fbpx
Таг: Заев

таг: Заев

Заев: Може да разговараме и за предвремени избори, а можна е и лидерска средба

Заслужува внимание барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори пред да се разговара за членството во НАТО и ЕУ, ако тоа гарантира успешен референдумски процес, рече премиерот Зоран Заев денеска, на свеченоста за почеток на градежните работи на фабриката на американската компанија „Дура“ во Бунарџик. - Кога? После една година? Во секој случај вредно е за внимание кога опозицијата...

Македонија од ЕУ доби датум, ама и услови

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање  на тридневниот РОС-РОТ  семинар посветен на Евроатланската интеграција на Западен Балкан, кој се одржува во Собранието на Република Македонија, ја даде и следната изјава која ја сметаме за полувистина, пишува „Вистиномер.мк“ Дозволете на почетокот да споделам огромно задоволство за вчерашната одлука за добивање на датум за преговори со ЕУ, јуни 2019 година.Сакам да им честитам...

Заев од премиерите од ЕУ побара поддршка за старт на преговорите со Македонија

Премиерот Зоран Заев испратил писма до премиерите на земјите-членки на ЕУ со кои ги повикал да поддржат одлука за старт за пристапни преговори на Македонија со ЕУ, како одлука која е одамна заслужена, соопшти Владата. Информирајќи ги за Договорот за решавање на разликата околу името и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу Македонија и Грција, македонскиот премиер напоменува дека тој...

Заев: Граѓаните се најзаслужни за позитивната препорака од ЕК

Граѓаните се најзаслужни за позитивната препорака од Европската Комисија, порача премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата, откако беше објавена неусловената препорака за почеток на преговорите со Македонија што Европската Комисија (ЕК) ја упати до Европскиот Совет. - Дел од успесите има и опозицијата зошто направивме заеднички компромиси. Владата е подготвена да прифати различни размислувања. Владата посветено ги сработи реформите....

Советот за следење на правосудните реформи ја одржа конститутивната седница

Конститутивната седница на Советот за следење на имплементацијата на стратегијата за реформи на правосудниот сектор се одржа вчера во Владата. Според премиерот и претседавач на ова тело, Зоран Заев, формирањето на Советот е со цел враќање на дигнитетот на правосудството, обезбедувањето правда и право, согласно очекувањата на граѓаните и претставува патриотски чин. Притоа Заев појасни дека тој ќе ги...

Недоследности и популизам околу „Мерцедесот“

Одлуката која што ја донесе Владата на својата 57 седница во врска со стопирањето на продажбата на „Мерцедесот на Груевски“, е недоследна и е последна епизода во сторијата која се повеќе се користат и популистички манири, пишува „Вистиномер.мк“. Приказната за „Мерцедесот“ започна уште со емитувањето на снимките од прислушуваните телефонски разговори до кои дојде СДСМ во 2015 година. Потоа, на...

Поддршка за реформите од помошникот генерален секретар на ОН, Мирослав Јенча

Помошникот генерален секретар на ОН за политички прашања, Мирослав Јенча, на средбата со премиерот Зоран Заев ја поздравил посветеноста за спроведување на реформите како и заложбите на владата за демократија, владеење на правото, човековите права и меѓуетничките различности. Тој понудил поддршка од системот на Обединетите нации во спроведувањето на реформите, особено во областа на достигнување на Целите за одржлив...

Заев со германските бизнисмени разговарал за развој на средното стручно образование

На средбата на премиерот Зоран Заев со претставници на германската Комора за индустрија и трговија во Берлин, денеска се зборувало и за концептите за средно стручно образование во Македонија и за енергетската ефикасност и за обвновливите извори на енергија, соопшти македонската влада. На средбата на која бил придружуван од вицепремиерите Радмила Шекеринска и Бујар Османи, македонскиот премиер со својот домаќин,...

Неделава ќе се знае составот на Советот за реформи на судството

Советот за имплементација на реформите во правосудството ќе го сочинуваат претседателите на трите судови - Врховен, Апелациски и Кривичен суд, како и јавниот обвинител и специјалниот јавен обвинител. Ова денеска го потврди премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашња. Тој рече дека е во финална фаза на консутлации со правните експерти околу Советот, кој според најавите, треба да биде формиран неделава,...

Бошњаковски: Ако се постигне договор за името, ќе се организира референдум

Течат преговорите за спорот со името под закрила на Обединетите нации, но во моментов нема видливо решение, но секако кога ќе биде постигнат договор, ќе се организира референдум, рече портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на новинарско прашање на денешната прес-конференција дали има некаков исчекор во долгиот спор. Прашан дали премиерот Заев ја прифатил поканата на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис да...

Што сè ни се случи по 11 декември: Година на избори, протести, пресврти, крв и оставки

Наврши една година од последните парламентарни избори, што беше исполнета со извонредно крупни настани во политичкиот живот во Македонија, од кои еден со крајно брутално насилство, кога пратеници и новинари беа брутално истепани. 11 декември 2016 година - Деветти парламентарни избори во Република Македонија, истовремено и четврти предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освои 51 пратеничко место, СДСМ и коалицијата...

Заев: Почнува севкупно зголемување на платите

Граѓаните знаат дека тенденцијата е да ја зголемиме минималната плата на 12.000 денари, а ние сме сериозни во одлуката и сакаме оваа мерка да биде воведена на 1 септември, истакна премиерот Зоран Заев денеска во Штип. Тој, придружуван од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и од пратеникот Благој Бочварски, денеска  се сретна со работници и со сопственици на...

Поглаварот и владици на МПЦ побараа од Владата поддршка за решавање на проблемите

На средба која денеска премиерот Зоран Заев и министрите за внатрешни работи, за образование и за култура, Оливер Спасовски, Рената Дескоска и Роберт Алаѓозовски, ја имале со поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан, и со владиците Тимотеј, Наум и Климент, црковните великодостојници се пожалиле на бројни проблеми на црквата и побарале поддршка за нивно решавање, се вели во...

Милошоски: Собранието в петок да расправа за договорот со Бугарија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат од Владата и од Собранието в петок да биде закажана собраниска сендица на која би се расправало за договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Ова денеска на прес-конференција во Собранието го најави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој рече дека петочната седница, доколку се закаже, ќе биде добра можност владејачкото мнозинство и Владата...

Заев очекува МАНУ да биде дел од успешната приказна

На иницијатива на премиерот Зоран Заев, во Македoнската акaдемија на науките и уметностите (МАНУ) се одржала средба со претседателството и со раководителите на одделенијата на академијата, информираше Владата. Средбата, на која присуствувале и вицепремиерот Бујар Османи, министрите за правда и економија, Билен Саљији и Крешник Бектеши, како и високи раководители од неколку други министерства, како што рекол Заев, е за да...

Беса на Заев му вети поддршка за решенијата важни за граѓаните

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со претседателот на Беса и со двајца пратеници од партијата, при што добил уверување дека партијата ќе ги поддржи сите решенија што се во полза на граѓаните, информираа од Владата. На средбата, претседателот на Беса, Билал Касами, и пратениците Африм Гаши и Фадил Зендели, на Заев му го честитале преземањето на премиерската фунција, а...

Заев во Софија договара заеднички енергетски проекти и ново поврзување на гасоводите

Во наредните седмици Македонија и Бугарија ќе договараат меморандум за развој на енергетиката, а се разговара и за изградба на ново поврзување меѓу гасоводот на Бугарија и македонскиот гасовод. Тоа се две од побитните работи за кои во Софија денеска разговарале македонскиот премиер Зоран Заев и Теменушка Петкова, министерка за енергетика на Република Бугарија. На средбата, која се одржа на...