Лажно видео се шири по интернет за продажба на руска уметност за помош на Украина

-

Европската телевизиска мрежа Јуроњуз информира дека деновиве на интернет кружи лажно видео, кое се прикажува всушност како извештај на Јуроњуз, при што се злоупотребува фонтот, графиката и знакот на Јуроњуз без дозвола, а е поврзано со војната во Украина, пишува Јуроњуз. Темата на лажното видео е наводна уникатна аукција на руски уметнички дела, при што средствата од продажбата ќе биле наменети за помош на Украина.

„Видеото не е продуцирано или објавено од Јуроњуз и нема да се одржи таква аукција“, информираат од Јуроњуз.

Во лажното видео со времетраење од 67 секунди се тврди дека во Германија ќе се одржи „уникатна аукција на руска уметност“ на аукциската куќа Bolland & Marotz за поддршка на Кијив. Во клипот лажно се покануваат и колекционерите на уметнички дела да донираат слики од руски уметници или ракописи од руски композитори.

Видеото лажно тврди дека уметничките дела потоа ќе бидат „јавно уништени“, а приходите наводно ќе биле донирани на војската на Украина.

Една верзија на лажното видео на Телеграм е гледано повеќе од 530.000 пати, предупредуваат од Јуроњуз. Тие информираат дека вакво видео не било објавено на веб-страницата на Јуроњуз или на нивните канали на социјалните мрежи.

„На интернет е споделено лажно видео кое навидум изгледа дека прикажува извештај на Јуроњуз за аукција на руска уметност. Јуроњуз не го произведе ниту го објави ова видео“, се вели во соопштението од Јуроњуз.

Од телевизијата појаснуваат дека тие преземаат чекори за да се избрише лажното видео од сите онлајн платформи, но и активно истражуваат од каде доаѓа ова лажно видео.

Аукциската куќа Bolland & Marotz, исто така потврди дека наводното видео од аукцијата е „фалсификат“. Таква аукција нема и нема да има никогаш.

„Во моментов размислуваме за правна постапка против создавањето и дистрибуцијата на ова видео“, информираат од аукциската куќа Bolland & Marotz.

***

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...