Таг: дезинформации
таг: дезинформации
Петокот не е црн поради робовите во САД, а малите ХЕЦ се ќар за инвеститорите
Дали терминот „Црн петок“, ден на купувачка треска, кога трговците нудат огромни попусти, а купувачите понекогаш „гинат“ и се тепаат да купат нешто со огромен попуст потекнува од трговијата со робовите во САД или пак неговото потекло е поинакво е прашање со кое се зафаќа хрватскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Фактограф“.
Поведени од изобилното споделување...
„Фактограф“: Хрватската влада со европски пари поддржува ширење дезинформации
Хрватскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Фактограф“ неодамна остро се спротивстави на потегот на хрватската влада да додели дури 98.000 куни (13.200 евра) неповратни пари на порталот dnevno.hr за редизајнирање. Dnevno.hr е еден од водечките создавачи на дезинформации во хрватскиот медиумски простор, но сепак владата им доделува пари од Европскиот фонд за регионален развој, пишува...
Регионот против дезинформациите: Мигрантите злоупотребени во лажни вести
Мигрантите во балканската медиумска сфера и понатаму се тема која се користи во создавање лажни вести во медиумите.
„Фактограф“, хрватскиот сервис за проверка на факти и борба против дезинформирањето преку медиумите ги проверил пишувањата на неколку медиуми во земјата и лажната вест содржана во нив, дека мигрантите на островот Самос во средината на октомври направиле хаос.
Хрватските медиуми тврделе дека мигранти...
Дезинформациите се вирус против кој сите треба да се бориме
На вториот ден од Меѓународната конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“ се одржа панел-сесија „Медиумите и доброто владеење“ (Борба против дезинформации).
Според Сеад Џигал од Меѓународниот балкански универзитет невозможно е да се отстранат изворите на дезинформациите, што не значи дека не можат да се победат, но е комплексен проблем во чие што решавање треба да бидат вклучени повеќе општествени...
Еди Рама со последно предупредување до порталите да не шират лажни вести за земјотреси
Албанскиот премиер Еди Рама упади остро предупредување до порталите поради ширењето вести за земјотресите, со коишто се зголемува паниката кај населението во Албанија по трагичниот земјотрес рано утрото на 26 ноември, јавува Порталб.мк.
„Сакам последен пат да ги предупредам порталите и телевизите дека според законските рамки и прогласената итна состојба, ќе бидам приморан да интервенирам остро и да ги затворам...
Регионот против дезинформациите: Фотомонтажи = фотографии + лаги
Босанскиот сервис за проверка на фактите и разоткривање на дезинформациите „Раскринкавање“ во еден од најновите текстови кратко и елегантно раскринка една фотомонтажа која беше користена како основа за лажна вест. Фотографијата се појавила на една Фејсбук-страница а на неа се гледаат ликовите на српскиот претседател Александар Вучиќ наводно во болнички кревет, а до него, во преден план и главата...
Јанева навистина разговарала со Халачи?
Од статус проследен со фотографија на корисничкиот профил на „Фејсбук“ на Шек Халачи, авторот на статијата „Еве што му рече Јанева на скајп на Шек Халачи“ авторот на статијата извлекол ваква констатација:
Шек Халачи, затвореник од групата од Куманово, комуницираше со Катица Јанева на „Скајп“, која исто така е во затвор – пишува во текстот.
Подолу е целосниот текст на Шек Халачи,...
Регионот против дезинформациите: Пак за војските, паравојските и НАТО
Албанскиот сервис за проверка на фактите „Фактоје“ во својата најнова анализа ја проверува вистинитоста изјавата на министерката за одбрана Олта Џачка дека 14 отсто од албанските војници во мисии во странство се жени. Истрагата на Фактоје, која вклучувала анализа на официјални документи добиени од Министерството за одбрана, утврдила дека Џачка кажала невистина, односно дека процентот на жени во мировни...
Регионот против дезинформациите: Внимавајте на лажни наградни игри
Хрватскиот сервис за проверка на фактите „Фактограф“ во една од своите најнови статии се осврнува на проблемот со лажна наградна игра на синџирот супермаркети „Конзум“ во Хрватска. Со понуда за бонови за пазарување во супермаркетите се намамуваат фанови на Фејсбук страници и се прибираат нивни лични податоци, иако „Конзум“ на официјалната Фејсбук-страница објавил предупредување дека станува збор за измама...
Биљана Ливанчиќ – Милиќ: Во БиХ успех постигнуваат ловците на кликови и политичките дезинформации
Биљана Ливанчиќ - Милиќ е во новинарството од 2004 година, а од март минатата година работи за raskrinkavanje.ba, една од најактивните балкански платформи за проверка на факти и разоткривање на медиумските манипулации. При нејзината посета на Скопје минатата седмица, разговаравме за најчестите проблеми во Босна и Херцеговина (БиХ) на планот на лажните вести. За Северна Македонија Ливанчиќ - Милиќ...
Шахини-Хоџај: Фејсбук е најпогодната платформа за ширење дезинформации во Косово
Ремзие Шахини-Хоџај е предавач на Приштинскиот универзитет, каде што подучува медиумска етика и други предмети од областа на новинарството. Со неа разговаравме во Скопје на тема на состојбата со дезинформациите во Косово и како тамошната јавност, политика и медиумите се справуваат со овој феномен, а се обидовме да дознаеме и кој е во најголема мера виновен за ширењето на...
Ангел Петров: Брзото темпо и од најдобрите медиуми прави преносители на дезинформации
Ангел Петров е уредник во бугарскиот новински сајт „Дневник“ и магистер по политикологија. Во новинарството е веќе 11 години; првин работел во бугарската национална кабелска телевизија „Евроком“ а потоа бил и главен уредник на „Novinite.com“, новински сајт на англиски јазик за вести од Бугарија и регионот.
Петров за себе вели дека и професионално, но и како приватен интерес будно ги...
Дамира Грегорет: Во Хрватска немаме голем проблем со дезинформациите, туку со искривувањето на фактите
Новинарката на РТЛ Хрватска, Дамира Грегорет, чија специјалност е политиката, работи како известувач, водител на вести и политички емисии. Не така одамна доби и извинување од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, кој наместо да ѝ одговори на прашањето што не му се допадна, само констатираше „Слатка си, Дамира“. Потоа следеше јавно извинување до Грегорет.
Со неа разговаравме за медиумската ситуација...
ЕП: Руската пропаганда во ЕУ од јануари досега двојно поголема отколку во 2018
Странското мешање во изборите се заканува на демократските општества во Европа, а ги потпомага анти ЕУ силите, десничарските екстремисти и популистите. Русија, која е најголем извор на дезинформации, годинава двојно ги удвоила своите напори, па од почетокот на годинава досега се забележани 998 случаи на дезинформации поврзани со Русија, наспроти вкупно 434 случаи во 2018 година, предупреди денеска Европскиот...
Роберт Ботери: Во Словенија се поткупуваат медиуми за дискредитација на политичари и бизнисмени
Роберт Ботери, креативен директор на списанието „Младина“ од Словенија е со децении во култниот весник, кој во некогашна Југославија беше предводник на авангардата, често со контроверзни содржини. Во април годинава дојде и до дипломатски инцидент, кога „Младина“ на насловната страна објави карикатура со унгарскиот премир Виктор Орбан со рака крената во нацистичкиот поздрав, а околу него се неколку ситни...
Д-р Румена Филипова: Олигарсите во Бугарија се главни медиумски контролори и дезинформатори
Д-р Румена Филипова има докторат по меѓународни односи на универзитетот Оксфорд, каде и магистрирала, а факултетската диплома ја стекнала на универзитетот Кембриџ. Предавала на Оксфорд, а била гостин-експерт и на центарот Карнеги Москва, Полскиот Институт за меѓународни прашања, Чатам Хаус и голем број други меѓународни институти и тинк-тенкови.
Сега е истражувач во бугарскиот „Центар за проучување на демократијата“, кој е...
Како „Курир“, „БХДИјаспора“ и Русинот Черниговски го излекуваа ракот со постење од вистината
Со само една статија објавена завчера на еден сајт од Северна Македонија, беа прекршени неколку правила на новинарската професија, но истовремено и се потврди дека во дигиталното доба е многу лесно да се прошират дезинформации, иако во исто време на располагање се сите алатки за да се провери дали нешто што се објавува е вистина или само нечија „објава“....
Спасов: Да се инвестира во развој на организациите кои вршат проверка на факти, како Фондацијата „Метаморфозис“
Потребно е да се инвестира во развој на организациите како Фондацијата „Метаморфозис“ кои во своите медиумски проекти ќе вршат проверка на факти и ќе ги соочуваат новинарските организации и новинарите со потребата од почитување на новинарските кодекси и новинарската етика и ќе ја подигаат медиумската култура на граѓаните за препознавање на кампањите за дезинформација, вели професорот Ѓорѓи Спасов во...
Анализа: Регионот доцни во отворањето фронт против дезинформациите
Македонија е фактички првата земја во регионот во која власта отвора институционален фронт со дезинформациите. Медиумски експерти и новинари од Србија, Грција, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Косово, во серија интервјуа за „Мета.мк“ во текот на изминатиот период, велат дека кај властите во нивните земји не се забележува заинтересираност за отпочнување или вклучување во борбата со лажните вести.
Македонскиот...
Државата посветено и обединето ќе се справува со дезинформациите
Очевидно е дека Владата како иницијатор и автор на Акцискиот план за справување со дезинформациите, сака пред јавноста да претстави обединет фронт и да покаже целосна посветеност при справувањето со дезинформациите.
Колку е голема заинтересираноста на Владата и државните институции за борбата против дезинформациите покажува фактот што на овој конститутивен состанок, покрај премиерот Зоран Заев, присуствуваа и клучните министри од областа на...