fbpx

Обединети нации го прогласи 15 март за меѓународен ден против исламофобијата

-

Генералното собрание на Обединетите Нации со резолуција го прогласи 15 март за Меѓународен ден за борба против исламофобијата, пренесува Еј-Би-Си Њус.

Оваа одлука е усвоена преку консензус на светската организација, која денес брои 193 земји членки. Истата е ко-спонзорирана од 55 воглавно муслимански држави и го посочува правото на слобода на религија и верување, што потсетува на резолуцијата донесена во 1981 година која повикува на „елиминација од сите форми на нетолеранција и дискриминација базирани на религијата или верувањето“.

Веста оваа одлука беше споделена и на Твитер профилот на ОН:

„Генералното собрание повикува на зајакнување на меѓународните напори за поттикнување на глобален дијалог за промоција на културата, толеранцијата и мирот, на основа на почитувањето на човековите права и различностите во сферата на религијата и верувањата.“

15 Март го одбележува денот на сеќавање на трагичниот масакр кога вооружен маж влезе во две џамии во Крајстчурч, Нов Зеланд и уби 51 човек и рани 40.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...