за Меѓународен ден за борба против исламофобијата, пренесува Еј-Би-Си Њус. Оваа одлука е усвоена преку консензус на светската организација, која денес брои 193 земји членки. Истата е ко-спонзорирана од 55 воглавно муслимански држави и го посочува правото на слобода на религија и верување, што потсетува на резолуцијата донесена во...

Протестен марш за еднакви права: „Сиромаштијата има женско лице“

„Со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за секојдневните системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни. Овој 8 Март го одбележува женската сиромаштија, овозможена од системот, а продлабочена како резултат на двегодишната пандемија со ковид-19 и нејзините последици. Маршираме бидејќи држава во која жените не се вклучени како...

По една ѕвезда на Широк сокак за лауреатите на Златна Камера 300 за животно дело

На годинашното јубилејно 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ по прв пат на Широк сокак во Битола, ќе бидат откриени ѕвезди на сите досегашни добитници...