Фото: Порталб

Сè уште не е познато дали новиот, британски сој, на корона вирусот циркулира во Тетово и околината, бидејќи нема официјални податоци од Институтот за јавно здравје.

Сепак, координаторот на Ковид Центарот во Тетово, Гзим Нуредини, информира дека во моментов има 35 пациенти хоспитализирани со вирусот корона и сите се во сериозна здравствена состојба, пишува Порталб.мк.

„Немаме официјални податоци за новиот сој на ковид-19. Имаме 35 пациенти хоспитализирани во болницата, повеќето се во сериозна состојба и сите се со кислородна терапија“, изјави Гзим Нуредини за Порталб.мк.

Во вчерашниот извештај на Министерството за здравство беше наведено дека бројот на активни случаи со корона вирус во Тетово и петте околни општини е 452. Сепак, оваа бројка постојано се менува.

Секторот за внатрешни работи информира дека во текот последните 24 часа вкупно 29 лица биле казнети за неносење заштитна маска, додека нема казнети за кршење на мерката со која се ограничува движењето.