Министерството за внатрешни работи ги демантира лажните вести кои упорно ги шири пратеникот Димитар Апасиев.

„По минатонеделниот обид со лаги и подметнувања да ја оцрни полицијата, за што доби соодветна лекција и од стручната јавност, Апасиев сега повторно се обидува со лаги да ја манипулира јавноста“, се вели во соопштението од МВР.

Оттаму посочуваат дека Апасиев на социјалните мрежи објавува фотографија од неправилно паркирано возило, лажно обвинувајќи дека тоа е возило на МВР.

„Вистината е сосема различна. Спорното возило не е на МВР, а покрај тоа, за ова возило е изречена соодветна санкција“, се посочува во реакцијата.

Од Министерството апелираат до пратеникот да почне да се однесува како пример за заедницата и наместо да со лаги и манипулации да покаже достоинство за функцијата за која го гласале граѓаните