fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Вистиномер: Дезинформација е дека вакцините се извор на мутанти и болести

Дека вакцините се извор на мутанти и болести е надвор од секоја логика. Нема ниту еден податок од ниту едно релевантно истражување што може да ги потврди ваквите антиваксерски тврдења. Она што е факт е дека ниту една од одобрените вакцини не содржи жив вирус што предизвикува ковид-19. Ова значи дека вакцината не може да нè разболи со ковид-19,...

Вистиномер: Не, третата доза од вакцината против ковид нема да ги усмрти Британците

Ниту првата, ниту втората ниту третата доза од ковид вакцината – којашто во Велика Британија по избор ќе им биде достапна на граѓаните повозрасни од 50 години заедно со вакцината против грип, не значи дека со неа ќе се убива населението, туку дека ќе се спасува од тешки последици и смрт, како и од хоспитализации и од ковид и...

Вистиномер: Ковид пандемијата не е измама – таквото тврдење е опасна манипулација!

Комплетна невистина е дека ковид пандемијата е измама. За тоа дека пандемијата е вистинска говори бројот на новозаразени и на жртви во секоја земја од светот. Измама е да се манипулира со јавното мислење и да се нафрлаат флоскули кои се неосновани, непоткрепени со никаков доказ и да се затвораат очите пред бројните докази, експертски мислења, но и пред...

Вистиномер: Ретката појава на „пробивање на имунитетот“ не е причина да се отфрлаат вакцините

И вакцинираните се заразуваат од ковид, а некои од нив и умираат! Со оваа информација со восклик се јавија антивакциналните кругови во земјава и побрзаа да се порадуваат дека вакцините, всушност, потфрлиле. Но, дали е навистина така и зошто во земјава и во светот – насекаде без исклучок, се јавуваат ретки случаи каде граѓани кои биле вакцинирани со две...

Вистиномер: Пост дезинформира дека ковид вакцините ќе доведат до нова варијанта што ќе убие 35 проценти од луѓето

Со раскринкување на дезинформациите во еден пост на Фејсбук, во кој се тврди дека вакцините против ковид-19 ќе доведат до појава на нов сој на корона вирусот се зафати „Вистиномер“, изнесувајќи низа факти и докази. Целата анализа на „Вистиномер“ ја пренесуваме подолу:   Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека Комисијата за заразни болести на Велика Британија до владата на...

Вистиномер: Третата доза нема да ги убие луѓето, туку ќе ја зголеми заштитата против „делта“ варијантата на ковид – 19

Краток пост од само два реда, но кој содржи повеќе од две дезинформации за вакцините против ковид-19, споделен на Фејсбук од лицето Хубејб Нуман, содржи тврдење дека третата доза на вакцината има за цел „да убива“ луѓе, но научните факти силно го демантираат ова тврдење. Третата доза од вакцината е препорачана од компанијата „Фајзер“ и има за цел да...

Вистиномер: Лага е дека Израел почнува со чипирање на децата

Објава на Фејсбук споделува видео во кое има изјава на Бенџамин Нетанјаху, поранешен премиер на Израел, дадена пред една година, претставувајќи ја како нова и лажно тврди дека Нетанјаху бил за чипирање на децата. Но, тој никаде не спомнува чипови за деца, туку само вели сензори кои ќе алармираат доколку децата се приближат на помало растојание од два метра,...

Вистиномер: Во Велика Британија нема над 1.500 мртви како последица од вакцината

Владата на Велика Британија објавува неделни извештаи базирани на таканаречени „жолти картони“, преку кои се пријавуваат несакани ефекти после вакцината, како и после секој друг лек или медицинско средство. Пријавите може да ги пополни секој кој има сомнение дека несаканиот ефект или сериозниот исход после вакцинација настанал од вакцината, независно од тоа дали има докази. Многу е важно да...

Вистиномер: Нејасно видео со анонимни француски научници шири невистини за составот на вакцините

Видеото кое е пренесено во постот, нуди нејасни и нецелосни информации. Во него се слушаат луѓе како зборуваат на француски јазик, но нејасно е кои се тие. Дали навистина се француски научници, како се викаат, каде и што работат? „Вистиномер“ досега неколкупати дебанкираше вести кои тврдат дека во составот на вакцините против ковид-19 има графен оксид. Тоа може едноставно...

Вистиномер: Ковид пандемијата не е лажен проект на Светска банка предвиден до 2025 година

Пост на Фејсбук шири невистини дека има лажна пандемија од ковид-19 и дека таа е проект за којшто Светската банка, наводно, ,,пресметала да заврши во 2025 година”. Исто така, дезинформација е дека Светската Банка „до 2025 година планира да ги избоцка сите по секоја цена“, со оглед на тоа што вакцинацијата е доброволна, а во програмата за стратешка подготвеност...

Вистиномер: Со ковид-19 вакцините не се вршат репресии и експерименти врз луѓето

Постот што ги рецензираме изнесува неточни и манипулативни тврдења дека невакцинираните ќе бидат подложени на репресии и присилни тестирања, кои наликуваат на дехуманизираниот однос на нацистите кон Евреите за време на Холокаустот и дека вакцинацијата ќе стане задолжителна. Засега, пак, има само најави за можни рестрикции за невакцинираните лица, исклучиво заради заштита на јавниот интерес и општото здравје на...

Вистиномер: Делта варијантата на коронавирусот е научно докажана реалност

Објава на Фејсбук опасно дезинформира дека делта варијантата не постои и дека вакцината е штетна. Според Светската здравствена организација, делта варијантата на коронавирусот е официјално идентификувана во 124 земји. Здравствените авторитети постојано укажуваат дека бенефитите од ковид вакцината се поголеми отколку ризиците од неа. И покрај тоа што е можно вакцинирано лице да се зарази со коронавирусот, сепак, вакцината...

Вистиномер: Невистинити информации за вакцините против ковид-19 продолжуваат да се споделуваат на социјалните мрежи

На социјалните мрежи продолжува дезинформативната кампања за вакцините против ковид-19. Иако медицинските експерти постојано тврдат дека вакцините немаат магнетизирачки ефект и не содржат магнетизирачки состојки, на интернет продолжуваат да кружат видеа во кои се тврди дека во содржина на вакцината има метал што се вбризгува во човековото тело. Теориите дека вакцината го магнетизира телото, беа демантирани и од американскиот...

Вистиномер: Доктор Жарко Караџовски не е на платниот список на Рокфелер

Во постот што го рецензираме искористена е техника за манипулација која се вика дискредитација на личноста, односно ад хоминем атак, каде што всушност, се доведува во врска вакцинацијата против ковид-19 со „Рокфелер“ фондацијата, како наводен заговор, и тоа преку грбот на доктор Жарко Караџовски, кој учествувал со свој придонес во научен труд сосема неповрзан со вакцинацијата. „Рокфелер“ фондацијата само...

Вистиномер: Не е вистина дека има поголем број новозаразени од лани ова време

Бројот на новозаболени сега не е поголем отколку минатата година во истото време. Ако се споредат двата периода се доаѓа до заклучок дека оваа година имало речиси двојно помал број на новозаразени на речиси четирипати поголем број на тестирања, пишува „Вистиномер“ во својата анализа, што подолу ја пренесуваме во целост:   Преку објава на Фејсбук се тврди дека истиот овој период...

Вистиномер: Неодобрен и нерегистриран лек се продава како решение за проблеми со бели дробови

Во оваа многу вирална објава со над 1.000 споделувања, преку 6.000 реакции и стотици коментари, се нуди наводен лек за чистење на белите дробови. Но, корисниците на социјалните мрежи треба да бидат многу внимателни, затоа што ова не е лиценциран лек и не може како таков да се продава. Сите кои имаат проблеми за коишто се тврди во објавата...

Вистиномер: Вакцините против ковид не се генетска терапија и не содржат графен оксид

Пост шири невистини дека вакцините содржат графен оксид и дека се генетска терапија. Графен оксид не е во листата на состојки и нема никаква можност да биде присутен во вакцината, изјавил Ален Мајерсон, професор по хемиски инженеринг во Институтот за технологија од Масачусетс. Според експертот за вакцини, Пол Офит, од детската болница во Филаделфија, тврдењето дека вакцините содржат графен...

Вистиномер: Нема докази дека млад Французин починал од вакцината – обдукцијата не е завршена

Во моментот на објавување на постот што го рецензираме, врската меѓу вакцината и смртта на момчето не е воспоставена. За случајот има обдукција, меѓутоа таа не е завршена и резултатите не се познати. Поради тоа, не е точно тврдењето дека резултатите од обдукцијата покажале дека станува збор за смрт како последица на вакцината. Исто така, француските медиуми објавуваат дека...

Вистиномер: Дури и ако се разболат, вакцинираните многу полесно се справуваат со ковид-19 од невакцинираните

Во постот што го рецензираме, со испуштање на важни информации, се креира погрешен впечаток. Дури и да има заразени со ковид по 2 примени дози од вакцината (има такви случаи во сите земји од светот, па и во нашата), тие во најголем дел се со полесна клиничка слика, ретко умираат и ретко се хоспитализирани со тежок тек на болеста....

Вистиномер: Нема докази дека вакцините содржат графен оксид

Овој пост со видео што се споделува на „Фејсбук“ ја манипулира јавноста дека вакцината „Фајзер“ содржи графен оксид и е опасна за човечкото здравје. Нема цврсти и научни докази дека ова е точно.  Видеото, како интервју на онлајн медиум, не презентира никаква научна студија, ниту, пак, документирани докази, туку разговор меѓу водител и докторка – економист за меѓународно здравје...

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се активни осум пожари, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот над село Селце, кој...