fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Вистиномер: Не е точно дека вакцината на „Фајзер“ има 1.291 несакан ефект

Не станува збор за листа на предизвикани несакани ефекти од мРНК вакцината на „Фајзер“, туку за листа на несакани ефекти на коишто „Фајзер“ се фокусирала и ги барала во пријавите што стигнувале до нив. Според извештајот, не се откриени нови здравствени ризици од вакцината, а 1.291 потенцијална опасност биле барани, но не биле најдени во пријавите. Во однос на...

Вистиномер: Ахмети не дал изјава за употребата на оружје во војната во Украина

Со пребарување на Интернет излегува само една вест во која се вели дека лидерот на ДУИ наводно изјавил: „Не можам да поверувам дека во 21 век некој ги решава проблемите со употреба на оружје!“. Но, никаде не пишува каде и кога Ахмети го кажал ова. Од ДУИ за „Вистиномер“ велат дека не се точни наводите дека Ахмети дал таква...

Вистиномер: Вакцините против ковид беа создадени поради пандемијата, а не обратно

Временскиот редослед по кој се појавуваа случаите, како и фактот што вакцините дури подоцна беа создавани, потоа поминуваа опсежни и комплицирани процедури, проверки, клинички тестирања, одобренија од релевантни медицински агенции, покажува дека прв е појавен коронавирусот, а потоа вакцините. Во декември 2019 година, кога беше пријавен првиот случај на коронавирус до СЗО од страна на Кина, немаше ни вакцина,...

Порталб: Охридското Езеро не е грабнато од никого

Текстот што го рецензираме како основа ја искористил објавата на една небитна личност и ја претворил истата во наводно информативна вест. Темата што ја третира овој медиум е исклучително чувствителна и националистичка, при што се споменува Етничка Албанија, како средство за будење емоции и реакции во албанската јавност, пишува Порталб.мк. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Објавата на еден адвокат на...

Вистиномер: Во Бугарија веќе 17 години има македонски културно-информативен центар

Во Софија веќе постои културно-информативен центар на Република Северна Македонија, кој официјално е отворен на 27 април 2005 година. Истовремено, отворен е и културно-информативен центар на Бугарија во земјава, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Објавена е вест на веб-портал од информативен карактер, која содржи неточен и сензационалистички наслов, кој во време на затегнати односи на С.Македонија и Бугарија...

Порталб: Сѐ уште нема лек за дијабетес што ќе ве излекува за еден ден

Не е точно дека дијабетесот може да се излечи за еден ден, сите „рецепти“ што ги објавуваат некои медиуми се непроверени и читателите треба да се консултираат со лекар доколку одлучат да ги користат. Досега здравствените установи во земјата но и меѓународните не прогласиле лек за дијабетес, пишува Порталб.мк. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Насловот на оваа вест е многу...

Вистиномер: Со маслинки и со ракија не се лечи дијабетес

Луѓето со каква било болест мора многу да внимаваат и да не веруваат на секакви лекарства кои ќе ги најдат на интернет, а кои не се регистрирани во нашата држава. Доколку некој дијабетичар консумира маслинки во ракија, нема нешто многу да си наштети на здравјето, но тоа ќе му направи разочарување, бидејќи ќе нема никаков ефект и ќе го...

Вистиномер: Лук, мед и оцет не лекуваат канцер

Не е вистина дека мешавина од лук, мед и оцет лекува канцер, медицински професионалци тврдат дека храната не може да излекува канцер. Исто така, опасно е да се сугерира дека оваа мешавина е лек, а уште помалку за големиот дијапазон на болести опишани во постот, зашто пациентите може да го доживеат третманот на канцер наивно. Секој вид на канцер...

Меѓународната мрежа за проверка на факти ќе помага да се следат дезинформациите за војната во Украина

Меѓународната мрежа за проверка на факти, со својот персонал и со заедницата на проверувачи на факти ширум светот, изразува солидарност со украинскиот народ и подготвеност да помогне, а со цел да се спречат манипулациите и дезинформациите за војната што Русија денеска ја започна во Украина. „Несомнено ова е еден од најтемните денови за Украинците. Силно ја осудуваме агресијата врз народот...

Совет за безбедност: Безбедносната состојба во земјава е стабилна, осуда за воените дејствија над Украина

Членовите на Советот за безбедност на седницата која утрово ја свика претседателот Стево Пендаровски ги осудија воените дејствија кои Русија ги презема над Украина и  кои веќе донесоа загуба на човечки животи и материјална штета. Тие констатираа дека безбедносната состојба во земјата е стабилна и дека е потребно е надлежните институции да продолжат да ги следат состојбите и да изготвуваат...

Зилбеари: Дезинформациите ја подриваат демократијата преку создавање хаос каде никој ништо не верува

ЦИВИЛ - Центарот за слобода вчера ​​организираше виртуелна дебата за нередот во информациите, дезинформациите и пропагандата, на која учествуваа Елида Зилбеари од Порталб.мк, професорката Весна Поповска и Тони Ангеловски од МВР. На дебатата беше речено дека дезинформациите предизвикуваат хаос или неред во информациите, и дека се штетни за здрава демократија, известува Порталб.мк. Главната уредничка на информативниот портал на албански јазик...

Вистиномер: Ковачевски не кажал дека Британија излегла од ЕУ за да ѝ отстапи место на Македонија

Во оригиналната објава јасно стои дека станува збор за сатирична вест, а од Владата потврдија дека премиерот никогаш не дал изјава дека Британија излегла од ЕУ за да ѝ направи место на С. Македонија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук објавува невистинита содржина, во која наводно се прикажува став на премиерот Димитар Ковачевски...

Вистиномер: Дезинформација е дека „вакцината шири вирус“

Од само една болница во Велика Британија и состојбата со хоспитализациите во еден ден, не може да се извлече заклучок дека вакцината шири вирус. Во државата 37.650.239 луѓе примиле трета доза вакцина. Британските здравствени власти во своите извештаи наведуваат дека бустерот на Фајзер кај постари од 50 години е ефикасен против хоспитализација кај 98,8 отсто од луѓето кои претходно...

Дезинформациите и проверката на факти – прва тема во ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА?

Новинската агенција „Мета.мк“ го објавува првото од серијата видеа „ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА?“, во кои поканетите експерти и познавачи на состојбите одговараат на прашања и ги побиваат или потврдуваат мислењата за одбрани важни теми. Видеата ќе бидат објавувани еднаш месечно на каналите на „Мета.мк“ на социјалните мрежи. Тема на првата епизода од „ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА?“ се дезинформациите и проверката на...

Вистиномер: ПЦР тестирањето не е прикриена програма за вакцинација

Тестот за детекција на коронавирусот не е назална вакцина и со него не се врши присилна вакцинација. Всушност, вакцините не функционираат на таков начин и нема никаква теоретска можност да се вакцинирате преку брис од нос и грло.Тестирањето, пак, игра клучна улога при справувањето со пандемијата бидејќи заразените лица кои навремено ќе се тестираат и самоизолираат не го шират вирусот...

Вистиномер: Нема докази дека вакцината на „Фајзер“ предизвикува згрутчување на крвта

Не постојат медицински докази дека вакцината на „Фајзер“ ја оштетува човечката крв, односно, дека ја онеспособува да го носи кислородот низ крвотокот. Консензусот на медицинската заедница која третира пациенти со ковид, не соодветствува со ова тврдење, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук шири дезинформации за безбедноста на вакцината на „Фајзер“. Постот тврди дека...

Вистиномер: Лага е дека баба од Русија открила таен рецепт за висок крвен притисок

Проверката на „Вистиномер“ покажа дека жената од фотографијата нема никаква врска со „баба од Русија која го нуди тајниот рецепт“. Оваа фотографија може да се најде на сајтовите за продажба и да се купи за помалку од 10 евра. „Тајниот рецепт“, пак, водата од кормид, не е препорака од лекарите за лечење на висок притисок, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го...

Вистиномер: Груевски не заминува кај Путин

Поранешниот премиер Никола Груевски одговори на нашите прашања и запрашан дали информацијата објавена на МкДенес е вистинита, односно дали навистина добил политички азил и заминува во Русија, како и дали бил контактиран од страна на Путин за ваква комбинација, тој негираше, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме медиумски напис објавен на веб-страницата МкДенес, придружуван со...

Вистиномер: На Фејсбук се шири невистинита наградна игра на НЛБ Банка

Oд НЛБ Банка за „Вистиномер“ изјавија дека е лажен и профилот и информацијата за наградната игра. Дополнително за ова имаше и известување на вистинската Фејсбук страницата на НЛБ Банка, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој е споделена невистинита информација за наводна наградна игра на НЛБ Банка. Во постот се вели: Прославуваме...

Вистиномер: Американската агенција за храна и лекови не брише документи за вакцината на „Модерна“

Oвој документ постои и не е отстранет, ниту пак избришан. Станува збор за извештај насловен како The summary bases for regulatory action кој американската Агенција за храна и лекови го објавила на 30 јануари 2022 година. Оттаму, ниту ФДА отстранила некакви докази од својата веб страница, а кои се поврзани со вакцината на Модерна, ниту пак го крие фактот...

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборна единица 3 на претстојните избори Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот...