Дезинформациите и проверката на факти – прва тема во ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА?

Новинската агенција „Мета.мк“ го објавува првото од серијата видеа „ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА?“, во кои поканетите експерти и познавачи на состојбите одговараат на прашања и ги побиваат или потврдуваат мислењата за одбрани важни теми.

Видеата ќе бидат објавувани еднаш месечно на каналите на „Мета.мк“ на социјалните мрежи.

Тема на првата епизода од „ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА?“ се дезинформациите и проверката на факти. На оваа тема зборуваат главните уредници на „Мета.мк“ – Горан Ризаов, „Порталб.мк“ – Елида Зулбеари и „Вистиномер“ – Владимир Петрески.

Тие зборуваат за тоа дали проверувачите на факти навистина можат да бришат објави од Фејсбук и од другите социјални мрежи, ја објаснуваат работата на „Вистиномер“ и откриваат колку политичарите и државните институции во Северна Македонија придонесуваат во борбата против дезинформациите.