fbpx
Таг: британски сој

таг: британски сој

Порталб.мк: Не се знае дали британскиот сој на вирусот корона е присутен во Тетово

Сè уште не е познато дали новиот, британски сој, на корона вирусот циркулира во Тетово и околината, бидејќи нема официјални податоци од Институтот за јавно здравје. Сепак, координаторот на Ковид Центарот во Тетово, Гзим Нуредини, информира дека во моментов има 35 пациенти хоспитализирани со вирусот корона и сите се во сериозна здравствена состојба, пишува Порталб.мк. „Немаме официјални податоци за новиот сој...

Караџоски: Регистрирани 116 случаи на реинфекција со ковид-19

Претседателот на Комисијата за заразни болести Д-р Жарко Караџоски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче информираше дека кај 116 граѓани на земјата е забележана реинфекција со ковид-19. „Во нашата држава досега се регистрирани, заклучно со вчерашните податоци, 116 случаи на реинфекција, официјално верифицирани кај нас во нашиот софтвер-систем и 2 починати“, рече Караџоски одговарајќи на новинарско...

МАНУ детектираше британски сој на корона вирусот и кај вториот пациент кој бил во Занзибар

Министерството за здравство информира дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот и од другиот пациент кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2. Вчера Министерството за здравство го потврди британскиот сој на ковид-19 кај едниот пациент од Битола, кои беше исто така на патување во Занзибар, и кој...

Се чека и руската вакцина „Спутник V“

Владата го овласти министерот за здравство да го потпише договорот за набавка на 100.000 дози од руската вакцина. Додека се договараат деталите за оваа, се уште траат бирократските процедури за другите две вакцини – на американски „Фајзер“ и на кинески „Синофарм“, пишува „Гласот на Америка“. Во однос на другите набавки на вакцини, министерот за зравство Венко Филипче денеска само кусо...

Британскиот сој го зголеми бројот на пациенти затоа што полесно се пренесува

Имаме зголемување на бројот на пациенти заболени од ковид-19. Сè уште траат испитувањата во МАНУ, но вчера разговарав со претставници од лабораторијата во болницата „Жан Митрев“, каде што британскиот сој е присутен во 70 отсто, информираше пред малку министерот за здравство Венко Филипче. Тој заедно со генералниот извршен директор на Стопанска банка Диомидис Николетопулос и директорот на Здравствен дом...

Мутираниот британски сој на корона вирусот засега детектиран кај двајца пациенти во Штип

Вчера потврдените нови 13 случаи на корона вирусот кај пациенти од Штип, го крена вниманието во Центарот за јавно здравје, по деновите на релативно нискиот број на новозаболени. По деновите од еден, четири или пет нови случаи, ваквиот скок е предмет на анализа дали можеби се должи на присуството на новиот британски сој во Штип, потврдено и во лабораторијата...

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...