fbpx

29-годишник полово нападнал две деца во Штип

-

Во средата попладне, во штипската полиција, татко го донел својот 13-годишен син, со тврдење дека бил полово нападнат од возрасен маж. Кога полицијата тргнала со истрагата, бил откриен уште еден случај на силување. Во 24 часа, 29-годишен штипјанец полово злоупотребил уште едно малолетно момче. Се работи за 16-годишник со пречки во развојот. Нападот го извршил во понеделникот вечерта, во паркот Суитлак.

Еден ден подоцна, во руинираната соблекувална на спортското игралиште „Бело брдо“, во вторникот вечерта, на 10 март, извршил полов напад врз 13-годишникот, соопшти портпаролката Гордана Панајотова.
Од Клиничката болница изјавија дека лекарите немаат пријавено ваков случај, иако таткото го однел детето на преглед.

Напаѓачот е приведен и предаден на Јавното обвинителство, каде му е одреден притвор. Кривичната пријава на полицијата е за делата полов напад на дете и сексуална злоупотреба на немоќно лице.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.