fbpx
Таг: деца

таг: деца

Трет тажен Велигден во Смиљковци

Наќевски, Тричковски, Славковски и Ацевски – семејствата на четирите момчиња убиени кај Смиљковско Езеро, денеска го посетија местото каде на најбрутален начин беа ликвидирани  нивните деца, пишува „24 Вести“. Родителите се надеваат дека т.н. бомба на Заев, со кој се сретнале неодамна, ќе ја открие целата вистина за случајот „Монструм“, како и тоа кој го нарачал ликвидирањето на нивните деца. Со свеќи,...

Нема заболени деца од туберколоза во Чаир

Сите досега направени тестови за туберколоза на учениците и на наставниот кадар во основното училиште во населба Чаир, „Васил Главинов“, кои биле во контакт со заболената наставничка, се негативни, пишува „Фокус“. - Контролните прегледи ќе продолжат во вторник. Учениците се праќаат на тестови одделение по одделение, во зависност од распоредот што го добиваат од надлежните здравствени установи – изјави Ќамуран Кучи, директор на...

Светскиот ден на шегата одбележан со проект за мултиетничка интеграција

Oколу 200 ученици од одделенска настава од училиштата ОУ„Дебарца“ од село Белчишта, кои учат на македонски јазик, и ОУ„Нури Мазари“ од струшкото село Корошишта, кои учат на албански јазик, заедно со нивните наставници, организираа заедничка програма и прослава на денот на шегата 1 Април. Во село Корошишта, населено со етнички Албанци, учениците од двете училишта, со најразлични маски и со...

Голем одзив на скијачкиот меморијален куп „Стеве Илиевски-Караѓуле“

Повеќе од 80 дечиња од скијачки клубови од Македонија и од соседството, денеска учествуваа на четвртиот меморијален куп „Стеве Илиевски-Караѓуле“ на Попова Шапка. Младите и надежни скијачи, родени од 1999 година до 2008 година, ги одмеруваа вештините во алпската дисциплина велеслалом на скијачката патека Пионерско брдо. И покрај маглата која се спушти на скијачката патека, децата со голем ентузијазам учествуваа на натпреварувањето...

Детски скијачки натпревар во чест на Стеве Илиевски-Караѓуле

На Попова Шапка в недела, на 29 март, ќе се организира четвртиот Меморијален детски скијачки натпревар „Стеве Илиевски-Караѓуле“. Меморијалниот натпревар во организација на скијачкиот клуб „Љуботен“, ќе се одржи на скијачката патека Пионерско брдо во повеќе категории. Досега учеството го потврдиле осум скијачки клубови од Македонија, Косово, Србија и од Црна Гора. За првите три места, во секоја категорија, се...

Одмаздата на Тамара: Забеганите* проекти добија нова единица мерка

.title span { font-size: 20px; vertical-align: super; } По текстот на „Мета“, дека парите за панорамското тркало, кое ќе чини 15,5 милиони евра, можат да спасат 516 Тамари, на социјалните мрежи секој трошок на Владата почна да се пресметува во пари за болни лица, луѓе без дом, амбулантни возила, студентски домови. Со вкупно 19,2 милиони евра кои ќе се потрошат за...

Боко харам киднапирала 500 деца

Околу 500 деца на возраст до 11 години се водат како исчезнати од нигерискиот град Дамасак откако го напуштија борците на Боко харам. Трговец од тој северноисточен град соопшти дека организацијата Боко харам при заминувањето со себе собрала и деца. Војници од Нигерија и од Чад го зазедоа Дамасак на почетокот од месецов и ставија крај на повеќемесечната контрола на борците на групата.

Шарпланински куп за деца за популаризација на скијањето

Заврши Шарпланинскиот куп за деца што викендов се одржа на Попова Шапка. Повеќе од 100 деца на возраст од шест до 16 години, од земјава и од регионот, скијаа во дисциплините слалом и велеслалом на патеката Пионерско брдо. Целта на манифестацијата е преку организирање детски натпревари да се популаризира скијањето, кое во Македонија е доста значајно за развој на зимскиот туризам....

Седум деца загинаа во пожар во Бруклин

Седум деца загинаа, а две лица се потешко повредени во пожар кој утринава изби во стан во Бруклин. Стотина пожарникари се обидувале да се справат со огнената стихија, во која загинале децата, кои се на возраст меѓу пет и 15 години. Причината за пожарот засега е непозната, а полицијата и пожарникарските служби вршат истрага.

29-годишник полово нападнал две деца во Штип

Во средата попладне, во штипската полиција, татко го донел својот 13-годишен син, со тврдење дека бил полово нападнат од возрасен маж. Кога полицијата тргнала со истрагата, бил откриен уште еден случај на силување. Во 24 часа, 29-годишен штипјанец полово злоупотребил уште едно малолетно момче. Се работи за 16-годишник со пречки во развојот. Нападот го извршил во понеделникот вечерта, во...

Дали само учениците ќе се офајдат од набавката на 300.000 таблети?

По проектот „Компјутер за секое дете“, основните и средните училиште од следната година ќе се подноват со „таблет-компјутери за секое дете“, информираше заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. „Компјутер за секое дете“ мина со многу контроверзии и сомнежи за набавките на опремата, а до ден-денес не е познато колку точно пари чинеше проектот. Опозицијата обвини дека од  првичниот проект...

Во Детската кардиохиргија досега извршени 120 интервенции

Во Детската кардиохирургија за неполни две години се извршени 120 кардиохируршки интервенции. Во рамки на десеттата мисија (од 22 февруари до 7 март) на тимот странски доктори што работат на проектот Детска кардиохирургија, се направени 13 интервенции, а попладнево се извршува 14-тата. Министерот за здравство, Никола Тодоров, кој денеска ја посети Клиниката за детска хирургија, изјави дека во рамки на десеттата...

„Јутјуб кидс“ прилагоден за деца

„Јутјуб“ ја претстави новата верзија на сервисот наменет за деца. „Јутјуб кидс“ е достапен за преземање преку „ап стор“ и „гугл плеј“. Досега „Јутјуб“ за родителите претставуваше меч со две острици. На платформата веќе постојат многу содржини прилагодени за деца, но не и ефикасен начин за уредување кој ќе ги заштити децата од непримерни содржини. „Гугл“ наведува дека „Јутјуб кидс“ не...

Жена и дете загинале во експлозија на бомба кај Осиек

Седумгодишно дете и 36-годишна жена загинале, а уште три деца биле повредени во експлозија на рачна бомба во местото Бело Брдо во близина на Осиек, јавува хрватската државна телевизија (ХРТ). Повредените деца веднаш биле префрлени во Клиничкиот болнички центар (КБЦ) во Осиек. Портпаролот на осиечко-барањската полициска управа, Дарио Премец, изјавил дека станувало збор за експлозија на засега непозната експлозивна направа и...

Ќе се вработат уште 30 деца без родителска грижа

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, информираше дека е објавен нов оглас за вработување на 30 деца без родители и без родителска грижа преку програмата Д10 која трае до 4 март. - Сите оние што се заинтересирани и што немаат редовно работно место, а биле деца без родители и без родителска грижа до 18 години и се во...

Објавен романот „Божествени дечиња“ од Татјана Громача

„Македоника литера“ од Скопје го објави наградуваниот роман на хрватската писателка Татјана Громача, „Божествени дечиња“, во превод од хрватски јазик на Ленче Тосева. Татјана Громача е веќе еминентно име во најновата хрватска проза. За романот „Божествени дечиња“ доби две високи и реномирани книжевни награди во Хрватска за 2012 година: државната награда „Владимир Назор“ и наградата „Јутарњи лист“ за најдобра прозна...

СДСМ бара смена на директорката на градинката „ Јасна Ристеска“ во Охрид

СДСМ од Охрид, ја обвини директорката на градинката „Јасна Ристеска“, Розе Костеска, и од градоначалникот Никола Бакрачески побара нејзина смена. - Директорката на оваа градинка без согласност на Советот на Општина Охрид ја зголемила цената за полудневен престој, речиси двојно, од 800 на 1.500 денари. Исто така, самоволно, преку ноќ, донела одлука престојот на дечињата да се плаќа однапред, пред први...

Деца од Кумановско заминаа на бесплатно зимување на Пелистер

Утрово на бесплатно зимување на Пелистер замина група од 67 деца од Кумановско. Ова зимување е во рамки на проектот на Министертвото за труд и социјална политика за користење бесплатна услуга за одмор и за рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток.  

Наместо да бидат посвоени, децата од домот во Битола се враќаат кај биoлошките родители

Нов тренд се практикува во Домот за доенчиња во Битола и наместо да бидат посвоени, децата се враќаат кај биолошките родители. Во последните две години, од Домот за доенчиња во Битола повеќе од десет напуштени бебиња и мали деца се вратени кај своите мајки. Она што е интересно е што службите на домот и на Центарот за социјални работи во Битола успеале...

Четири деца спасени од снежното невреме

Четири лица се спасени откако биле завеани во автомобил  на патот Бошков мост – село Лазарополе, информираше Шабан Салиу, директор на Дирекцијата за заштита и спасување. – ДЗС спаси и четири деца и едно повозрасно лице завеани во село Гари, кои беа пренесени на безбедно место - изјави Салиу. Дирекцијата, додаде тој, интервенирала со 18 машини за чистење на снегот и со 14 камиони,...

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...