fbpx

Висок комесар за човекови права на ОН: Алепо е кланица

-

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Зеид Раад ал Хусеин, рече дека сирискиот град Алепо е „кланица“ и го повика Советот за човекови права да се дистанцира од „политичките несогласувања“ и да се фокусира на страдањата на цивилите.

Ал Хусеин отворената забелешка ја упати денеска на видеоконференција со 47 земји-членки на телото на ОН задолжено за човекови права, откако ја отвори посебната седница за Алепо, која ја свикаа Велика Британија и други поради кризата во овој сириски град.

Јорданскиот принц Ал Хусеин рече дека кршењето на правата и злоупотребите во Сирија, особено во источниот дел на Алепо, кој го држат бунтовниците, „претставува злостор од историски размери“.

Тој истакна дека е „колективен неуспех на меѓународната заедница што не може да ги заштити цивилите и да го запре крвопролевањето, кое треба сите да нè прогонува“.

Се очекува Советот за човекови права подоцна во текот на денот да гласа за резолуција која би требало да повика на зголемено следење на злосторствата во Алепо.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...