Вакцините Фајзер/Бионтек | Фото: Министерство за здравство 17.02.2021 г.

Во моментот на објавување на постот што го рецензираме, врската меѓу вакцината и смртта на момчето не е воспоставена. За случајот има обдукција, меѓутоа таа не е завршена и резултатите не се познати. Поради тоа, не е точно тврдењето дека резултатите од обдукцијата покажале дека станува збор за смрт како последица на вакцината. Исто така, француските медиуми објавуваат дека младиот човек бил вакциниран повеќе од 9 часа пред да доживее алергија, а непосредно пред анафилактичниот шок во ресторан јадел храна за која било познато дека е алергичен, пишува „Вистиномер“ во својот нов текст, што подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се тврди дека смртта на 22-годишниот Максим Белтра од Франција била предизвикана од вакцината против ковид-19, која му била инјектирана истиот ден кога починал.

Во постот се вели:

Како што прочитав, овој дечко бил здрав, но морал да се вакцинира за да ја задржи работата. Починал уште истиот ден. Татко му побарал обдукција и резултатите покажале дека е од вакцината. Но, нормално дека властите нема да признаат па на прес кажале дека било од алергија на кикирики.

Меѓутоа, оваа верзија на настаните воопшто не кореспондира со она што е објавено во француските медиуми за случајот. Прво, обдукцијата воопшто не е завршена за да може да се каже дека нејзините резултати покажaле дека смртта е резултат на вакцинацијата.

Она што е досега познато е дека има обдукција, меѓутоа таа не е завршена и резултатите не се познати. Поради тоа, не е вистина дека резултатите од обдукцијата покажале дека станува збор за смрт како последица на вакцината.

Она кое што наголемо француските медиуми го објавуваат е дека веќе е утврдено оти младиот човек непосредно пред смртта апсорбирал храна за која имал позната алергија.

Професорот Јеапан Лук Фаили, шеф на фармаковигинантниот центар во Менпелје навел дека

Истрагата е многу ориентирана кон проблем со алергија на храна, кој се чини дека не е поврзан со вакцинацијата.

Според неколку лекари-алерголози интервјуирани од ,,Фигаро” сигурно не се работи за алергија на вакцината.

Мора да останеме претпазливи, особено затоа што не го знаеме медицинското досие. Но, ако мора да се случи анафилактичен шок, тој се манифестира во рок од еден час по вакцината, па дури и во рок од 15 до 30 минути по инјекцијата, објаснува професорот Фредерик Берар. 

Професор Фредерик де Блеј раководител на одделот за алергологија во Универзитетската болница Стразбур и воедно претседател на француското алерголошко друштво, исто така, ја потврдува анализата на неговиот колега.

Анафилактички шок, 9 часа по вакцината никогаш не се случило порано. Априори, воопшто не личи на анафилакса, изјавил тој.

За случајот е отворена и судска истрага покрај обдукцијата, но прерано е за резултати. Младиот човек бил вакциниран повеќе од 9 часа пред да доживее алергија, а непосредно пред алергијата во ресторан јадел храна за која однапред било познато дека е алергичен.

За професорот и шеф на центарот за фармаковигиланца Јеапан Лук Фаили, анафилактичкиот шок после вакцинација се случува за неколку минути, а во случајот со младиот човек доцнењето е многу подолго. Обдукцијата ќе биде извршена по иницијатива на истражниот судија, додаде обвинителството во Монпелје за АФП. Но, во моментот на објавување на статусот што го рецензираме, врската меѓу вакцината и смртта не е воспоставена.

Значи, обдукцијата не е завршена, па оттука, тврдењето во постот дека обдукцијата покажала оти 22 годишното момче починало од вакцината е неточно, пишува „Вистиномер“ во својата нова анализа.