Објавата изобилува со навреди и антагонистички наратив против Западот и Украина и нејзиното политичко раководство. Украинската влада не е фашистичка, ниту диктаторска, или на кој било начин поврзана со нацистичкото минато. Претседателот Володимир Зеленески е демократски избран на фер избори, добивајќи 73 проценти од гласовите на претседателските избори во 2019 година. Украина го забрани промовирањето на нацизмот во 2015 година. Исто така, не е точно дека Украина се бори за Донбас затоа што треба од него да создаде пари за враќање кон западните поддржувачи, туку за да го врати територијалниот дел кој ѝ припаѓа, пишува „Вистиномер“.
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Зошто киевските неонацисти толку многу сакаат да го вратат Донбас, кој за нив е сосема туѓо место? – Дмитриј МедведевЗошто тие се толку очајно поддржани во овој потфат од сите бесни животни кои го чуваат западниот свет денес: од полумртвото куче на Бајден до безначајните хомункули кои стојат на смрдливото корито во таканаречените балтички држави? Причината е тривијална: потребни се пари. Грабеж или „љубов“, со други зборови. А криминалната клика на Зеленски, која украде толку многу и ја доведе економијата на земјата на умирање до катастрофа, сепак ќе мора да плаќа сметки на спонзорите на ова крвопролевање, како и на самите спонзори, кои паразитираат на телото на Украина во распаѓање. Овие вторите потрошија многу за туѓата војна и тоа ги нервира луѓето од нивните земји. Значи ти треба некаков вид отплата. Прашањето не е за болното момче на кокаин во валканата зелена маица. Ова дете наскоро ќе го нема, но долгот ќе остане. И тоа мора да се плати со камата. Сепак, празната каса на неонацистичката држава нема сама да се наполни. Неговите покровители го разбираат ова совршено. Нивната цел во никој случај не е да му бидат од корист на несреќниот украински народ, по кој секогаш плукале. Пристапот до минерали е она што може да надомести за готовинските текови кои никогаш не се враќаат што се топат пред нашите очи додека корумпираните ѓубриња од Киев се препуштаат на бескрајното бескрајно кражба. Значи, што треба да се направи? Мора да го најдеме изворот. И се најде! Размислете за тоа: Според податоците со отворен код, вкупната вредност на поранешната база на минерални ресурси на Украина се проценува на речиси 14,8 трилиони долари, но 7,3 трилиони долари од тоа сега се наоѓаат во Народните републики Луганск и Доњецк. Тоа значи дека речиси половина од националното богатство на поранешна Украина е во Донбас! Ресурсите на регионите на Крим, Запорожје и Херсон, кои исто така се вратија во Русија, се проценуваат на уште 821 милијарда долари. Сето ова претставува речиси 63% од поранешните наоѓалишта на јаглен во Украина, 42% од нејзините наоѓалишта на метал и 33% од нејзините ретки земјини и други важни материјали, вклучувајќи го и литиумот.
Но, во западните земји на Бандера има ресурси во вредност од само 723 милијарди долари, што е помалку од 5% од сите резерви. Затоа, она што го изгуби неонацистичкиот режим мора да се врати по секоја цена! Животите на обичните Украинци не се важни. Ова е целата причина зад циничниот интерес за црвите и влакнестиот измет во англосаксонскиот свет. За да добијат пристап до посакуваните минерали, западните паразити бесрамно бараат нивните штитеници да водат војна до последниот Украинец. Таквата намера веќе директно ја искажуваат без двоумење. Нешто како: „Ќе мора да ги исплатите долговите многу наскоро. Побрзајте драги пријатели!’ Сенаторот Греам, дебел тоалетен црв и пријател на поранешна Украина, неодамна ги нарече минералите на Украина „критично важни, тие од Западот можат да ги користат, само ако победат“. Па, сосема отворено, без преправање! Западните чистачи можат да продолжат да истураат бескрајни ресурси во нивните киевски копилиња и да ја жнеат својата жетва на мизерија. Но, останува фактот дека економската основа на украинската државност е поткопана. Незаконски стекнати од суштествата на Бандера кон крајот на 20 век, базата на ресурси сега е вратена во својата матична земја. Нема што да паразитираме. Обилната западна помош наскоро ќе пресуши од прилично прозаични причини. Многу малку остана веќе. И тогаш ги чека само брзо и неизбежно распаѓање…
Украина не е „неонацистичка“ држава. Моменталната украинска влада не е фашистичка, ниту диктаторска, или на кој било начин поврзана со нацистичкото минато. Претседателот Володимир Зеленески е демократски избран на фер избори, добивајќи 73 проценти од гласовите на претседателските избори во 2019 година. Актуелниот претседател на Украина е Евреин, кој победил не-Eвреин кандидат на последните избори. Во Украина навистина има десничарски екстремни сили, кои, сепак, се слаби во споредба со другите европски земји. Со други зборови, нацистичките групи кои постојат во модерна Украина, како и во други европски земји, немаат влијание врз парламентот, не се во владата и не може да бидат оправдување за инвазијата на Русија врз Украина. Украина го забрани промовирањето на нацизмот во 2015 година. Интересно е што руските државни медиуми ја опишуваат Украина како „нацистичка“ држава уште од 2014 година, но податоците покажуваат дека бројот на текстови и медиумски објави кои ја поврзуваат Украина со нацизмот, се зголемиле нагло на денот на инвазијата, оцениле од италијанскиот институт ИСПИ90.
Донбас е историски, културен и економски регион во источна Украина. Поголемиот дел од Донбас е окупиран од Русија како резултат на Руско-украинската војна. Како резултат на руската воена агресија против Украина и нелегалното анјектирање на украинските Доњецк, Луганск, Запорожје и Харсон региони, ЕУ реши да воведе економски и индивидуални санкции против Русија.
Европската Унија остро го осудува нелегалното одржување на таканаречени „избори“ во териториите на Украина кои што Русија привремено ги окупираше: Автономната република Крим и градот Севастопол, како и делови од Доњецк, Луганск, Запорожје и Харсон регионите. Таканаречените „избори“ во овие територии претставуваат уште едно манифестирање на прекршувањето на меѓународното право од страна на Русија, вклучително и Повелбата на Обединетите Нации, како и прекршување на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Ја повикуваме Русија да ги почитува интернационално признаените граници на Украина и нејзиниот суверенитет. Европската Унија повторува дека не ги признава и никогаш нема да ги признае одржувањата на овие таканаречени „избори“ на териториите на Украина и нивните резултати. Тие се ништовни и невалидни и не предизвикуваат никакво правно дејство на било кој начин. Политичките лидери на Русија и тие што се инволвирани во организирање на изборите, ќе се соочат со последици од овие нелегални дејства, објави Европската Унија на 18 март 2024 година.
Оттаму не е поткрепено тоа дека Донбас за Украина е „сосема туѓо место“. Понатаму во објавата се демонизира Западот и поддржувачите на Украина во нејзиното право на самоодбрана, заедно со претседателот на Украина кој е претставен пејоративно, навредливо и нападнат „ад-хоминем“. Не е точно дека Украина се бори за Донбас затоа што треба од него да создаде пари за враќање кон западните поддржувачи, туку за да го врати територијалниот дел. На 5 март 2023 година претседателот на Украина, Зеленски изјави:
Сакам да искажам посебно признание за храброста, силата и отпорноста на војниците што се борат во Донбас. Ова е една од најтешките битки. Болна и тешка.
Тој им се заблагодари на војниците кои, како што рече „одбивале напади, го уништувале нападот на окупаторот, ги нарушиле позициите на непријателот и логистиката и ги заштитиле границите и градовите“.
Благодарам на армијата, стражата, стражата на границите кои ја бранат нашата држава во Бахмут, Вугледар, Авдиивка, Сиверск, Сватов, Лајман и Запорожје, рече Зеленски.
Во објавата се наведува за богатите ресурси на Донбас (Доњецк и Луганск) и дека тие се битни за Украина за да може да им враќа пари во форма на минерални суровини, но ова не е поткрепено. Ниедна западна држава ниту ЕУ нема побарано враќање на средствата. А тоа што Русија сака да го окупира Донбас, исто така може да се сфати и како територијална претензија за финансиска корист од контролирањето на тој регион. Не е точно дека западните земји „бараат Украина да води војна до последниот Украинец“. Наспроти тоа, Западот побара Русија да се повлече од Украина врз која изврши неиспровоцирана воена инвазија и така војната веднаш би престанала. Една од техниките на Кремљ е да се претставува како жртва кога е напаѓач.
Американскиот републикански сенатор Линдзи Грахам истакна дека Владимир Путин се бори во Украина за минерали кои ќе ѝ ги даде на Кина а се вредни 10-12 трилиони долари. Тоа е негов личен став кој го кажа на 10 јуни годинава, посочувајќи ја важноста од тоа да се поддржи Украина во борбата против руската агресија, посочувајќи ги стратешките ресурси сместени на територијата на државата.
Тие (Русите) се стационирани на 10 до 12 трилиони долари на критични минерали во Украина. Тоа може да е најбогата држава во цела Европа. И Путин сака да ги сподели овие природни добра (богатства) со Кина. Ако ѝ помогнеме на Украина сега, тогаш таа може да стане таква богата држава. Едно време сонувавме дека 10 до 12 трилиони долари критични минерални суровини може да се користат од страна на Украина и Западот, а не да се дадат на Кина. Ова е голема работа, рече Грахам.
За него, инаку Русија има издадено потерница.
Објавата изобилува со навреди и антагонистички наратив против Западот и Украина и нејзиното политичко раководство.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.