fbpx

Норвешка: На Брејвик не му се прекршени човековите права

-

Норвешката влада не се согласува со пресудата на судот, според која со затворските услови се прекршуваат човековите права на масовниот убиец Адерс Брејвик, соопшти денеска норвешкиот министер за правосудство, Андерс Анундсен.

Судот во Осло минатата недела донесе пресуда, според која на Брејвик, кој во нападите во 2011 година уби 77 лица, му се прекршени човековите права затоа што престојува во самица и е „целосно изолиран од светот“.

– Од канцеларијата на главниот државен обвинител побарав да вложи жалба на пресудата. Затворските услови во кои престојува Брејвик, според мислењето на државата, не се нехумани и деградирачки, како што е дефинирано со членот 3 од Европската конвенција за човекови права – рече министерот.

Брејвик со пресудата на судот делумно го доби судскиот процес против норвешката држава, кој го поведе тврдејќи дека во затворот бил жртва на прекршување на човековите права.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...