fbpx
Таг: дезинформации

таг: дезинформации

Не е вистина дека „крисламот“ е официјална светска религија

Документот кој се спомнува во објавата – Документот за човечко братство – е заедничка изјава потпишана од папата на Католичката црква и големиот имам на Ал-Азхар на 4 февруари 2019 година. Изјавата е симболичен гест наменет да ја промовира соработката и меѓусебното почитување меѓу главните светски религии, римокатолицизмот и исламот, и на ниту еден начин не сугерира спојување на...

Видео дезинформира дека поради вакцината колабирале новинари, политичари, спортисти

На видеото кое трае повеќе од 2 минути, измонтирани се сегменти од различни настани каде телевизиски презентери, новинари, медицински лица и спортисти се онесвестуваат или пак паѓаат на терените, а за сите нив се тврди дека „починале поради вакцината”. Но, дел од видео материјалите се снимени пред воопшто да постои вакцина против ковид-19, а за другите постојат или други...

Нивес Целзиус во претседателската вила била на неформален прием за 70 лица, а нејзиното однесување е работа на домашно воспитување

Неформален прием на над 70 лица што учествуваа на јубилејниот 30ти турнир во мал фудбал на медиуми во претседателската резиденција на Водно, меѓу кои била и хрватската старлета Нивес Целзиус, изминатиов викенд ја зовре јавноста на социјалните мрежи. Цела низа од дезинформации, навреди за претседателот Пендаровски и за Целзиус беа лиферувани на Фејсбук, и особено на Твитер, по што и...

Дезинформација е дека има изненадување во менувачниците во земјава

Незначителното намалување или зголемувањето на вредноста на валутите за еден ден, два дена, или за една недела, не е никакво изненадување, како што невистинито се тврди во објавата на Фејсбук и во медиумскиот напис. Истиот е „јадица“ за привлекување кликови која не е соодветна, односно претстaвува дезинформација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Дезинформација е насловот...

„Пејпал“ нема да ги казни клиентите со 2.500 долари за ширење дезинформации

„Пејпал“ се повлекува од политиката согласно која би ги казнувала корисниците со 2.500 долари за ширење „дезинформации“. Оттаму велат дека неодамна по грешка излегло известување за прифатлива политика за користење која вклучува неточни информации. „Пејпал“ не ги казнува луѓето за дезинформации и никогаш не била намерата тоа да биде вметнато во нашата политика. Нашите тимови работат на корекции. Жалиме за...

Говор на Бајден изваден од контекст се шири на социјалните мрежи

Бајден не им кажува на Американците да се подготват за ураган со тоа што ќе се вакцинираат, туку зборува општо, за опасноста ураганите да го ограничат медицинскиот пристап. Во постот што го рецензираме, не се наведува поширокиот контекст за кој зборува Бајден, се премолчуваат клучни податоци за целосно да се разбере неговата порака и се добива впечаток дека вакцинацијата...

Видео од филмска сцена злоупотребено да се прикаже револт на работници кои не зеле плата

Не е точно дека видеото прикажува револтирани работници кои одлучиле да го демолираат автомобилот на својот газда бидејќи не им дал плата. Видеото е дел од сцена на филмот „Бистра вода“ кој се снима во Скопје. Извршниот продуцент на филмот на  Дејан Милошевски на Фејсбук објави фотографии од снимањето на оваа сцена, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го...

Антигенските тестови не се отровни ако се користат правилно и ако не се допира реагенсот

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Не е точно дека со брзите антигенски тестови масовно се загрозува здравјето и животот на населението. Тоа што ПЦР тестот постои, е само алатка за детекција на ковид-19, а не причинител на болеста. Иако е теоретски вистинито дека дел од вијалите содржат токсични супстанци, сепак, тоа не ги прави брзите антигенски...

Младите да бидат вклучени во одлучувањето – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во посета на Валандово

Иницијативата „Младите во фокусот“, во организација на Клубот за младински прашања и политики во Собранието и Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП) во соработка со Општина Валандово ќе бара од законодавниот дом повеќе активности за да се доближи законодавната до локалната власт. Исто така, според заклучоците од иницијативата постои и потреба од конкретни младински иницијативи и заложба за...

Свињите се еутаназираат поради африканската чума, а не поради скриена агенда

Наспроти невистинитото тврдење во постот, станува збор за моментална депопулизација и еутаназија само на еден вид животни – свињите и тоа поради вирусот на африканска чума којшто се шири низ фармите во Македонија. Од АХВ информираат дека постои разлика како ќе се третираат животните во зависност од тоа каква е фармата и дали се придржува до мерките за заштита...

Брендот „Рамстор“ злоупотребен за лажна наградна игра на Фејсбук

Во оваа објава е злоупотребен брендот „Рамстор“ и со лажно ветување за награда се мамат корисниците на Фејсбук да оставаат свои лични податоци кои подоцна може да бидат злоупотребени. Фејсбук страницата од која се споделува оваа измама е со назив Рамстор Македонија испишано со латиничен фонт и има мал број на следбеници, нешто повеќе од 300 лица. Официјалната страница...

Крвавиот напад врз училиштето во Ижевск – плодно тло за можна пропаганда и дезинформации

Сите светски медиуми и агенции под назнаката итно или „breaking news“ ја пренесоа веста за оружениот напад во градот Ижевск во руската Република Удмуртија, во училиштето 88, при што меѓу десетината загинати има и повеќе деца. Но, информациите од ваков тип оружени напади, во контекстот на руската агресија на Украина, на референдумот што се одвива во окупираните региони Доњецк,...

Конфетите фрлени врз Марио Драги се од пред 7 години, немаат врска со актуелните цени на гасот во Италија

Видеоснимката што се споделува во постот е од 2015 година, период кога Марио Драги беше претседател на Европската централна банка (ЕЦБ). Тој на чело на оваа институција беше од 2011-2019 година. Како што пренел Гардијан на 15.04.2015 година, демонстраторка го нападнала претседателот на ЕЦБ, Марио Драги на прес-конференција во Франкфурт по последниот состанок за монетарна политика. Причината за нападот...

Северна Кореја нема да му испрати на Путин 100 илјади „доброволци“ за борба против Украина

Руски „Регнум“ успеа да ги протне наводните „дипломатски канали” како извор на дезинформацијата дека 100 илјади војници од Северна Кореја ќе се приклучат на руска страна во воената инвазија во Украина, а на тоа експресно се надоврзаа политичари од Русија, да ја поддржат непостоечката иницијатива и да ја оквалификуваат како историски момент. Дезинформацијата не ја заобиколи ниту руската државна...

Хилари Клинтон не била уапсена во 2016 година

Видеото прикажано во прилог на објавата на кое се гледа како Хилари Клинтон се онесвестува, при што притрчуваат луѓето од нејзиното обезбедување за да ја задржат, е злоупотребено во постот со цел да се манипулира јавноста дека таа не се онесвестила, туку давала отпор при апсење. Вест за апсење на Клинтон за време на комеморацијата за 11 септември во...

Не е точно дека ОН работат на депопулација на планетата

Наспроти тврдењата во постот, Обединетите нации воопшто не се обидуваат да ја намалат светската популација и во нивните заложби не се застапени политики за уништување, туку за спасување на животи. Глобалните заложби на ОН не се однесуваат на тоа да му се наштети на населението туку да се подобри животот во различни области кои се глобален предизвик. ОН имаат...

Човек во Австралија починал поради напад од кенгур, а не поради ковид вакцина

Постот дезинформира дека се прикрива вистината во врска со настанот во Австралија кога човек починал откако бил нападнат од кенгур и паушално тврди дека тој умрел 24 часа после третата доза вакцина против ковид. Светските медиуми јавија дека роднина на починатиот маж го пронашол со сериозни повреди. На местото на настанот дошла и полиција, бидејќи кенгурот не ѝ дозволувал...

Не е потврдено дека децата се во огромен ризик од смрт и нуспојави по ковид вакцинацијата

Индивидуалните пријави и сите детали во системот на ВАЕРС не се потврдени и верифицирани, односно станува збор за случаи каде со самопријавување се даваат информации и тие не се поентата на пристапот на ВАЕРС, односно нивната цел. Со други зборови, станува збор за ран систем на предупредување, а не точен инструмент за мерење на нуспојавите. Системот не потврдува...

Лажна наградна игра повторно ги мами корисниците на Фејсбук

Фејсбук страница, иако се претставува како продавница за велосипеди, нема ни локација, ни купувачи. Eдинствената оставена рецензија за неа, е дека станува збор за лажна страница со цел да се прибават вашите лични податоци. Страницата е креирана на 12 септември годинава. Станува збор за измамнички начин на прибирање на личните податоци на корисниците на социјалните мрежи со лажно...

Во Латвија демонстранти не биле приведени оти пееле песна, туку зошто одбивале да се разотидат од протест

Прес Јунајтед објавува дека Латвија отстранила советски споменик, по што 14 луѓе биле уапсени во Рига. Според медиумските извештаи, летонската полиција ги уапсила лицата кои протестирале против отстранувањето на споменикот. Локалните власти посочиле дека од неколку десетици луѓе кои се појавиле на местото, 14 биле уапсени затоа што не ја почитувале полициската наредба да се разотидат, а не затоа...

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...