fbpx

Ризаов: Оставени сме сами на себе, немаме поддршка од институциите во борбата против дезинформациите

-

„Тоа што многу загрижува е што од минатата година Фондацијата „Метаморфозис“ стана цел на организиран напад на социјалните мрежи, кој се состои од објава на слики во форма на некролози и повици на насилство. Тоа трае веќе седум месеци. Јавно обвинителство нема никаква реакција, а кампањата продолжи и уште трае. Не сите луѓе на фотографиите се новинари, кои не се навикнати така да бидат ставени во јавноста и обвинувани“, изјави Горан Ризаов од Фондацијата „Метаморфозис“, на дебатата на ЦИВИЛ „Црната пропаганда против граѓанското општество“.

Ризаов, кој е и главен уредник на новинската агенција „Мета“, додаде дека реакција уште нема, а се надева дека тие повици на говор на омраза нема да станат реалност и дека институциите ќе реагираат пред тоа да се случи.

„Најголемата причина поради која ги добиваме овие закани е нашата соработка со Фејсбук, односно проверката на факти. Зошто? Бидејќи влијае врз нивниот опсег на ширење на дезинформации. Тоа е осмислен напад, каде покрај новинарите се ставени и другите луѓе само за да се влијае врз нивната работа. Тоа нè окуражува уште посилно да работиме и да ги разобличуваме овие дезинформациски наративи. Иако, имам чувство дека сме оставени сами на себе, немаме поддршка од институциите, од јавното обвинителство“, посочува Ризаов.

Кочо Андоновски од ЛГБТИ центарот при Хелсиншкиот комитет во дебатата истакна дека една од основите на реакционерите е антисемитизимот.

„Продолжија со заговор и закана. ЛГБТИ движењето кое се претставуваше на екстремно монструозни начини, кое доведува до дехуманизација на цела група луѓе, не само на активисти, што доведува да може центарот да е напаѓан. Шест пати беше нападнат. Таа група не е веќе човечка. Можам да дојдам и да го нападнам дека не е веќе човек. Антисемитизам, дехуманизација на цели групи на луѓе, правење на непријатели на народот од тие групи, плашење на народот“, вели Андоновски.

Тој додава дека последен изблик на сето ова е нападот на реформата во образованието.

„Нападот не е случаен и наивен, не е напад на дигитализацијата (иако има финансиски аспект). Меѓутоа, главното е што структурата на Груевски успеа да го вгради во учебниците тврдиот патријархат. Овој напад врз реформата е токму да се избегне чистење на учебниците од тврди патријархални содржини кои се вметнале. За трансџендер луѓето прават тотална дехуманизација, тие веќе не се луѓе, туку идеологија. Тоа е дехуманизацијата. И утре може некој да оди да убие некого бидејќи е идеологија а не човек“, заклучува Андоновски.

Иван Блажевиќ од Зелено-левата коалиција „Солидарна“ од Република Хрватска која извојува победа на локалните избори во Загреб и Томашевиќ стана градоначалник, говореше за црната пропаганда која десничарскиот кандидат Шкоро ја водел против Томашевиќ.

„Што се однесува на предизборната кампања, посебно на вториот круг, Мирослав Шкоро користеше во таа кампања веќе видени методи, особено во Србија, Унгарија, Полска која всушност е хаб за тие десничарски движења, кои првенствено се базирани на верски фундаментализам и екстремизам. Во Хрватска се доста јаки фундаменталистите кои се финансираа и од Русија и од Америка. Рускиот интерес е и верски, но претежно да се прави неред низ Европа и земјите од ЕУ, да создаваат алтернативно цивилно општество, а Американските се претежно верски-евангелиски“, истакна Блажевиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...