Мрежа против хомофобија: Противниците на законот за матична евиденција очигледно го немаат прочитано истиот

-

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија одржа прес-конференција на која изрази став и критика во однос на одлуката на владата да го повлече Предлогот за изменување и дополнување на Законот за матична евиденција само еден ден пред да биде разгледан од пратениците на Комисијата за политички систем.

„Загрижува фактот што најгласните противници на овој закон очигледно го немаат прочитано предлог-законот. Доколку истите го прочитале, одговорите на нивните прашања и дилеми ќе ги нашле токму во предлог-законот. Во изјавата лицето јасно укажува дека промената ја прави заради усогласување на родовиот идентитет со ознаката за пол во матична евиденција и дека истата ја дава под морална, кривична и материјална одговорност дека тоа не го прави со цел да избегне договорна, законска или каква било друга обврска“, вели Наташа Бошкова од НМХТ.

Законот гарантира заштита на бракот, вклучувајќи задолжителен развод на брак пред да се бара измена на податокот за пол. Законот изрично вели: уредување на постапката во сите области којшто ќе бидат засегнати од промената на податокот за пол. Дури потоа, на крај, лицето кое што бара промена на податокот за пол потпишува изјава заверена на нотар.

Бошкова нагласи дека како предлог, законот седи во Собрание веќе една година, период во кој не се одржа ниту една јавна расправа на која ќе се посочат аргументите и ќе се одговори дали овие стравови на пратениците се оправдани или се резултат на длабоко вкоренета трансфобија.

Лила Милиќ за пример ги посочи анализите спроведени од страна на Европската комисија во земјите кои имаат слични и послободни закони од овој предлог-закон. Истите покажуваат дека спроведувањето на ваквото законско решение придонесува кон подобрување на пристапот до образование, вработување, домување и здравство на трансродовите луѓе. Анализите потврдуваат дека трансродовите луѓе со усогласени документи многу повеќе го остваруваат својот потенцијал и со тоа позитивно придонесуваат кон развојот на целото општество.

Во меѓувреме, како што велат од НМХТ, до денес повеќе од 10 луѓе го имаат променето податокот за пол, односно веќе се спроведуваат процедури врз основа на добиената пресуда во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) „Икс против Македонија“. Од таму потенцираат дека како Мрежа ќе продолжат да бараат правна заштита за овие луѓе во државата и со нови апликации до ЕСЧП.

Од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија се децидни во своето барање Законот за матична евиденција повторно да се врати во собраниските процедури и да биде што е можно поскоро усвоен од страна на пратенците.

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги нудат домашните...

Огромен број граѓани на протестот во Белград, пристапот до Собранието отежнат, силно полициско присуство

Додека протестот во Белград се разгорува, атмосферата останува напната, пишува српски Данас.рс. Студентите во блокада, кои го повикаа протестот, објавија дека главниот собир ќе се одржи пред Собранието на Србија, како...

Мицкоски не очекува прелевање од Србија, но подготвен е да помогне ако некој побара помош

Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со големиот...

Напната атмосфера во Белград – распоредена полиција, но и воени ветерани, има инциденти

Реки луѓе се слеваат кон центарот на српскиот главен град, додека големиот се интензивира, а во градот се распоредени големи полициски сили. Денес во 16 часот ќе започне протестот пред Народното...

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги...