fbpx

„Вила Зора“ ја доби наградата за човекови права од Амбасадата на Франција

-

По повод 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, Амбасадата на Франција му ја додели наградата за човекови права на Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес. Наградата ја прими Ненад Коциќ, претседател на друштвото.

Француската амбасадорка Лоренс Оер рече дека оваа година одлучиле наградата да ја доделат за човековото право да се има здрава животна средина и здраво опкружување.

– Улогата што ја остварува „Вила Зора“ е проучување и информирање за загадувањето на почвата од тешките метали, а исто така се обидуваат и да го решат проблемот. Наградата им ја доделивме бидејќи освен научниот пристап кој го даваат, тие постојано ги инфоррмираат граѓаните за последиците од загадувањето – рече Оер.

Ненад Коциќ, забагодарувајќи се за наградата, рече дека нивна обврска како невладина организација е да се борат за доброто на народот, не само на локално, туку и на глобално ниво.

– Овие години се бориме со загадувањето на почвата, која е контаминирана со тешки метали и го нарушува квалитетот на животот на луѓето во Велес – рече Коциќ.

„Вила Зора“ е еколошко здружение кое спроведува активности за вклучување на граѓаните и нивно запознавање со последиците по здравјето од загаденоста на почвата во Велес. Тие вршат обуки, предавања во училиштата и разговори со соодветни експерти од областа на здравјето и на екологијата на конкретни теми во врска со заштитата на животната средина.

„Вила Зора“, исто така, работи на промовирање на одржливиот развој, за да се подобри квалитетот на условите за живот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...