fbpx

КЗД: Случајот со малата Ембла најтежок облик на дискриминација во изминатиов квартал

-

Расте бројот на претставки за вознемирување на Фејсбук и на другите социјални мрежи, а случаи на дискриминација има и на работните места, во образованието и во спортот. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КЗД) денеска го презентираше Кварталниот извештај за сработеното за периодот јануари-март 2022 година.

Еден од случаите на дискриминација за кој пренесоа медиумите е и случајот со малата Ембла од Гостивар, која е дете со попреченост. Таа поради петиција на родители на нејзини соученици, беше преместена од одделението во несоодветна просторија. Откако случајот јавно го обелодени нејзиното семејство, Комисијата за заштита од дискриминација, покрена постапка по службена должност, со која утврди еден од најсериозните облици на продолжена дискриминација, исклучување и сегрегација.

Тогаш поддршка за Ембла и за другите лица со попреченост изрази и претседателот Стево Пендаровски. Тој ја посети Ембла во нејзиниот дом и ја однесе на училиште, во средината каде што таа подолго време била несоодветно прифатена.

(Видео) Пендаровски со поддршка за Ембла: Да ја кренеме свеста дека инклузијата е основен принцип

„Иако ова беше потежок облик на дискриминација, сепак по укажувањето и препораките на Комисијата, ова е еден од ретките случаи во кои имаме добиено сеопфатен одговор кој значи постапување по сите препораки“, рече Игор Јадровски, член на Комисијата.

Јадровски истакна и дека дел од препораките на Комисијата веднаш беа исполнети од училиштето и девојчето беше вратено во одделението, беше направена посебна програма за нејзините потреби.

„Училиштето нѐ информираше дека во соработка со регионалните ресурсни центри ќе обезбеди посебна просторија која ќе има асистивна технологија и дека во соработка со училиштето „Златан Стремец“ е во постапка на изготвување програма за сензибилизација на вработените во училиштето и на родителите“, рече Јадровски.

За само три месеци од почетокот на годинава се поднесени 57 претставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

Фото: Принскрин од Кварталниот извештај за сработеното за периодот јануари-март 2022 година

Половина од сите претставки кои во првите три месеци од 2022 година биле поднесени до Комисијата биле од областа на јавно информирање и медиуми и најчесто се поради вознемирување на социјалните мрежи. За разлика од Законот за медиуми, Комисијата пошироко ја третира оваа област и во дефиницијата за медиуми ги опфаќа и интернет-порталите и социјалните мрежи.

Комисијата донела 46 одлуки – во 26 мислења утврдиле дискриминација, во десет не утврдиле, во два случаја не постапиле или ја запреле постапката. Осум претставки биле отфрлени поради ненадлежност, неуредност или ненавременост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...