fbpx
Таг: човекови права

таг: човекови права

Во државата се случуваат сериозни повреди на човековите права, сметаат младите правници

„Во државата се случуваат сериозни повреди на основните човекови слободи и права. Дискриминацијата е присутна и евидентна кон припадниците на ромската етничка заедница, ЛГБТИ-заедницата, политичките неистомисленици и жените. Лицата лишени од слобода се соочуваат со нечовечки услови во затворите и во други институции“, се вели во соопштението на Македонското здружение на млади правници по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права...

Се интензивира фашистичката реторика во Европа и во САД, оценија ОН

Стандардите за заштита на човековите права во светот се под невиден притисок, соопштија синоќа Обединетите нации, предупредувајќи дека „фашистичката реторика“ станува застапена и во Европа и во САД. Говорејќи во пресрет на Меѓународниот ден за човекови права, кој е одбележува на 10 декември, високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Рад ал Хусеин, побара луѓето во светот за се спротивстават на...

Пломп: Многу е важно како државните институции се соочуваат со разновидноста

ЛГБТИ-правата не се застапени во агендите на политичките партии, покажува анализата на здружението на граѓани „Субверзивен фронт“, изработена според прашалници испратени до политичките партии за застапеноста на ЛГБТИ-проблемите во платформите на политичките партии. Од „Субверзивен фронт“ испратиле прашалници до 31 политичка партија, а одговор добиле само од пет партии: СДСМ, Либерална партија, ДОМ, ЛДП и Левица. - Анализата покажува дека ЛБГТИ-правата не...

Време е жените во Саудиска Арабија да возат, порача саудискиот принц Алвалид бин Талал

Саудискиот принц Алвалид бин Талал повика на укинување на забраната жени да возат автомобили. Принцот преку „Твитер“ порача дека дека е крајно време саудиските власти да им дозволат на жените да управуваат автомобили. „Сопрете ги дебатите: време е жените да возат“, напиша принцот Алвалид бин Талал. https://twitter.com/Alwaleed_Talal/status/803672332485017600 По краткиот твит, канцеларијата на принцот објави некарактеристично долго соопштение на англиски и на арапски во...

За Ромите во Македонија правдата е научна фантастика

Отсега неправдите и прекршувањето на основните човекови права врз ромската популација во Македонија ќе можат да се пријават на веб-платформата „Ромамап“, која денеска ја промовираше Хелсиншкиот комитет за човекови права. Проектот е финансиран од Амбасадата на Германија во Македонија, а во проектот се вклучени и неколку граѓански здруженија, кои работат на проблемите со кои се соочуваат Ромите кај нас. -...

Висок комесар за човекови права на ОН: Алепо е кланица

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Зеид Раад ал Хусеин, рече дека сирискиот град Алепо е „кланица“ и го повика Советот за човекови права да се дистанцира од „политичките несогласувања“ и да се фокусира на страдањата на цивилите. Ал Хусеин отворената забелешка ја упати денеска на видеоконференција со 47 земји-членки на телото на ОН задолжено за човекови права, откако...

ОН да најде сеопфатно решение за бегалската криза, порача македонската дипломатија

Република Македонија посветено работи на проблематиката за справување со мигрантската криза, притоа обезбедувајќи хуман третман, согласно националните закони и меѓународните конвенции за заштита на човековите права, стои во реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи откако високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Рад ал Хусеин, вчера ги критикуваше властите на Македонија за систематската политика на протерување и...

Заев: Македонија ќе биде дел од големото европско семејство

Градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Народно ослободителната-антифашистичка борба на Македонија во Струмица. - Треба темелно да си го исчистиме сопствениот двор од нештата што сериозно ни ги разнишуваат темелите на државата и на државноста за да ѝ покажеме на Европа дека Македонија се враќа на вистинскиот пат...

Норвешка: На Брејвик не му се прекршени човековите права

Норвешката влада не се согласува со пресудата на судот, според која со затворските услови се прекршуваат човековите права на масовниот убиец Адерс Брејвик, соопшти денеска норвешкиот министер за правосудство, Андерс Анундсен. Судот во Осло минатата недела донесе пресуда, според која на Брејвик, кој во нападите во 2011 година уби 77 лица, му се прекршени човековите права затоа што престојува во самица...

Извештај на Стејт департментот: Македонија страда од корупција, непочитување на судството и притиснати медуми

Најголемите проблеми со човековите права во Македонија се поврзани со високото ниво на корупција, неуспехот на владата целосно да го почитува владеењето на правото, вклучувајќи го и постојаното прекршување на слободата на медиумите, мешање во судството, како и селективното гонење, стои во годишниот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент. Во извештајот се наведува дека судскиот систем во Македонија е...

Бејвик ја тужи Норвешка за повреда на човековите права

Екстремниот десничар Андрес Брејвик, кој во 2011 година уби 77 лица во Норвешка, денеска пред судот се појави со нацистички поздрав. Тој ја тужи Норвешка поради повреда на човековите права, односно затоа што речиси пет години го држат во изолација. Од безбедносни причини, судењето се одвива во затворот „Скиен“, во кој Брејвик ја издржува казната. Бејвик во затворот го држат одвоено од...

Комесарот за човекови права на ОН бара акција во Либија

Комесарот за човекови права на Обединетите нации, Зеид Рад ал Хусеин, денеска го повика Советот за безбедност да го зголеми надзорот во Либија и да преземе акција против кршењето на правата. Апелот доаѓа по објавувањето на извештајот во кој се документираат тортурата и насилството во земјата во изминатите две години, по соборувањето на Моамер Гадафи и по големите поделби...

АИ за Македонија: Докази за корупција во власта, таен надзор и напади врз новинари

Објавувањето на аудиоснимките не само што откри докази за корупција на владата, туку покажа дека постои широко распространет таен надзор, стои во годишниот извештај 2015/2016 на „Амнести интернешенал“ (АИ) за Македонија. Според извештајот, аудиоснимките објавени од опозицијата откриваат владина корупција, злоупотреба на службената положба, изборна измама и недостиг од почитување на човековите права и на владеењето на правото, како и мешање...

Европскиот парламент го осуди кршењето на правата на Татарите на Крим

Европскиот парламент усвои резолуција со која се осудува кршењето на човековите права на Татарите што живеат на полуостровот Крим. Од почетокот на годината, Татарите се изложени на разни облици на насилство, како испитувања, претреси на нивните домови, конфискација на имоти и други облици на злоупотреба. Кримските Татари, кои веќе еднаш биле масовно протерувани од своите домови и тоа во времето на Сталин, во...

„Вила Зора“ ја доби наградата за човекови права од Амбасадата на Франција

По повод 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, Амбасадата на Франција му ја додели наградата за човекови права на Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес. Наградата ја прими Ненад Коциќ, претседател на друштвото. Француската амбасадорка Лоренс Оер рече дека оваа година одлучиле наградата да ја доделат за човековото право да се има здрава животна средина и здраво опкружување. - Улогата...

Хелсиншки комитет: Човековите права се изгубија во партиско-политичкиот дискурс

Во 2015 година бевме сведоци на апсолутната злоупотреба на државниот систем за зацврстување на моќта на владејачката коалиција, наспроти волјата и потребите на граѓаните, кои целосно се изгубија во партиско-политичкиот дискурс и ја загубија и онака слабата доверба во институциите, пишува во соопштението на Хелсиншкиот комитет за човекови права по повод Меѓународниот ден на човековите права. „Почнувајќи од масовното следење на...

Денеска ќе се одржи меѓународна конференција „Медиуми и човекови права“

По повод меѓународниот ден на човековите права, Институтот за новинарство, медиуми и комуникации, при Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организира Меѓународна конференција на тема „Медиумите и човековите права“. Целта на конференцијата е да овозможи размена на мислења и презентација на истражувачки резултати на оваа суштествена тема за медиумите и за човековите права, а особено...

Прославен Меѓународниот ден на човековите права во Тетово

Со настапи на музички групи и со уметнички перфоманси, во Тетово беше одбележан Меѓународниот ден на човековите права. Организатори на настанот, кој се одбележа на градскиот плоштад, беа „ЛГБТ јунајтед“ од Тетово и ромската организација „Романо авази“, кои како најдискриминирани заедници, одлучија јавно да проговорат за проблемите со кои се соочуваат. - Боли сè уште што имаме активни кланови, говор на...

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...