fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Вистиномер: Вакцините против ковид не содржат чипови

Постот шири лажни информации оти вакцините содржат некаков чип. За ваквите тврдења не постојат никакви научни докази и тие се шират заедно со разноразни теории на заговор, поврзани со вакцинацијата против ковид-19. Објавеното видео, кое наводно докажува дека вакцинираните луѓе имаат чипови преку кои владите ги следат, всушност, е шега на ИТ специјалисти, па оттука и не може да...

Вистиномер: Не е вистина дека се убиени тројца претседатели зашто се спротивставиле на вакцинацијата

Двајца од тројцата претседатели споменати во постот се починати во болница од срцев удар (на Танзанија и Бурунди), а еден е застрелан и убиството не се поврзува ниту со коронавирусот, ниту со вакцинацијата (на Хаити). Така што, тврдењето дека некој ги убил сите тројца за да може во овие земји да се даваат вакцини, го оценуваме како невистина, пишува...

Вистиномер: Нема докази дека петмина од Свети Николе починале или се во тешка состојба поради вакцината

Во статистиките на Институтот за јавно здравје за починати од ковид од 1 до 14 септември нема евидентирани лица од Свети Николе на возраст до 45 години. Во овој временски период, на 14 септември поради ковид починал 66 годишен жител на Свети Николе, а на 6 септември 57 годишен човек од истиот град. За последните две недели тоа се...

Вистиномер: Ензим од отровна змија-ѕвечарка не е пронајден во вакцините против ковид-19

Во вакцината против ковид нема ензим од змија отровница, односно ѕвечарка. Студијата што се споделува во постот не е спроведена на вакцинирани пациенти, туку на пациенти со ковид, кои биле хоспитализирани неколку месеци пред да почне процесот на имунизација. Пронајдените наоди во самата студија воопшто не се однесуваат на вакцината, така што постот што го оценуваме како невистинит, пишува...

Вистиномер: Никој не нуди пари за семејството да потпише дека блискиот починал од ковид

Не е вистина дека болниците нудат пари на семејствата за покривање на погребните услуги доколку потпишат дека блискиот починал од ковид. Семејствата немаат право да одлучат од што починал нивниот близок, тоа е работа на лекарите, пишува „Вистиномер“ во анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост на Фејсбук, во којшто се тврди дека се „нудат пари на семејството, за...

Вистиномер: Лажно се тврди дека цитокинската бура кај пациент настанала поради примена вакцина

Тврдењето во постот дека цитокинската бура кај момчето е последица на вакцината е лажно. Младиот човек при прераскажувањето на своето лично искуство на ниту едно место не тврди дека цитокинската бура настанала како последица на вакцина против ковид-19, туку како последица на самата болест ковид-19. И мајката на момчето во друг пост на Фејсбук, во делот на коментарите под...

Вистиномер: Коронавирусот е вирус, а не „токсични наночестички“ фрлани од небо!

Наспроти тврдењето во постот дека коронавирусот не постои, тој е изолиран во лабораторија како вирус на 7 јануари 2020 година. Вирусот се шири од устата на инфицирано лице или од течноста во носот кога инфицирано лице кашла, кива, зборува, пее или дише. Тековните докази наведуваат дека вирусот се шири главно меѓу луѓе што се во близок контакт, типично во...

Вистиномер: Вакцинираните со една доза не се целосно вакцинирани, имунитетот не се создава инстантно

Не е точно дека вакциниран со една доза е целосно вакциниран. Тоа едноставно не е така никаде во светот и претставува медицински непоткрепено тврдење бидејќи имунитетот после една доза е слаб. На имунолошкиот систем му треба време да функционира и тоа време е оценето од светски експерти 14 дена после втората доза. Не постои ниедна статистика која го потврдува...

Критинк: Поттикувањето на критичкото мислење – една од најсилните алатки во борбата против дезинформациите

Поттикнувањето на критичкото размислување е значајно за младите лица кои се постојано „закачени“ на Интернет и „бомбардирни“ со мноштво информации. Теориите на заговор се многу блиску до некритичкото мислење. Но, интересно е што многу од луѓето кои имаат склоност кон верување во теории на заговор се сметаат за критички мислители кои имаат повисоко ниво на сомнеж, иако во основа...

Вистиномер: Дезинформации дека вакцините ќе бидат забранети и дека е најден „спасоносен“ лек против ковид-19

Ниту вакцините ќе бидат укинати и забранети, ниту досега е најден лек кој ќе го уништи коронавирусот, како што се наведува во Фејсбук објавата што ја рецензираме, која е полна со лаги и дезинформации, пишува „Вистиномер“ во новата анализа, што подолу ја пренесуваме во целост: Рецензираме објава на Фејсбук во која се изнесени бројни дезинформации и недоследности поврзани со вакцините...

Вистиномер: Клик-бејт наслов прикрива дека поранешен, а не актуелен амбасадор бара оставка од Заев

Целта на овој наслов не е точно и сеопфатно да ја информира јавноста, туку да ја наведе во погрешна насока заради зголемување на читаност и кликови. Насловот е сензационалистички и манипулативен за читателите, затоа што кога ќе кликнат на текстот ќе сфатат дека се измамени и дека не станува збор за актуелен амбасадор, туку за поранешен македонски амбасадор во...

Вистиномер: Лага е дека медицинските лица во Австралија намерно ги убиваат невакцинираните

Лекот ивермектин во Австралија е забранет за употреба во третманот на болни од ковид-19. Австралискиот регулатор за лекови им дал изрична забрана на медицинските лица во државата да го препишуваат ивермектин како лек за коронавирусот. Оттука е јасно дека овој лек не се користи во болниците во Австралија. Обвинувањата дека во болниците ивермектин им се дава на вакцинирани пациенти...

Вистиномер: Нема докази дека личности од светската елита примиле лажни вакцини против ковид-19

Тврдењата на психијатарот Алесандро Мелуци, личноста на која се повикува постот, дека луѓе од елитата примале лажни вакцини против ковид-19, се без никаков доказ и истите не се никаде пријавени. Споделувањето на вакви непроверени информации можат да создадат забуна во јавноста и да предизвикаат паника, особено во услови кога е во тек процесот на вакцинација против ковид-19, како единствен...

Вистиномер: Фотографија од жена која починала, се злоупотребува за да се оцрни вакцинацијата

Не е познато од што настапила смртта на жената, а самиот факт што таа објавила фотографија на својот Фејсбук профил од редица луѓе кои чекаат за вакцинација на пунктот во салата Борис Трајковски, не е показател дека  починала од вакцина. Но, наспроти тоа што нема докази дека смртта настапила како резултат на вакцина, овој манипулативен пост со паушални тврдења...

Вистиномер: Не е точно дека „Заев е исклучен од протоколот (на Меркел) за директна средба“

Не е точно дека Заев бил исфрлен од протоколот на Меркел и дека Македонија е понижена и исклучена од иницијативата „Отворен Балкан“ и од процесот за интеграција во Европска Унија, пишува „Вистиномер“ во новата анализа, што ја пренесуваме во целост:   Објава на Фејсбук еуфорично и бомбастично најавува „скандал“ и (дез)информира дека македонскиот премиер бил исклучен од протоколот на германската канцеларка,...

Вистиномер: Ковид-19 е реалност, луѓето не заболуваат од хемикалиите со кои наводно нè прскаат од небо

Постот што го анализираше Вистиномер.мк ја шири светски познатата теорија на заговор за „кемтрејлс“. Но, уште пред пет години група од 77 научници, откако ги прегледаа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци, објавија извештај дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“. Белата патека, пак, што ја оставаат авионите во воздухот се...

Вистиномер: Не е точно дека Ивермектин предизвикува неплодност кај 85 проценти од мажите!

Врз база на стара и нерелeвантна студија, претставена како нова, на Фејсбук група е пласирана невистинита објава дека лекот Ивермектин предизвикува неплодност кај огромно мнозинство од машката популација, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на Фејсбук придружувана од текст, во кој што невистинито се тврди дека лекот Ивермектин предизвикува неплодност кај 85 проценти од мажите. Лекот Ивермектин...

Вибер-група „Де факто: само проверени содржини“ за точно информирање на граѓаните

Во време кога на социјалните мрежи се повеќе се шират дезинформации, Фондацијата Метаморфозис ја започна отворената Вибер група „Де факто: само проверени содржини“ наменета за граѓаните. Целта е да се подобри информираноста со точни, проверени и веродостојни информации на теми кои се од интерес и важност за секојдневниот живот на граѓаните. Во оваа Вибер група ќе се објавуваат проверени информации...

Вистиномер: Вакцините не предизвикуваат смрт, ниту пак, ќе ве направат зомби!

Смешно и апсурдно е тврдењето дека може да се стане зависен од вакцина, а уште поапсурдно е да се каже дека со вакцинација ќе станете зомби! Постот неосновано, без никакви докази и факти, шири страв и паника кај населението, тврдејќи дека вакцинираните ќе умрат. Штетно и нечовечки е да се изнесуваат вакви дезинформации, кога сите факти покажуваат дека вакцинираните...

Вистиномер: Вакцинираните мајки што дојат не си ги убиваат бебињата!

Врз база на анонимна пријава до системот ВАЕРС, дека починало бебе откако мајката се вакцинирала, се конструира невистинит заклучок дека мајките што дојат, а ќе се вакцинираат, си ги убиваат своите новороденчиња, „Мета“ пренесува анализа „Вистиномер“ на една дезинформација што се однесува на доилките што се вакцинирале: Рецензираме објава на Фејсбук во која се тврди дека мајките кои се вакцинирани против...

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...