fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Фотографијата со многу траги од авиони не е од С. Македонија

Фотографијата од постот всушност e преземена од сајтот war.com, авторот е непознат, но во нејзиниот опис пишува: Контрејлс (траги од авиони предизвикани од кондензација) зад борбени авиони во вежба од големи размери. Значи, воопшто не станува збор за С. Македонија ни за авиони од комерцијални летови, туку за борбени авиони кои изведувале вежби и не станува збор за никакви кемтрејлс,...

Постот паушално тврди дека после вакцината се случува епидемија на мозочни удари

Објавата се повикува на текст којшто информира дека во земјава лани биле пријавени 25 илјади случаи на мозочен удар. Но, никаде во написот не се споменува вакцинацијата против ковид-19 како причинител на мозочните удари, тоа е сосема произволна, неаргументирана и непоткрепена констатација на авторот на постот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на...

Дебата: Во Западен Балкан постојано има дезинформации за војната во Украина и ЛГБТ популацијата

Дезинформациските наративи се различни во секоја од земјите во Западен Балкан, но она што можеше да се забележи изминативе месеци е дека насекаде се присутни дезинформации за војната во Украина и ЛГБТ популацијата, како едно од малцинствата кое е подложно на напади во сите земји. Ова беше напоменато на денешната панел-дискусија „Различностите и дезинформациите во Западен Балкан“, која се...

Не е точно дека лекот ЕБЦ-46 против рак е тестиран на луѓе и дека се покажал успешен

Лекот ЕБЦ-46 во 2014 година се покажал како ефикасен кај животни во лекување само на тумори кои не метастазираат. Во 2022 година научниците од универзитетот Стенфорд објавиле дека лекот, откако се покажал успешен во лекување на некои тумори кај кучиња, почнал да се тестира кај луѓето. Значи, не е точно дека овој лек веќе е пробан кај луѓето и...

Директорот на Модерна не признал дека ковид-19 е како сезонскиот грип

Постот невистинито тври дека директорот на Модерна признал дека ковид-19 е како сезонскиот грип. Тој не кажува ниту дека само на ранливите им е потребна вакцина, туку кажува дека и младите може да се вакцинираат против ковид-19 како превенција (прави споредба со превенцијата од разболување која со години ја нуди вакцината против инфлуенца т.е грип). Но, изразува и свое...

Брисел со предупредување до Маск: Твитер птицата ќе лета според правилата на ЕУ

Европската комисија го потсети Илон Маск дека мора да ги следи правилата на Европската унија, по информацијата дека тој ја презема контролата врз Твитер, пренесе „Јуроњуз“. „Во Европа, птицата ќе лета според нашите правила“, напиша на Твитер еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон, откако неколку часа претходно Маск објави дека „птицата е ослободена“, алудирајќи на логото на Твитер. https://twitter.com/ThierryBreton/status/1585902196864045056?s=20&t=YxW6n--dcuJhOcaY16LWQQ Бретон на објавата...

Лажно видео се шири по интернет за продажба на руска уметност за помош на Украина

Европската телевизиска мрежа Јуроњуз информира дека деновиве на интернет кружи лажно видео, кое се прикажува всушност како извештај на Јуроњуз, при што се злоупотребува фонтот, графиката и знакот на Јуроњуз без дозвола, а е поврзано со војната во Украина, пишува Јуроњуз. Темата на лажното видео е наводна уникатна аукција на руски уметнички дела, при што средствата од продажбата ќе...

Како фотографија од Словенија стара 12 години стана руски доказ за „валканата бомба“ на Украина

Словенечката влада официјално реагираше  дека фотографијата која  руското Министерство за надворешни работи ја користи во својата објава на Твитер, е фотографија на Агенцијата за радиоактивен отпад на Словенија (АРАО) од 2010 година. Во реакцијата на словенечката влада  е пренесена и изјавата на  Санди Вршек, директор на АРАО, во којашто се вели „Радиоактивниот отпад во Словенија се складира безбедно и...

Не е вистина дека генералот Залужни носел нараквица со свастика

Залужни на повеќе фотографии се појавува со истата нараквица, меѓутоа на неа не е претставена свастика, како што се тврди во постот, туку скандинавски симбол. Оваа фотографија, инаку, е објавена уште на 17 март 2022 година од страна на Министерството за одбрана на Украина. Странски проверувачи на факти нашле ваква нараквица на онлајн продажба во онлајн продавница. Станува збор...

Фејсбук објава манипулира дека Украина е „топовско месо“ во војната со Русија

САД и западните сојузници во многу наврати покажале дека одлуките за иднината на Украина се во рацете на Украина и нејзините институции. Уште повеќе, многупати е повторена изреката „ништо за и околу Украина без Украина“ и тоа дури и од претседателот Џо Бајден. Ваквото однесување на САД покажува дека Украина не е „топовско месо“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Не е точно дека директорот на Фајзер признал оти вакцината не била тестирана и не била за ковид

Воопшто не се бараше од Фајзер, или било која друга компанија за производство на вакцини да тестира дали вакцината против ковид-19 ја намалува трансмисијата на вирусот пред да ја пуштат во употреба. Тоа не им беше потребно ниту за ицинијалното регулаторно одобрување, ниту компаниите (вклучително и Фајзер) тврдат дека ги тестирале. Тврдењето, пак, во постот што го рецензираме дека...

Австралија не го прогласи ковид-19 за „умрено“

Во овој пост се пропушта контекстот кога се тврди дека луѓето биле измамени од системот и дека Австралија тајно го прогласила ковид-19 за непостоечки. Кога ќе се пристапи до веб-страницата на здравствените власти на Австралија, се гледа дека ковид-19 не е прогласен за „умрено“, туку променети се некои правила во врска со тоа како треба да се однесуваат лицата кои...

НАСА не ги класифицира вакцинираните против ковид како нов, генетски модифициран човечки вид

Терминот „хомо борг генезис“ не може да се пронајде во ниеден јавно достапен документ на НАСА, а агенцијата ги демантира наводите од видеото во постот што го рецензираме. Сајтот на НАСА не дава ниту еден резултат кога ќе пребарате „хомо борг генезис”. Дури и кога на пребарувачот Гугл ќе се пребараат сите американски владини сајтови, не се добива ниту...

Со старо видео се дезинформира дека Зеленски не е веќе во Киев

Наспроти изнесеното во постот дека фотографијата е снимена на 12 октомври 2022 година, таа е снимена на 16 јуни годинава и објавена на Бизнис Вајр. Компанијата на 16 јуни годинава објави дека претседателот на Украина, Зеленски, им се обратил на глобалните технолошки иноватори во 3Д видео, продуцирано со помош на волуметричка технологија на фирмата Еверкоаст. Во постот оваа фотографија...

Дезинформација е дека е уништена американска војска во Украина

Насловот на текстот споделен во постот е невистинит. САД нема пратено војска да се бори во Украина. Наспроти содржината на текстот во која се зборува за починат доброволец од Америка, насловот сугерира за официјално постоење на американска војска во Украина, што е манипулација. На 12 февруари Пентагон им нареди на американските трупи стационирани во Украина да ја напуштат земјата...

Западните медиуми и американскиот Конгрес не ја величаат Вита Заверуха и таа нема титула „херој на Украина“

Невистинито се тврди дека Заверуха е величана од Си-Ен-Ен, Би-Би-Си и од американскиот Конгрес, како и дека ѝ била доделена титулата „херој на Украина“. Вистиномер и претходно дебанкираше тврдење во кое што невистинито се изнесе дека Викторија Заверуха му е внука на украинскиот претседател Зеленски, иако таа со него не е во крвно сродство. „Дејли Мејл“, за Заверуха во 2015...

Името на брендот Пепси не е поврзано со Израел

Името на пијалокот Пепси не е кратенка од „Платете до последен цент, спасете го Израел”. Објаснувањето за оваа кратенка е урбан мит. Со купувањето на Пепси, потрошувачите не поддржуваат убивање Палестинци. Главните акционери на ПепсиКо, може да ги погледнете на следниот линк. Газираниот пијалок Пепси, кој е производ на ПепсиКо, е креиран и развиен во 1893 година, прво под...

Нема докази дека жолтите светла на небото на неколку руски градови се ласерско оружје

Како потенцијален извор на светлата некои го посочуваат природниот феномен познат како светлосна колона или светлосен столб. Ова објаснување беше дадено од рускиот медиум РБЦ, кој го цитираше Михаил Леус, специјалист во метеоролошкиот центар Фобос. Кен Карслав, професор на Институтот за климатски и атмосферски науки на Универзитетот во Лидс во Обединетото Кралство во изјава за сервисот за проверка на...

Не е точно дека Бајден бил егзекутиран во Гвантанамо и дека го заменува глумец

Тврдењата за наводен глумец на местото на американскиот претседател Бајден не се втемелени во реалноста и фактите, туку се производ на заговорнички приказни на „Кју Анон“ движењето за наводна контрола и доминација на светот. Претседателот на САД, Бајден има јавни настапи речиси секој ден, медиумски настапи, вклучен е во менаџирање и коментирање на внатрешните и меѓународните политички процеси вклучително...

Партијата Родина неаргументирано тврди дека со прскањето со авиони САД ги контролира временските услови

Во 2016 година, првото истражување спроведено од Карнеги сајенс, Универзитетот на Калифорнија Ирвајн и непрофитната организација Ниар зиро покажа дека трагите што ги испуштаат авионите, а кои поддржувачите на теориите на заговори ги нарекуваат кемтрејлс (chemtrails) и ги сметаат за запрашување со хемиски и биолошки агенси, своевидна современа еугеника (спречување „инфериорните луѓе“ да имаат деца), можат многу лесно и...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...