fbpx

Хелсиншки комитет: Човековите права се изгубија во партиско-политичкиот дискурс

-

Во 2015 година бевме сведоци на апсолутната злоупотреба на државниот систем за зацврстување на моќта на владејачката коалиција, наспроти волјата и потребите на граѓаните, кои целосно се изгубија во партиско-политичкиот дискурс и ја загубија и онака слабата доверба во институциите, пишува во соопштението на Хелсиншкиот комитет за човекови права по повод Меѓународниот ден на човековите права.

„Почнувајќи од масовното следење на комуникациите на граѓаните, прекумерната употреба на сила од полицијата на протестите од 5 мај, а потоа и ограничувањето на правото да се протестира пред институциите, особено пред Владата на РМ, ограничувањето на слободата на изразување, дискриминацијата која продолжи да постои во секоја пора на општеството, особено кон маргинализираните заедници и бегалците, можеме да констатираме дека во 2015 година беа урнати сите темели врз кои треба да се градат демократски систем и општество“, велат од Хелсиншки комитет.

Земјите-членки на Обединетите нации денеска го одбележуваат Меѓународниот ден на човековите права, со пораката „Нашите права, нашата слобода, секогаш“ за да се унапреди и да се подигне свеста за двата темелни пакта за граѓански и политички и за економски, социјални и културни права, кои во 2016 година навршуваат 50 години од нивното донесување.

Република Македонија, како земја-членка на Обединетите нации, ги ратификуваше овие два меѓународни документи, со што тие станаа дел од нашиот правен систем.

„Иако ова значи дека државата мора да ги гарантира и да ги почитува правата и слободите утврдени во овие документи, Република Македонија постапува сосема спротивно и сè уште ги ограничува дури и основните слободи и права, притоа необезбедувајќи ефикасни механизми за нивна заштита“, порачува Хелсиншки комитет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...