fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

МАНУ за загадувањето: Да се забрани увоз на возила постари од осум години

Да се забрани увоз на возила постари од осум години во земјава, да се спроведуваат постојани контроли на издувните гасови на возилата и воведување казни за оние кои ги извадиле катализаторите од возилата. Постојано да се зголемува и акцизата на дизел горивото за неговата цена да се изедначи со цената на акцизата на дизелот. Тоа се дел од препораките за...

 За приход од 100.000 денари ќе се плаќа данок од 10.800 денари

Не стивнуваат реакциите од бизнис-секторот, но и од граѓаните кои имаат поголеми месечни приходи по најавата на Владата дека од 1 јануари 2019 стапува на сила нов закон за данок на личен доход со кој се укинува рамниот данок и се воведува прогресивно оданочување. Даночните промени предизвикаа и повеќе дилеми околу износот и начинот на плаќање на даноците за...

Чоловиќ – Лешоска: Увезените стари возила евтини за џебот, „скапи“ за белите дробови

Ана Чоловиќ - Лешоска е директорка на организацијата „Еко-свест“, која работи на полето на заштитата на животната средина во Македонија подолго време. Вели дека во земјава недоволно се преземаат мерки за кревање на свесноста за тоа колку возилата го загадуваат воздухот и оти се потребни порадикални мерки за да се крене свесноста кај граѓаните, како и да се воведат...

Мерките против загадувањето на воздухот треба да почнат од домаќинствата

Мерките кои треба да се спроведуваат за намалување на загадувањето треба да почнат од домаќинствата, оцени академик Глигор Каневче на конференцијата „Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?“, што се одржа во Македонската академија на науките и уметностите. - Мерките кои треба да се спроведуваат за намалување на загадувањето треба да почнат од домаќинствата. Треба да имаат печки...

Град Скопје: Сериозно ги сфаќаме предизвиците со загадувањето

Изминатиов период просечните вредности на загаденоста на воздухот не ги надминуваат граничните вредности, односно тоа се случува само во кратки временски интервали и на одредени локации, се вели во реакцијата на Градот Скопје на информациите кои изминативе два дена се објавуваа во јавноста, околу загадуваето на воздухот во Скопје. Од градската администрација велат дека, сериозно ги сфаќаат предизвиците со загадувањето...

Со повеќе пари за општините и гасификацијата ќе се помести од мртва точка

Изградбата на инфраструктурни проекти во општините, помеѓу кои е и гасификацијата се закочени, поради блокираните општински сметки и немањето доволно на финансиски средства за таа намена. Поместување од мртва точка е можно со предлог- ребалансот на буџетот со кој се предвидени повеќе пари за општините, за да се платат доспеаните долгови и да се одблокираат сметките. Директорот на Јавното претпријатие „Куманово...

Аерозагадувањето во Тетово – приказна која постојано се повторува

Тетово и понатаму се бори со загадувањето на воздухот и е на листата на најзагадени градови во светот. Ситуацијата посебно се влошува кога започнува грејната сезона, бидејќи голем број на граѓани се греат на дрва. Информациите дека во Македонија се дише најзагаден воздух во Европа, од страна на Светската здравствена организација предизвикаа низа реакции кај граѓаните. Велат, најмногу се...

„Еко-свест“ покрена петиција за мерки за намалување на аерозагадувањето во Скопје

Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ по најновите извештаи за загадувањето на воздухот во Скопје, покрена онлајн-петиција со која од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Град Скопје се бараат итни чекори за борба против причините за загадување на скопскиот воздух. #СкопјеДише отрови, а сака #ЧистВоздух! - Потпиши се денес! Имаме 10 лесно применливи...

По лекарите, и медицинските сестри од Штип се селат во странство

Над десетина медицински сестри и техичари во Клиничката болница во Штип во моментов зеле оправдано неплатено отсуство во законскот рок до три месеци и работат некаде по здравствените институции на европските земји. Зачестен е трендот медицински персонал со средно образование со над дваесетгодишен работен стаж да поминува по неколку месеци во странство во неколку наврати, а потоа некои од нив...

Ако се намали загадувањето до ЕУ стандардите, ќе се избегнат над 800 смртни случаи годишно

video
Повеќе од 3.000 лица годишно умираат како резултат на загадениот воздух во Македонија, предупреди Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во последниот европски извештај за квалитетот на воздухот, објавен во понеделникот. Македонија е прогласена за земја со најзагаден воздух и во врвот по бројот насмртни случаи по глава на жител, покрај Косово, Србија, Унгарија и Бугарија. Според Светската здравствена организација,...

ЈКП Тетово ветува дека во 2019 година ќе обезбеди 200 нови контејнери со капаци

Проблемот со контејнерите за отпадоци без капаци, што е една од клучните пречки за одржување на хигиена во Тетово, Јавното комунално претпријатиe од Тетово ветува дека ќе почне да го решава во текот на следната година. Тие планираат половина од нив да  ги заменат со нови контејнери кои ќе имаат капаци, известува „Порталб.мк“. - Во план-програмата за 2019 година предвидовме да...

За три години, тројно се намалени пријавите за несакани реакции од вакцини (инфографик)

За три години, тројно е намален бројот на пријави од граѓани за несакани реакции од вакцините, покажува евиденцијата на Институтот за јавно здравје. Во 2015 година, регистрирани се 48 пријави за несакани ефекти од вакцини, додека во 2016 се регистрирани 16, а во 2017 само 13 пријави. Значителното намалување на несаканите реакции може да се поврзе со воведувањето на поливалентните...

Екологистите најавуваат блокада на патот кон Бугарија поради рудникот Иловица

Под мотото „Сите против рудникот на смртта“ струмичката еколошка иницијатива „Здрава котлина“, која се спротивставува на отворањето на рудникот Иловица, за 10 ноември со почеток во 11,30 часот најави двочасовна предупредувачка блокада на сообраќајот на кружниот тек на излезот од Струмица кон Бугарија како и на транзитниот пат, во сите насоки. Повикувајќи ги граѓаните да им се придружат, за самите...

И со зголемен буџет, на АРМ ќе и треба најмалку една деценија да се доопреми

На АРМ ќе и требаат најмалку четири години за со најавените буџети, кои ќе се зголемуваат, да го купи само минималниот неопходен број на оклопни транспортери, а најмалку една деценија за да ја купи сета потребна опрема, покажуваат пресметките направени врз основа на постоечката формација на АРМ и проекциите на Министерството за финансии во Фискалната стратегија за 2019-2021 година. Владата...

Воздухот почна да нѐ труе, мерните станици отидоа на сервис

Граѓаните со месеци не можат реално да се информираат за нивото на загадување на воздухот во дел од најзагадените подрачја во земјава. Сензорите на повеќето мерни станици кои го прикажуваат најчестиот вид на загадување не испраќаат податоци до Министерството за животна средина. Во скопските населби Гази Баба и Лисиче мерните станици работат селективно, па така, инструментот за мерење на ПМ10...

Во Македонија „врие“ од говор на омраза, но случаите ретко имаат судска завршница

Од стапувањето на сила на новите законски измени на Кривичниот законик за говор на омраза во февруари 2014 година, Кривичниот суд Скопје има осудено само две лица со парична глоба поради говор на омраза. Бројот на казни е многу мал, споредено со пријавите на дигиталната платформа „Пријави и спротивстави се на говорот на омраза" каде за истиот период се евидентирани...

Катерина Ставридис: Имунизацијата е едно од најголемите достигнувања на медицината

Вакцинацијата директно придонесува за намалување на бројот на заболени и смртноста од вакцино-превентабилните заболувања. Според СЗО со вакцинирањето се спасуваат два до три милиони деца во светот, секоја година, вели епидемиологот д-р Катерина Ставридис. - Последен случај на дифтерија во Македонија е регистриран во 1976 година, неонатален тетанус не е регистриран од 1993 година, а последен случај на детска парализа...

Дишеме отров четири пати повеќе и осум пати подолго од дозволеното (инфографик)

Просечното годишно загадување на воздухот во Македонија со ПМ10 честички во минатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани со Директивата на ЕУ за квалитет на воздухот, кои од 1 јануари 2015 година се задолжителни за сите земји-членки. ЕУ веќе почна постапка против неколку членки кои ги надминуваат граничните вредности. Бугарија, соочена со...

Стечајците на ОХИС на средба во Владата: Нови пресметки на плата и за придонеси

Претставници на поранешните вработени во АД ОХИС Скопје-во стечај и претставници на Синдикатот денеска одржаа средба со министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ. Од Владата информираат дека на состанокот, на нивно барање, им бил презентиран извештајот од електронската продажба на недвижниот и подвижниот имот од стечајната маса на ОХИС, и планот за авансна...

Бочварски: Компаниите од Штип треба да кажат дали ќе се приклучат на гасоводот

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска остварил средба со претставници од бизнис-секторот во врска со изработка на идејниот и основниот проект за гасификација на Општина Штип. - Многу ми е важно да добијам информација од штипскиот бизнис-сектор, дали и колку е заинтерсиран за да се приклучи на гасоводната мрежа.Компаниите треба да дојдат до Општината и да земат формулар, кој...

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...